Хромозом

Морфологија на метафазен хромозом.
Дијаграм на бројот на хромозоми и базни парови кај секој човечки хромозом.

Хромозомите (од грчки chroma - боја) се основни носители на наследните својства кај живите организми. Нив ги има во 2 форми - спирализирана и деспирализирана, во зависност од тоа во кој степен од клеточната делба се набљудуваат. Кај бактериите и археите, хромозомите се состојат од едноставни кружни ДНК молекули кои се движат слободно во организмот (т.е. клетката), додека кај сите други форми на живот ( еукариоти), хромозомите се наоѓаат во клеточното јадро. Исто така, кај еукариотите, формата на овие структури е линеарна, а не кружна.

Составни елементи на хромозомите се: хроматидите, хромонемите, хромомерите, центромерот (примарно стеснување), сателитот (секундарно стеснување), теломерите и матрицата. Кај телесните човечки клетки има 46 ( диплоиден број) хромозоми, додека кај половите има 23 ( хаплоиден број).

Вкупниот збир на хромозомите во една клетка, кој е карактеристичен за даден организам, се нарекува кариотип. Во телесните клетки на речиси сите растенија, животни, габи и останати организми постојат хромозомски парови - еден хромозом од мајката и еден од таткото. Ваквите хромозоми се нарекуваат хомологни, додека збирот од хомологните хромозоми го дава диплоидниот хромозомски број. Во кариотиповите на разделнополовите организми има еден или неколку парови на полови хромозоми, кои кај одделните полови се разликуваат по морфологијата. Останатите, неполови хромозоми, се нарекуваат автозоми. Кај цицачите, во половите хромозоми, се локализирани гени кои го определуваат полот на организмот, додека кај винската мушичка (Drosophila melanogaster), полот го определува соодносот помеѓу половите хромозоми и автозомите ( балансна теорија за определување на полот).

Истражување на хромозомите

  • 1841: Хромозомите ги открива Карл Вилхем фон Негел;
  • 1869: Фридрих Мишер ја открива ДНК;
  • 1889: Вилхелм фон Валдејер им го дава името на хромозомите, што во превод од грчки значи „обоено тело“ бидејќи интензивно се бојат со базични бои;
  • 1910: Томас Хант Морган открива дека хромозомите се носители на гените;
  • 1943: Освалд Овери, Ц. Меклод и М. Мекарти откриваат дека ДНК е наследниот материјал;
  • 1953: Џејмс Дјуи Вотсон и Френсис Хери Комптон Крик ја откриваат градбата на ДНК;
  • 1966: Северо Охоа го завршува генетскиот код;
  • 1972: Д. Џексон, Р. Сајмон и П. Берг ја создаваат првата вештачка молекула;
  • 1973: Џ. Бојер и С. Коен клонираат бактерии;
  • 1977: Фредерик Сангер го открива секвенционирањето на ДНК;
  • 1978: Добивање на човечки протеин во бактерија;
  • 1981: Првата пренатална дијагноза;
  • 1982: Создавање на првите трансгенски организми;
  • 1983: Првото секвенционирање на целосни геноми;
  • 2001: Секвенционирање на човечкиот геном.

Најпрво хромозомите (од страна на германскиот научник В. Валдејер) биле опишани како телца кои интензивно се боеле со базични бои. Се покажало и дека хромозомите ја менуваат својата форма во текот на клеточната делба. Основата на хромозомите во секоја фаза од клеточната делба ја чинат хромонемите - нишковидни структури кои се најспирализирани на крајот од делбата, додека во клетките кои не се делат тие се деспирализирани. Во периодот меѓу две клеточни делби (односно период на интерфаза), деспирализацијата продолжува, со што хромозомите се речиси невидливи под светлосен микроскоп. Морфологијата на хромозомите кај еукариотите е суштествено различна од прокариотите и вирусите. Последните содржат најчесто еден линеарен или кружен хромозом. Хромозомитте се изградени од една сложена белковинеста материја, составена од дезоксирибонуклеинска киселина-ДНК,во која се сместени наследните особини. Хлоандскиот научник Јохансен ги нарекол гени.

Other Languages
Afrikaans: Chromosoom
Alemannisch: Chromosom
العربية: كروموسوم
asturianu: Cromosoma
azərbaycanca: Xromosom
تۆرکجه: کوروموزوم
Bân-lâm-gú: Jiám-sek-thé
беларуская: Храмасома
български: Хромозома
bosanski: Hromosom
brezhoneg: Kromozom
català: Cromosoma
čeština: Chromozom
Cymraeg: Cromosom
dansk: Kromosom
Deutsch: Chromosom
eesti: Kromosoom
Ελληνικά: Χρωμόσωμα
English: Chromosome
español: Cromosoma
Esperanto: Kromosomo
euskara: Kromosoma
فارسی: کروموزوم
français: Chromosome
Frysk: Gromosoom
Gaeilge: Crómasóm
galego: Cromosoma
客家語/Hak-kâ-ngî: Ngiam-set-thí
한국어: 염색체
Հայերեն: Քրոմոսոմ
हिन्दी: गुण सूत्र
hrvatski: Kromosomi
Bahasa Indonesia: Kromosom
isiXhosa: I-chromosome
íslenska: Litningur
italiano: Cromosoma
עברית: כרומוזום
Basa Jawa: Kromosom
ქართული: ქრომოსომა
Kiswahili: Chembeuzi
Kreyòl ayisyen: Kwomozòm
Kurdî: Kromozom
Кыргызча: Хромосомалар
Latina: Chromosoma
latviešu: Hromosoma
lietuvių: Chromosoma
lumbaart: Cromusoma
magyar: Kromoszóma
मराठी: गुणसूत्र
Bahasa Melayu: Kromosom
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Niēng-sáik-tā̤
монгол: Хромосом
မြန်မာဘာသာ: ခရိုမိုဆုမ်း
Nederlands: Chromosoom
नेपाली: गुणसूत्र
日本語: 染色体
Nordfriisk: Kromosoom
norsk: Kromosom
norsk nynorsk: Kromosom
occitan: Cromosòma
олык марий: Хромосом
oʻzbekcha/ўзбекча: Xromosomalar
ਪੰਜਾਬੀ: ਗੁਣਸੂਤਰ
پنجابی: کروموسوم
polski: Chromosom
português: Cromossomo
română: Cromozom
русский: Хромосома
Scots: Chromosome
shqip: Kromozomi
Simple English: Chromosome
slovenčina: Chromozóm
slovenščina: Kromosom
کوردی: کرۆمۆسۆم
српски / srpski: Хромозом
srpskohrvatski / српскохрватски: Kromosom
Basa Sunda: Kromosom
suomi: Kromosomi
svenska: Kromosom
Tagalog: Kulaylawas
татарча/tatarça: Хромосома
తెలుగు: వారసవాహిక
тоҷикӣ: Хромосома
Türkçe: Kromozom
українська: Хромосома
Tiếng Việt: Nhiễm sắc thể
Winaray: Kromosoma
ייִדיש: כראמאזאם
Yorùbá: Krómósómù
粵語: 染色體
中文: 染色体