Хипноза

Сеанса од хипноза“, слика на Ричард Берг
Видеоснимка од хипноза, Абнормална психологија (1938)

Хипнозата е ментална состојба (теорија на свесна состојба) или видови на однесувања (теорија на несвесна состојба) најчесто поттикната со постапка позната како хипнотичка индукција, која обично се состои од серија на претходни инструкции и сугестии. Хипнотичките сугестии може да ги зададе хипнотизер во присуство на субјектот („хетеро-сугестија“), или може да бидат самоуправувани („само-сугестија“ или „автосугестија“). Примената на хипнотизам за терапевтски цели се нарекува „ хипнотерапија“.

Зборовите „хипноза“ и „хипнотизам“ потекнуваат од поимот „невро-хипнотизам“ (нервно спиење) кој го создал шкотскиот лекар и хирург Џејмс Брајд околу 1841 година, за да направи разлика меѓу својата теорија и практика и оние кои ги развил Франц Антон Месмер и неговите следбеници („ месмеризам“ или „ животински магнетизам“).

Иако има популарно недоразбирање дека хипнозата е форма на несвест која што наликува на спиење, современите истражувања покажуваат дека таа е всушност будна состојба со фокусирано внимание [1] и зголемена сугестивност, [2] а со намалена свесност за околината. [3] Во првата книга за субјектот, Неврипнологија од 1843 година, Брајд го опишува „хипнотизмот“ како состојба на физичко олабавување („нервно спиење“), придружено со и поттикнато од ментална концентрација („отсутност“). [4]


Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ Историја на хипнозата“.

Претходници

Според неговите записи, Брајд почнал да добива извештаи во врска со примената на различни ориентални техники за медитација, веднаш по издавањето на неговата значајна книга за хипнотизмот, Неврипнологија (1843) Брајд најпрво расправа за претходниците на хипнотизмот во неколку статии и тоа Магија, Месмеризам, Хипнотизам, итн., земени предвид од историска и психолошка гледна точка. Повлекува аналогии помеѓу неговата практика на хипнотизам и различни форми на медитација при изведување на Хинду-јога и други древни спиритуални практики. Интересот на Брајд за медитацијата всушност се развил, кога тој го проучил Дабистан-и Мазахиб („Училиште за религии“), што претставува древен персиски текст кој опишува различни ориентални религиски практики.

Последниот мај 1843 год., еден господин кој престојуваше во Единбург, а долго престојувал во Индија и кого јас лично не го познавав, ме фаворизираше мене во еден запис во кој изразува пофалба за ставовите кои ги издадов во врска со природата и последиците на хипнотичките и хипнотизерските појави. Како поткрепа на моите ставови, тој упати на нешто на што претходно бил сведок во ориенталните региони, и ми препорача да погледнам во „Дабистан“, книга која неодамна била издадена, и која преставува дополнителен доказ на истиот ефект. На негова препорака веднаш нарачав копија од „Дабистан“, во која најдов тврдења кои го поткрепуваат истиот факт, дека источните светци се сите само-хипнотизери кои применуваат средства што се во суштина исти со оние кои јас ги препорачав за слични цели. [5]

Иако расправа за религиската интерпретација на појавите во оваа статија и во другите негови записи, Брајд ги искористува овие објаснувања на ориенталната медитација како доказ дека ефектите од хипнотизмот можат да се достигнат насамо, без присуство на магнетизер, и според тоа го зема ова како доказ дека вистинскиот претходник на хипнотизмот треба да се бара во древните практики на медитација, а не во скорашната теорија и практика на месмеризмот. Како што напишал подоцна:

