Шарл IV

Шарл IV
Крал на Франција и Навара
Гроф од Шампањ
Шарл IV
Владеење20 ноември 1316 - 3 јануари 1322
ПочивалиштеВо базиликата Сен Дени, Франција
ПретходникФилип V
НаследникФилип VI
ПридружникБланка Бургундска
Марија Луксембуршка
Јована од Евро
ДецаБланка Орлеанска, војвотка од Орлеан
ДинастијаКапети
ТаткоФилип IV
МајкаЈована I Наварска

Шарл IV, наречен Убавиот (роден на 18 јуни 1294 во Клермон - починал на 1 февруари 1328 во Венсен) бил последниот крал на Франција од Капетинската династија. Тој бил и крал на Навара и гроф од Шампањ. Шарл бил третиот и најмал син на кралот Филип IV и Јована I Наварска.

Владеење

За време на неговото владеење избила војната против Англија за Аквитанија. Шарл започнал да гради тврдина во Сен Сардос, во англискиот дел на Аквитанија. Потиснати од Англичаните, локалните земјопоседници го запалиле селото, што претставувало повод за војната. Неговата помала сестра, Изабела, која била жена на англискиот крал Едвард III Плантагенет посредувала во решавање на спорот во 1325 година. По посредството, одбила да му се врати на сопругот.

Како за возврат, во 1326 и 1327 година, Шарл ѝ помогнал на својата сестра Изабела против нејзиниот сопруг Едвард II.

Во време на владеењето на кралот Шарл IV биле зголемени даноците, а зачестено било и конфискувањето на имотите на непријателите на кралот.

Other Languages
العربية: شارل الرابع
беларуская: Карл IV Прыгожы
български: Шарл IV
eesti: Charles IV
한국어: 샤를 4세
Simple English: Charles IV of France
српски / srpski: Шарл IV
srpskohrvatski / српскохрватски: Charles IV od Francuske
Türkçe: IV. Charles
українська: Карл IV Красивий
Tiếng Việt: Charles IV của Pháp