Jmol
English: Jmol

Jmol
J(S)mol logo 2013.svg
Jmol screenshot streptavidin.png
Тридимензионално структурно претставување на стрептавидин со Jmol
ПрограмериРазвојна екипа на Jmol
Првично издание2001; пред 17 години (2001)
Развојна состојбаАктивен
Прог. јазикЈава
Опер. системповеќеплатформски
ПодлогаСистеми со Јава и прелистувачи без Јава
ЈазициКаталонски, кинески, чешки, дански, холандски, англиски,француски, германски, унгарски, индонезиски, италијански, корејски, португалски, шпански, турски, украински[1]
ВидМолекуларно моделирање
ЛиценцаLGPL 2.0
jmol.org

Jmol — компјутерски софтвер за молекуларно моделирање на хемиските структури во 3-димензии.[2] Jmol дава 3D претстава на молекула и може да се користи како образовна програма,[3] или пак како истражувачка програма на пр., во хемијата и биохемијата.Напишана е во програмскиот Јава, па може да работи на оперативниот систем Виндоус, Мекинтош, Линукс и Уникс, доколку на истите и инсталиран пакетот Јава. Станува збор за слободен софтвер објавен под лиценцата GNU Lesser General Public License (LGPL) верзија 2.0. Постојат самостојна апликација и развоен софтверски пакет, кои можат да бидат надоградени со други Јава апликации, како што се Биоклипс и Таверна.

Позната карактеристика на програмот е што може да биде вграден во мрежни странициза да ги прикаже молекулите на најразлични начини.На пример, молекулите може да се претставуваат како моделите топче и стап, просторен модел, јамчест дијаграм, и.т.н.[4]Jmol поддржува широк спектар на хемиски податочни формати, вклучувајќи Protein Data Bank (pdb), Crystallographic Information File (cif), MDL Molfile (mol), и Chemical Markup Language (CML). Постои исто така и самостојна верзија JavaScript во (HTML5), JSmol, која може да се користи на компјутери без Јава.[5]

Програмата Jmol, меѓу другите можности, нуди алтернатива на приклучокот Chime,[3] кој повеќе активно не се развива. Иако Jmol има многу особенсоти кои му недостасуваат на Chime, не ги содржи сите способности на, особено, модот Sculpt. Chime побарува приклучна инсталација и Интернет Експлорер 6.0 или Фајерфокс 2.0 на Микрософт Виндоус, или Нетскејп Кумуникатор 4.8 на Мекинтош 9. Jmol побарува инсталација на Јава и може да се користи на бројни оперативни системи. На пример, Jmol е целосно функционален на Фајрфокс, Интернет Експлорер, Опера, Гугл Хром и Сафари.


Other Languages
العربية: جمول
català: Jmol
Deutsch: Jmol
Ελληνικά: Jmol
English: Jmol
español: Jmol
فارسی: جی‌مول
français: Jmol
galego: Jmol
Bahasa Indonesia: Jmol
italiano: Jmol
日本語: Jmol
português: Jmol
русский: Jmol
Scots: Jmol
српски / srpski: Jmol
srpskohrvatski / српскохрватски: Jmol