Штом пациентите можат сами да западнат во нервно спиење, и да ги манифестираат сите карактеристични појави на месмеризмот, без нивните напори да бидат потпомпогнати, како што јас повеќепати докажав со тоа што ги наведов да задржат истраен, фиксиран поглед во која било точка, со тоа што ја концентрираат својата цела ментална енергија на мислата за предметот во кој гледаат; или истото може да се постигне ако пациентот гледа во точка од својот прст, или како што свештениците во Персија и јога-инструкторите во Индија практикувале во последните 2400 год., за религиозни цели, да западнат во занесен транс со задржување на истраен, фиксиран поглед на врвот од носот; очигледно е дека нема потреба од егзотерично влијание за да се предизвика појавата месмеризам. … Главната цел на овие процеси е да се поттикне отсутност или концентрирање на вниманието, со што субјектот е целосно задлабочен во една мисла, или во тек на мисли, додека е несвесен или индиферентно свесен за секој друг предмет, цел или акција. [6]

Франц Месмер

Франц Месмер сметал дека постои магнетска сила или „течност“ во универзумот што влијае врз здравјето на човечкото тело.

Франц Месмер сметал дека постои магнетска сила или „течност“ во универзумот што влијае врз здравјето на човечкото тело. Експериментирал со магнети да влијае на ова поле и да причини лечење. Околу 1774 год. тој заклучил дека истите ефекти можат да се постигнат со подавање на рацете пред телото на субјектот, кое се нарекува „хипнотизерско подавање“. Зборот месмеризира (хипнотизира) потекнува од името на Франц Месмер, и намерно се употребувал за да се одделат неговите корисници од оние на различните теории за „течност“ и „магнети“ означени со етикетата „магнетизери“.

Во 1784 год. на барање на кралот Луј XVI теориите на Месмер ги проучиле француските научни комитети, а во еден од нив бил вклучен и американскиот амбасадор во Франција, Бенџамин Франклин. Исто така ја истражиле и практиката на еден незадоволен ученик на Месмер, Чарлс Еслон (1750-1786 год.), и врз основа на нивните истражувања на начинот на кој работел Еслон (а не Месмер), и покрај тоа што прифатиле дека резултатите кои ги тврдел Месмер биле всушност вистинити, нивните плацебо-контролирани експерименти на практиките на Елсон јасно покажале дека ефектите на месмеризмот се повеќе резултат на верувањето и имагинацијата отколку некој вид на невидлива енергија („животински магнетизам“) која се пренесува од телото на некој месмерист (хипнотизер).

Со други зборови, и покрај тоа што прифатиле дека практиката на Месмер има некоја ефикасност, и двата комитета целосно ги отфрлиле теориите на Месмер

Џејмс Брајд

Џејмс Брајд
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „ Џејмс Брајд“.

Според откривањата на француските комитети, во неговото дело Елементи на психологијата на човековиот ум (1827), Дугалд Стјуарт, влијателен академски филозоф во „ Шкотското училиште за здрав разум“, ги поттикнал лекарите да ги спасат елементите на месмеризмот со замена на натприродната теорија за „животински магнетизам“ со ново толкување кое се базира на законите на физиологијата и психологијата на „здравиот разум“. Брајд јасно го цитира следниот извадок на Стјуарт: [7]

Мене ми се чини дека општите заклучоци за практиката на Месмер, во врска со физичките елементи на принципот на имагинација (...) се неспоредливо понеобични отколку тој навистина да го прикажал постоењето на неговата пофална наука (за „животинскиот магнетизам“): ниту пак можам да утврдам некоја добра причина зошто лекар, кој ја признава ефикасноста на моралните [т.е. психолошки] агенси кои ги применил Месмер, треба, во извршувањето на својата професија, да се колеба да ги копира кои било неопходни процеси за да ги подреди под своја команда, повеќе отколку што треба да се двоуми да примени нов физички агенс, како електрицитет или галванизација. [8]

Во времето на Брајд, Шкотското училиште за здрав разум ги произвело доминантните теории на академската психологија и Брајд постојано упатувал на други филозофи во своите записи. Според тоа Брајд ги прегледал теориите и практиките на месмеризамот и развил свој метод на „хипнотизам„ како порационален и алтернатива на „здравиот разум“.

