BWV

BWV (кратенка од гер. Bach-Werke-Verzeichnis, „Каталог на Баховите дела“) — систем на класификација на музички дела од Јохан Себастијан Бах во кој тие се групирани тематски, а не хронолошки. BWV-броевите биле смислени од Волфганг Шмидер во 1950, во каталог со наслов Thematisch-systematisches Verzeichnis der musikalischen Werke von Johann Sebastian Bach. Овие броеви се користат насекаде и се прифатени како стандардно набројување на Баховите дела. На пример „ Миса во Х-мол“, BWV 232, компонирана во 1733. Понекогаш BWV-броевите се нарекуваат и Шмидерови броеви. Стари изданија ги обележуваат броевите како S. 232.

Овој каталог е ажуриран неколку пати, т.е. со отстранување на дела со несигурно авторство, додавање на новооткриени дела и тн. Ове ажурирани каталози се печатат: изданието од 1990 излегло како ISBN 3-7651-0255-5.

Тематски каталог

За разлика од хронолошки подредените каталози на други композитори, Шмидеровиот каталог на делата на Бах е подреден по вид на дело, наречен тематски каталог: најпрвин доаѓаат хорските дела, па тие за органа, потоа други клавијатурни дела и тн. поради ова, низок BWV-број не е знак за старост на делото.

Шмидер избрал тематска, наместо хронолошка каталогизација од разни причини, од кои двете најважни се:

  • Многу од Баховите дела се со несигурно датирање. Дури и ако на партитурата има датум, ова може да значи година на пресликување, преработка и сл. Но од времето на Шмидер работите се смениле, и одтогаш стручњаците имаат утврдено веројатна или сигурна година за многу дела (видете подолу).
  • Баховото здружение издава дела од Бах уште од 1851; овие постоечки изданија ги подредувале делата на Бах по жанр (или музичка форма), па така подредувањето по тематика било полесно и во согласност со воспоставената практика.
Other Languages
български: BWV
čeština: BWV
dansk: BWV
한국어: BWV
hrvatski: BWV
norsk nynorsk: Bach-Werke-Verzeichnis
português: BWV
română: BWV
русский: BWV
Simple English: Bach-Werke-Verzeichnis
suomi: BWV
svenska: BWV
українська: BWV
Tiếng Việt: BWV