Централноафриканска Република

Оваа статија е за независната држава во Африка. За африканскиот регион со исто име видете „Централна Африка“.
Централноафриканска Република
République centrafricaine
Ködörösêse tî Bêafrîka
Знаме Грб
Гесло"Unité, Dignité, Travail"  (француски)
"Единство, гордост, работа"
ХимнаE Zingo  (санго)
La Renaissance  (француски)
Ренесанса

Главен град
(и најголем)
Банги
Службен јазик француски
санго
Народности  Гбајанци 33%
Банданци 27%
Манџанци 13%
Сарани 10%
Мбоуми 7%
Мбакани 4%
Јакомани 4%
други 2%
Демоним Централноафриканец
Уредување република
 •  Претседател Франсоа Возизе
 •  Премиер Фостин-Аршанж Туадера
Законодавство Собрание
Независност
 •  од Франција 13 август 1960 
Површина
 •  Вкупна  (43-та)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2009 г. 4,422,000[1] (124-та)
 •  Попис 2003 3,895,150 
 •  Густина 7.1 жит/км2 (223-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011 г.
 •  Вкупен $3.641 милијарди[2] 
 •  По жител $767[2] 
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 •  Вкупно $2.165 милијарди[2] 
 •  По жител $456[2] 
Џиниев коеф. (2008)56.3[3]
висок
ИЧР (2011)0.343
низок · 179-та
Валута ЦФА франк (XAF)
Часовен појас WAT (UTC+1)
 •  (ЛСВ) н.п. (UTC+1)
Се вози на десно[4]
НДД .cf
Повик. бр. 236

Централноафриканската Република (француски: République centrafricaine, санго: Ködörösêse' 'tî Bêafrîka), позната и само како Централна Африка или под скратеницата ЦАР, е независна држава во Централна Африка. Државата се граничи со Чад на север, со Судан на североисток, со Јужен Судан на исток, со ДР Конго и Република Конго на југ и со Камерун на запад. Централноафриканската Република има вкупна површина од 240,000 километри квадратни и со население од околу 4.4 милиони жители, според проценките за 2008 година. Главен град на државата е Банги, официјални јазици се францускиот и санго и најголема религија во земјата е христијанството.

Повеќето од територијата на ЦАР е покриена со суданско-гвинејско савани. Во северниот дел на земјата има сахелско-суданска зона, а во јужниот дел на земјата има екваторски прашуми. Две третини од земјата е дел од басенот на реката Убанги, која тече кон југ кон реката Конго. Остатокот од земјата е дел од басенот на реката Шари, која тече северно кон езерото Чад.

Бидејќи главните географски карактеристики во земјата се реките Убанги и Шари, за време на колонијалниот период Франција ја именувала колонијата како Убанги-Шари (Oubangui-Chari). Убанги-Шари станала полуавтономна територија во 1958 година, а се стекнала со целосна независност на 13 август 1960 година. Три децении по независноста, државата била управувана од претседатели и еден император кои или не биле демократски избрани или ја зазеле власта насилно. Локалното незадоволство било поддржано од меѓународната јавност по завршувањето на Студената војна.

Other Languages
Bahasa Banjar: Ripublik Aprika Tangah
беларуская (тарашкевіца)‎: Цэнтральна-Афрыканская Рэспубліка
Chavacano de Zamboanga: República Centroafricana
davvisámegiella: Gaska-Afrihká dásseváldi
eʋegbe: Titina Afrika
客家語/Hak-kâ-ngî: Chûng-fî Khiung-fò-koet
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: মধ্য আফ্রিকা
Bahasa Indonesia: Afrika Tengah
Kabɩyɛ: Santrafriki
kernowek: Centrafrika
Kreyòl ayisyen: Repiblik santafrik
Limburgs: Centraal Afrika
lingála: Santrafríka
Lingua Franca Nova: Sentrafrica
Bahasa Melayu: Republik Afrika Tengah
Baso Minangkabau: Republik Afrika Tangah
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Dṳ̆ng-hĭ Gê̤ṳng-huò-guók
Dorerin Naoero: Ripubrikin Aprika Yugaga
Norfuk / Pitkern: Sentril Afrekan Repablik
occitan: Centrafrica
oʻzbekcha/ўзбекча: Markaziy Afrika Respublikasi
qırımtatarca: Merkeziy Afrika
Sesotho sa Leboa: Central African Republic
Simple English: Central African Republic
srpskohrvatski / српскохрватски: Srednjoafrička Republika
vepsän kel’: Keskafrikan Tazovaldkund
Tiếng Việt: Cộng hòa Trung Phi
Volapük: Zänoda-Frikop
文言: 中非