Овде можеби е неопходно да се објасни дека со поимите Хипнотизам или Нервно спиење, кои постојано се појавуваат во наредните страници, јас упатувам на необична состојба на нервниот систем, која се разликува во различни аспекти од обичното спиење и состојбата на будење. Не тврдам дека оваа состојба е поттикната со трансмисија на магнетско или мистично влијание од моето во телото на пациентот, ниту изјавувам дека со моите процеси го создавам вишиот [т.е. натприродниот] феномен на Месмеристите. Моите претензии се од поскромен карактер и се согласни со општо прифатените принципи на физиолошката и психолошката наука. Според тоа хипнотизмот не е означен несоодветно, Рационален Месмеризам, за разликување од Натприродниот Месмеризам на Месмеристите. [9]

И покрај тоа што кратко време си играл со името „рационален Месмеризам“, Брајд најпосле го оддалечил својот пристап од Месмер и ставил акцент на уникатноста, така што извел повеќе неформални експерименти во текот на својата кариера за да ги побие теориите на Месмеристите и другите натприродни практики, и наместо тоа да ја покаже улогата на обичните физиолошки и психолошки процеси како што се сугестија, фокусирање на вниманието за да се постигнат споменатите забелешки.

Брајд тесно соработувал со неговиот пријател и сојузник, еминентниот професор и психолог Вилијам Бенџамин Карпентер, еден од првите невро-психолози, кој ја вовел теоријата на сугестија на „идео-моторните рефлекси“. Карпентер набљудувал многу примери на очекување и имагинација од секојдневниот живот, кои очигледно влијаат врз несвесното движење на мускулите. [а]

Брајд набрзо ги асимилирал забелешките на Карпентер во својата теорија за хипнотизмот, со тоа што сфатил дека ефектот со фокусирање на вниманието е со цел да се предизвика идео-моторна реакција. Брајд ја проширил теоријата на Карпентер за да го вклучи главно влијанието на умот врз телото, надвор од мускулниот систем и како резултат на тоа упатил на „идео-динамичната“ реакција и го составил поимот „психо-физиологија“ за да упати на студијата за интеракција меѓу умот и телото воопшто.

Во подоцнежната работа, Брајд го зачувал поимот „хипнотизам“ за мал број на случаи во кои субјектите влегуваат во состојба на амнезија која наликува на спиење. За останатите, тој зборувал за „моно-идеодинамичен“ принцип на акција за да стави акцент на техниката за поттикнување на фиксирање на погледот која функционира со стеснување на фокусот на вниманието врз една единствена мисла или тек на мисли („моноидеизам“) со што се зголемува ефектот на следствената „доминантна мисла“ во телото на субјектот со помош на идео-динамичен принцип.

Хистерија наспроти сугестија

Жан-Мартин Шарко расправал дека хипнозата е абнормална состојба на нервозно функционирање која е утврдена кај одредени хистерични жени.

За неколку децении, делата на Брајд станале повлијателни во странство отколку во неговата сопствена земја, со исклучок на рака полна со следбеници, особено д-р Џон Милн Брамвел. Еминентниот невролог д-р Џорџ Милер Берд ги преземал теориите на Брајд во Америка. Во меѓувреме Вилхем Т. Прејер, професор по физиологија на универзитетот во Јена, ги превел неговите дела на германски. Подоцна, психијатарот Алберт Мол продолжил со германските истражувања и во 1889 год. го издал неговиот Хипнотизам. Сепак проучувањето на хипнотизмот главно се одвивало во Франција, откако истражувањата на Брајд биле претставени пред Француската Академија на Науките од еминентниот невролог д-р Евген Азам, кој исто рака го превел на француски и последниот ракопис на Брајд (За Хипнотизам, 1860). Француската Академија на Науките, која претходно го испитувала Месмеризмот во 1874 година, подоцна ги испитувала и записите на Брајд, веднаш по неговата смрт, на барање на Азам, Пол Брока и др.

Иполит Бернхајм расправал дека хипнозата е зголемување на нормалното психолошко функционирање и дека ефектите варираат и се првенствено резултат на сугестија.

