Second Life

Second Life (скратено SL) претставува Интернет виртуелен свет кој привлекува меѓународно внимание во медиумите кон крајот на 2006 година и почетокот на 2007.[1][2] Развиен од страна на Linden Lab, кодот на клиентскиот програм им овозможува на своите корисници, наречени "Граѓани", да имаат интерактивни дејства меѓу себе преку подвижни аватари. На овој начин дадени се на располагање напредни социјални мрежни услуги комбинирани со општите аспекти на метаверз. Граѓаните можат да вршат истражување, да се среќаваат со другите Граѓани, да се социјализираат, да земаат учество во индивидулани или групни активности, да креираат и тргуваат со добра (виртуелни добра) и да даваат услуги едни на други.


Second Life е еден од неколкуте виртуелни светови кои се инспирирани од cyberpunk движењето, посебно од новелата на Нил Стефенсон, Snow Crash. Прокламираната цел на Linden Lab е да создава свет каков што е Метаверз опишан од Стефенсон, универзален (свет) создаден од корисниците во кој луѓето можат да имаат взаемна интеракција, да се играат, да работат и секако да комуницираат.[3] Паричната виртуелна единица на Second Life е Линденски долар (Линден, или L$) и може да се размени со US долари. Размената се врши во заедничкиот пазарот на граѓаните и компаниите од реалниот живот.

Иако Second Life понекогаш се категоризира како игра, таму нема поени, резултати, победници или губитници, како ни стратегии, или било која позната карактеристика на игрите. Речиси 5 милиони кориснички имиња се регистрирани, многу од нив не се активни, а некои Граѓани имаат повеќе кориснички имиња. Некои пандани на Second Life се Active Worlds, There, и најновите Entropia Universe, Dotsoul Cyberpark, Red Light Center, и Kaneva.

Историја

Second Life е создадена од компанијата Linden Lab.[4] Почетната, алфа тест верзија, наречена LindenWorld, била создадена во 2002,[5] а бета верзијата била објавена во јавност 2003 година.[6] Бета верзиите имаат различен економски фокус од тековните верзии на Second Life; Линден доларите многу полесно се добивале, и не можеле да се разменат за реални пари, а месечната членарина не се зголемувала со зголемувањето на земјишниот посед со кои располагале Граѓаните.

Некои позначајни датуми за Second Life се:

Анализата на економијата на Second Life пред декември 2006, објавена во Гардијан, вели дека бројот на активни Граѓани бил околу 100,000, а степенот на откажување бил околу 85%.[12] Second Life статистиката покажува дека 144,108 потрошувачи тргуваат во виртуелниот свет, податок од декември 2006.[13]

Во февруари 2007, бројот на online Граѓани е помеѓу 17,000 (околу 10 часот UTC) и 35,000 (околу 22 часот UTC).[се бара извор]

Other Languages
العربية: سكندلايف
български: Second Life
brezhoneg: Eil buhez
català: Second Life
čeština: Second Life
Deutsch: Second Life
Ελληνικά: Second Life
English: Second Life
español: Second Life
Esperanto: Dua Vivo
euskara: Second Life
فارسی: زندگی دوم
føroyskt: Second Life
français: Second Life
hrvatski: Second Life
Bahasa Indonesia: Second Life
interlingua: Second Life
italiano: Second Life
עברית: Second Life
Latina: Second Life
latviešu: Second Life
lietuvių: Second Life
magyar: Second Life
Bahasa Melayu: Second Life
Nederlands: Second Life
日本語: Second Life
Plattdüütsch: Second Life
polski: Second Life
português: Second Life
română: Second Life
русский: Second Life
Simple English: Second Life
slovenščina: Second Life
svenska: Second Life
Türkçe: Second Life
українська: Second Life
Tiếng Việt: Second Life