Чикаго (филм)

„Чикаго“
Чикаго (филм) - плакат.jpg
Филмскиот плакат
Режисер Роб Маршал
Продуцент Боб Вејнстејн
Харви Вејнстејн
Крег Зедан
Мартин Ричардс
Сценарист Маурин Ваткинс
Боб Фоси
Бил Кондон
Настапуваат Рене Зелвегер
Кетрин Зита-Џонс
Ричард Гир
Квин Латифа
Џон Рејли
Кристин Барански
Тај Дигс
Луси Лу
Музика Дени Елфмен
Кинематографија Дион Биби
Монтажа Мартин Валш
Дистрибутер „ Miramax Films“
Премиера 27 декември, 2002
Времетраење 113 минути
Држава   САД
Јазик Англиски
Буџет $45 милиони
Бруто заработка $306.776.732 [1]

Чикаго ( англиски: Chicago) е мјузикл од 2002 година издаден од издавачката куќа „Miramax Films“. Филмот првпат почнал да се прикажува на 27 декември, 2002 во ограничен број на градови, а пошироко почнал да се прикажува на 24 јануари, 2003. Филмот е адаптација на сатиричниот театарски мјузикл, истражува теми на гламурот и скандалот во Чикаго во ерата на џезот. Режисер и кореограф на филмот е Роб Маршал, а адаптацијата за филм е напишана од Бил Кондон. Филмот Чикаго има освоено шест Оскари во 2003 вклучувајќи и оскар за најдобар филм. Овој филм е првиот мјузикл што ја добил наградата најдобар филм по филмот Оливер! во (1968).

Дејствието на Чикаго се врти околу Велма Кели и Рокси Харт, двете осудени за убиство кои чекаат смртна казна во Чикаго од 1920-тите. Велма, која професионално игра во водвиљ, и Рокси, домаќинка со аспирации да биде ѕвезда, се борат за слава која ќе ги држи подалеку од гилотината. Во филмот глумат Кетрин Зета-Џонс, Рене Зелвегер и Ричард Гир.

Приказна

Чикаго, околу 1920 година. Наивната Рокси Харт ( Рене Зелвегер) оди во посета на ноќен клуб каде настапува Велма Кели ( Кетрин Зета-Џоунс), во надеж дека нејзиното момче Фред Касли ќе ѝ најде ангажман како ѕвезда во водвиљот („Сиот тој џез“). По настапот, Велма е уапсена за убиство на нејзиниот неверен сопруг, бидејќи спиел со нејзината сестра Вероника. Откако Рокси сфаќа дека Фред нема да ѝ помогне да влезе во шоу-бизнисот, во момент на бес таа го убива и се обидува дека го намести нејзиниот простодушен сопруг Ејмос. Двете девојки го привлекуваат вниманието на медиумите, но освен за насловните страници на весниците, тие се борат и за наклоноста на нивниот заеднички адвокат познатиот Били Флин (го игра Гир). И покрај ова, полицијата не наседнува на трикот и Рокси е уапсена и испратена во затворот на округот Кук. [2] [3]

Other Languages
العربية: شيكاغو (فيلم)
azərbaycanca: Çikaqo (film, 2002)
български: Чикаго (филм, 2002)
bosanski: Chicago (film)
čeština: Chicago (film)
Ελληνικά: Σικάγο (ταινία)
hrvatski: Chicago (2002.)
Bahasa Indonesia: Chicago (film)
latviešu: Čikāga (filma)
Bahasa Melayu: Chicago (filem 2002)
Nederlands: Chicago (2002)
српски / srpski: Чикаго (филм)
srpskohrvatski / српскохрватски: Chicago (film, 2002)
українська: Чикаго (фільм)