Microsoft Windows

Microsoft Windows
Windows logo
Разработувач Microsoft Corporation
Семејство MS-DOS/ 9x-базирани, Windows CE, Windows NT
Работна состојба Јавно објавен
Изворен модел Затворен код / Поделен код
Лиценца MS- EULA
Портал www.microsoft.com/windows

Microsoft Windows е фамилија на оперативни системи, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Функционираат на различни типови на платформи како: сервери, персонални компјутери и мобилни уреди. Корпорацијата Мајкрософт најпрво ја претставила оперативната околина наречена Windows во ноември 1985 како надградба на МС-ДОС, одговор на растечкиот тренд на графички кориснички интерфејси популаризиран од страна на Apple. Microsoft Windows е дојден до степен на доминација во светот на персоналните компјутери, со проценка дека држат околу 90% од светскиот пазар на оперативни системи.

Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ Напредок на Microsoft Windows оперативен систем“.
Датум на издавање Име на продукт Моментална верзија/Build IE
ноември 1985 Windows 1.0 1.01 -
ноември 1987 Windows 2.03 2.03 -
март 1989 Windows 2.11 2.11 -
мај 1990 Windows 3.0 3.0 -
март 1992 Windows 3.1x 3.1 5
октомври 1992 Windows For Workgroups 3.1 3.1 5
јули 1993 Windows NT 3.1 NT 3.1 5
декември 1993 Windows For Workgroups 3.11 3.11 5
јануари 1994 Windows 3.2 3.2 5
септември 1994 Windows NT 3.5 NT 3.5 5
мај 1995 Windows NT 3.51 NT 3.51 5
август 1995 Windows 95 4.0.950 5.5
јули 1996 Windows NT 4.0 NT 4.0.1381 6
јуни 1998 Windows 98 4.10.1998 6
мај 1999 Windows 98 SE 4.10.2222 6
февруари 2000 Windows 2000 NT 5.0.2195 6
септември 2000 Windows Me 4.90.3000 6
октомври 2001 Windows XP NT 5.1.2600 8
март 2003 Windows XP 64-bit Edition 2003 NT 5.2.3790 6
април 2003 Windows Server 2003 NT 5.2.3790 8
април 2005 Windows XP Professional x64 Edition NT 5.2.3790 8
јули 2006 Windows Fundamentals for Legacy PCs NT 5.1.2600 8
ноември 2006 (лиценцирање)
јануари 2007 (во продажба)
Windows Vista NT 6.0.6002 8
јули 2007 Windows Home Server NT 5.2.4500 8
февруари 2008 Windows Server 2008 NT 6.0.6001 8
октомври 2009 Windows 7 NT 6.1.7100 8

Windows 1.0

Windows 1.0 е оперативен систем со 16 битно графичко опкружување, кој е објавен на 20 ноември 1985 година. Тоа беше прва проба на Microsoft да имплементира multi-tasking графички кориснички посредник заснован на оперативно опкружување на PC платформа.

Windows 2.0

Windows 3.0

Windows 1.0 (1985) и Windows 2.0 (1987) беа multitasking визуелна надградба на DOS (Disc Operating System) Windows 3.0, поточно 3.1х беше најкористен од сите три верзии.

Windows NT

Windows 95

Во Windows 95 за прв пат Windows е одделен од зависноста од DOS Многу работи се променети и се воведува taskbar (START menu).

Windows 98

Оваа верзија на Windows беше пуштена на пазарот на 25 јуни 1998. Кодно име на верзијата беше Memphis, и пред излегувањето беше познат како Windows 97. Овој оперативен систем можеше да работи на 16 или 32 битна платформа. За овој Windows беше доста познат Blue Screen of Death кој најчесто се појавуваше при критични грешки во јадрото на оперативниот систем или проблем со некој од паралелните направи. Едиции од овој Windows се:

Издание Верзија Дата на издавање Вклучена верзија на Internet Explorer
Windows 98 4.10.1998 25 јуни, 1998 4.0
Windows 98 Second Edition 4.10.2222 5 мај, 1999 5.0

Windows ME

Windows Me (Windows Millenium) е пуштен на продажба на 14 Септември, 2000 година. Тој работи на 16/32 битен компјутер. Но оваа верзија не е толку користена, бидејќи одма после неколку месеци Windows 2000 дојде на светот.

Windows 2000

Win2000 logo.png

Оваа верзија на Windows е објавена на 17 февруари 2000 година. Windows 2000 е продолжение на Windows NT серијата на оперативни системи, заменувајќи го Windows NT 4.0. Овој оперативен систем беше именуван како NT 5.0 потоа Windows NT 2000 и Microsoft го смени името во Windows 2000.

