Шаховски часовник

Аналоген шаховски часовник

Шаховскиот часовник се состои од два меѓусебно поврзани часовници со едно копче, со чиешто притискање започнува со отчукување едниот, а се стопира другиот, со што поврзаните часовници никогаш не може да работат истовремено. Целта на часовникот е да го мери вкупното време, коешто секој играч оделно го потрошил за време на играта и да осигури дека играта нема да се одолговлекува.

Ваквите часовници, најчесто се користат во шахот, по кои и го добиле името, но се употребуваат и во некои други игри со двајца играчи, како скребл, шоги и го.

За прв пат, шаховските часовници биле употребувани на шаховски турнир во Лондон во 1883 година.[1] Оттогаш, часовниците станале редовен дел од турнирските партии, а на турнирите честа е и практиката, шахистот кој партијата ја игра со црни фигури да одбере на која страна сака часовникот да биде поставен.

Доколку времето предвидено за игра истече, шахистот ја губи партијата, што исто така не е ретко во шаховската практика.

Other Languages
العربية: ساعة الشطرنج
azərbaycanca: Şahmat saatı
čeština: Šachové hodiny
dansk: Skakur
Deutsch: Schachuhr
eesti: Malekell
English: Chess clock
한국어: 대국 시계
עברית: שעון שחמט
Nederlands: Wedstrijdklok
日本語: 対局時計
norsk: Sjakkur
norsk nynorsk: Sjakklokke
português: Relógio (xadrez)
slovenščina: Šahovska ura
српски / srpski: Шаховски сат
srpskohrvatski / српскохрватски: Šahovski sat
svenska: Schackklocka
Türkçe: Oyun saati
українська: Шаховий годинник
中文: 棋鐘