Часовен агол

Часовен агол — во астрономијата и небесната навигација е една од координатите кои се користат кај екваторскиот координатен систем за да се одреди насоката на точка на небесната сфера.Часовниот агол на една точка е аголот меѓу две рамнини: во една од нив се содржани Земјена оска и зенит ( меридијанска рамнина), додека пак во другата се содржани Земјена оска и одредена точка (часовен круг кој минува низ таа точка).

Гледана одозгора земјениот северен пол, ѕвездениот локален часовен агол за набљудувач близу Њу Јорк (црвено). Исто така се прикажани и Ректасцензијата и часовниот агол кај Гринич, локално ѕвездено време и ѕвезденото време во Гринич. Со ознаката ʏ се означува насоката на верналовата рамноденица.

Аголот може да се изрази како спротивна насока (негативна) од исток на меридијанска рамнина и во насока на од запад (позитивна) на меридијанската рамнина, или позитивно од запад од 0° до 360°. Аголот може да се мери во степени или во време со 24ч ко се еднакви на 360°.

Во астрономијата, часовниот агол се дефинира како аголно растојание на небесната сфера мерена западно по должина на небесниот екватор за меридијанот до часовниот круг кој минува низ точката t.[1] Може да се мери како времеили вртежи во зависност од намената.Во небесната навигација, погодно е да се мери во степени западно по нултиот меридијан, локалниот меридијан или првата точка од Овен.

Часовниот агол е во пар со деклинацијата за целосно да се одреди насоката на точката на небесната сфера во екваторијалниот координатен систем.[2]

Other Languages
asturianu: Ángulu horariu
català: Angle horari
čeština: Hodinový úhel
dansk: Timevinkel
Deutsch: Stundenwinkel
eesti: Tunninurk
Ελληνικά: Ωρική γωνία
English: Hour angle
español: Ángulo horario
français: Angle horaire
hrvatski: Satni kut
italiano: Angolo orario
Nederlands: Uurhoek
日本語: 時角
norsk: Timevinkel
norsk nynorsk: Timevinkel
português: Ângulo horário
slovenčina: Hodinový uhol
slovenščina: Časovni kot
srpskohrvatski / српскохрватски: Satni kut
suomi: Tuntikulma
svenska: Timvinkel
中文: 時角