Windows XP

Во моментов, најкористена верзија кај персоналните компјутери е Windows XP, пуштен во употреба во октомври 2001 година, верзија градена врз Windows NT јадрото, која го задржува полесниот кориснички пристап од верзиите на Windows 95 и неговите следбеници. Се појавува во две различни верзии, домашна (Home) и професионална (Professional), каде во домашната недостига зголемената сигурност и мрежни карактеристики свејствени за професионалната верзија. Во април 2003, бил претставен Windows Server 2003, кој ја заменува серијата на серверски продукти Windows 2000, со голем број на нови карактеристики и зголемена важност на сигурноста. Во исчекување сме на појавувањето на новите производи Windows Vista и Windows Server Longhorn, наследниците на Windows XP и Windows Server 2003, соодветно. Иако првични верзии на Windows Vista се пуштени за проба кај корисниците, нивниот развој сѐ уште не е на задоволително ниво за да бидат пуштени на пазарот.

Windows Vista

Windows Vista

Windows Vista е линија на оперативен систем развиен од страна на компанијата Windows Vista беше познат под своето кодно име „ Longhorn“. Развојот на овој оперативен систем е завршен на 8 ноември 2006, три месеци беше достапен на компјутерските произведувачи на софтвер и хардвер, бизнис корисници и малопродажни канали. На 30 јануари 2007 беше достапен низ целиот свет за купување и симнување од страната на Windows Vista е издаден после 5 години откако беше издаден Windows XP, најдолг временски период на издавање на Windows оперативните системи.

Windows Vista содржи голем број измени и нови функции, вклучувајќи го и надградениот кориснички посредник и визуелен стил наречен Windows Aero, напреден Windows Vista вклучува и 3.0 верзија на .NET Framework, софтверот им дозволува на програмерите пишување на програми без традиционалниот Windows API.

Додека овие нови фукции и подобрувања на безбедноста насобраа многу позитивни реакции, Vista истотака беше мета на многу негативни критики. Најголема критика за Windows Vista системот беше големи системски побарувања, права на лиценцирање, недостаток на компатибилност со некои pre-Vista хардвери и софтвери, голем број дозволи за контрола на корисничкиот компјутер.


Windows 7

Windows 7 е најновата верзија на оперативниот систем Microsoft Windows, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Оперативниот систем е направен за персонални компјутери, лап-топи, таблет персонални компјутери и медија центар компјутери. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за офицјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за сервери. За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.


При крајот на мај 2009, според статистиките, Windows Vista е втор најкористен оперативен систем на интернет со 24,35%, додека накористен оперативен систем е Windows XP со 61,54%.

Other Languages
অসমীয়া: ৱিণ্ড'জ
azərbaycanca: Microsoft Windows
Bân-lâm-gú: Microsoft Windows
беларуская: Windows
беларуская (тарашкевіца)‎: Microsoft Windows
български: Microsoft Windows
corsu: Windows
Ελληνικά: Microsoft Windows
føroyskt: Windows
ગુજરાતી: વિન્ડોઝ
hornjoserbsce: Windows
Bahasa Indonesia: Microsoft Windows
interlingua: Microsoft Windows
עברית: Microsoft Windows
ქართული: Microsoft Windows
қазақша: Microsoft Windows
Кыргызча: Microsoft Windows
Lëtzebuergesch: Microsoft Windows
Limburgs: Windows
la .lojban.: la canko
lumbaart: Windows
magyar: Windows
მარგალური: Microsoft Windows
Bahasa Melayu: Microsoft Windows
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Microsoft Windows
монгол: Microsoft Windows
Dorerin Naoero: Microsoft Windows
Nederlands: Microsoft Windows
norsk nynorsk: Microsoft Windows
occitan: Windows
oʻzbekcha/ўзбекча: Microsoft Windows
Plattdüütsch: Microsoft Windows
português: Microsoft Windows
Qaraqalpaqsha: Microsoft Windows
Ripoarisch: Microsoft Windows
Runa Simi: Windows
русиньскый: Microsoft Windows
русский: Windows
саха тыла: Microsoft Windows
Simple English: Microsoft Windows
slovenčina: Microsoft Windows
slovenščina: Microsoft Windows
Soomaaliga: Microsoft Windows
srpskohrvatski / српскохрватски: Microsoft Windows
татарча/tatarça: Microsoft Windows
తెలుగు: విండోస్
тоҷикӣ: Microsoft Windows
українська: Microsoft Windows
vepsän kel’: Microsoft Windows
Tiếng Việt: Microsoft Windows
West-Vlams: Windows
吴语: 微软视窗
ייִדיש: Windows
žemaitėška: Microsoft Windows