Nine Inch Nails

Логото на Nine Inch Nails
Од лево кон десно: Напред: Џорди Вајт, Трент Резнор, Арон Норт; Назад: Алесандро Кортини, Џош Фриз.
Од лево кон десно:
Напред: Џорди Вајт, Трент Резнор, Арон Норт
Назад: Алесандро Кортини, Џош Фриз.
Информации
ПотеклоСАД
ЖанровиАлтернативен рок
Индастриал рок
Активни1988 - денес
ИздавачInterscope, Nothing, Island, TVT, Rykodisc
Веб-сајтwww.nin.com
Членови
Трент Резнор


Nine Inch Nails (Најн инч нејлс, превод од англиски: девет инчни шајки) или скратено NIN е американска индастриал рок група основана во 1988 од Трент Резнор во Кливленд, Охајо. Како нејзин главен продуцент, пејач, текстописец и инструменталист, Резнор е единствен официјален член на Nine Inch Nails и самиот е одговорен за нејзиното управување. Музиката на NIN опфаќа повеќе различни музички жанрови (синт поп, метал, електроника итн.), задржувајќи карактеристичен звук кој вклучува електронски инструменти и процесирање. По снимањето на нов албум, Резнор често собира група за живи настапи за да настапуваат со него; оваа група е различен ентитет од Nine Inch Nails од студиото каде се снима албумот. На сцената, NIN често употребуваат спектакуларни визеулни елементи, кои често кулминираат со уништување на нивните инструменти.

Андерграунд публиката топло ги прифатила Nine Inch nails во нивните почетни години. Групата ќе создаде неколку силно влијателни албуми во 90тите што ќе постигнат огромен успех: неколку песни на Nine Inch Nails ќе станат радио хитови, два албуми на NIN ќе добијат Греми награди, и групата ќе продате над дваесет милиони албуми ширум светот, со 10,5 милиони само во САД. Во 2004, Rolling Stone ги става Nine Inch Nails на 94то место на нивната листа на 100 најголеми рок артисти на сите времиња. Групата ќе има големо влијание на групите кои се појавиле во 90тите како Rammstein, Marilyn Manson, Stabbing Westward итн. Исто така, групата е заслужна за популаризацијата на индастриал музиката, дотогаш позната само на мал број обожаватели.

И покрај успесите, групата имала повеќе расправии со корпорациската страна на издавачката индустрија. Во 2007, Трент Резнор објави дека Nine Inch Nails ќе продолжат да издаваат музика независно од издавачките куќи.

Во минатото, NIN издавале поголеми студиски албуми со големи паузи меѓу нив, пополнети со ремикси и албуми во живо. Резнор тврди дека причината за ова се неговите лични проблеми, и неговите песни често опфаќаат темни самоиспитувања. Најновиот албум на Nine Inch Nails наречен Year Zero е исклучок од интроспективната природа на текстовите на Резнор и долгиот инкубационен период меѓу изданијата.

Наводи

Other Languages
asturianu: Nine Inch Nails
azərbaycanca: Nine Inch Nails
беларуская: Nine inch nails
беларуская (тарашкевіца)‎: Nine Inch Nails
български: Найн Инч Нейлс
brezhoneg: Nine Inch Nails
čeština: Nine Inch Nails
español: Nine Inch Nails
Esperanto: Nine Inch Nails
français: Nine Inch Nails
hrvatski: Nine Inch Nails
Bahasa Indonesia: Nine Inch Nails
íslenska: Nine Inch Nails
italiano: Nine Inch Nails
עברית: Nine Inch Nails
ქართული: Nine Inch Nails
Kiswahili: Nine Inch Nails
latviešu: Nine Inch Nails
lietuvių: Nine Inch Nails
Nederlands: Nine Inch Nails
oʻzbekcha/ўзбекча: Nine Inch Nails
Pangasinan: Nine Inch Nails
Piemontèis: Nine Inch Nails
português: Nine Inch Nails
română: Nine Inch Nails
русский: Nine Inch Nails
Simple English: Nine Inch Nails
slovenčina: Nine Inch Nails
slovenščina: Nine Inch Nails
српски / srpski: Nine Inch Nails
тоҷикӣ: Nine Inch Nails
Türkçe: Nine Inch Nails
українська: Nine Inch Nails
žemaitėška: Nine Inch Nails