Ентузијазмот на Азам за хипнотизмот влијаел врз Амброаз Лиебо, државен доктор, чија значително популарна група клиничка хипнотерапија ја открил Бернхајм, кој подоцна и самиот станал влијателен хипнотизер. Подоцна проучувањето на хипнотизмот се концентрирало на жестокото ривалство и дебата меѓу Жан-Мартин Шарко и Иполит Бернхајм, двајцата највлијателни личности од крајот на 19. век.

Значајна расправа се развила меѓу „Училиштето за хистерија“ на Шарко фокусирано на клиниката на Шарко во болницата Питје-Салпетрие (позната и како „Училиште Париз“ или „Училиште Салпетрие“) и „Училиштето за сугестија“ на Бернхајм, фокусирано на клиниката на Бернхајм во Нанси познато и како „Училиште Нанси“ во врска со вистинската природа на хипнозата. Шарко, под влијание на месмеристите, расправал дека хипнозата е абнормална состојба на нервозно функционирање која е утврдена кај одредени хистерични жени. Тој тврдел дека се манифестира во форма на низа од физички реакции кои можат да се поделат во одделни фази. Бернхајм спротивно од Шарко расправал дека кој било може да биде хипнотизиран, дека тоа е зголемување на нормалното психолошко функционирање и дека ефектите варираат и се првенствено резултат на сугестија. По неколку децении дебатирање, ставот на Бернхајм најпосле доминирал, а теоријата на Шарко се разгледувала од љубопитност за тоа што се случувало во историјата.

Пјер Жанет

Пјер Жанет соопштил некои почетни проучувања во областа на хипнозата во 1882 год, кои го привлекле вниманието на Шарко и како резултат на тоа го поставил за директор на психолошката лабораторија во Салпетиере во 1889 год., откако Жанет го завршил својот докторат по филозофија во кој предмет на интерес му бил психолошкиот автоматизам. Во 1898 год. Жанет бил назначен за предавач по психологија на универзитетот Сорбона, а во 1902 год. се здобил со титула на професор по експериментална и компаративна психологија на Универзитетот во Франција ( француски: Collège de France). Жанет ги ускладил елементите на неговите ставови со оние на Бернхајм и неговите следбеници и развил своја сопствена софистицирана хипнотичка психотерапија која се базира на психолошка дисоцијација, која на почетокот на векот му конкурирала на обидот на Фројд да развие поразбирлива психолошка теорија за психотерапијата.

Зигмунд Фројд

Зигмунд Фројд ја нагласувал и популаризирал хипнотичката регресија и реакција (катарза).

Зигмунд Фројд,основачот на психоанализата, го изучувал хипнотизмот во Училиштето Париз на Шарко и накратко го посетил Училиштето Нанси на Бернхајм.

Во почетокот, Фројд бил занесен застапник на хипнотерапијата и набрзо почнал да ја нагласува и популаризира примената на хипнотичката регресија и реакција (катарза) како терапевтски методи. Напишал и корисна статија за хипнотизмот во енциклопедијата, превел едно од делата на Бернхајм на германски и издал низа на влијателни проучувања на случаи заедно со колегата Џозеф Бројер, насловени како Проучувања на Хистерија (1985 год.). Ова станало како еден вид основачки текст за она што подоцна се развило познато како „хипно-анализа“ или „хипнотерапија на регресија“.

Сепак, Фројд постепено ја напуштил употребата на хипнотизмот во корист на неговите методи на психоанализа кои биле во развој, со слободно поврзување и толкување на несвесниот ум. Борејќи се со огромното трошење на време, потребно за психоанализата да стане успешна, подоцна Фројд предложил таа да се комбинира со хипнотичката сугестија и сето тоа го направил во обид да го забрза резултатот од лекувањето,

Исто така, многу е веројатно дека примената на нашата терапија на многумина ќе не принуди да направиме смеса од нашето чисто злато – анализата во изобилство со бакарот - директната [хипнотичка] сугестија. [10]

Сепак, само следбениците на Фројд биле доволно квалификувани во областа на хипнозата за да ја пробаат синтезата. Нивните дела имале ограничено влијание врз постепената појава на хипно-терапевтските пристапи, денес познати како „хипнотичка регресија“, „хипнотичка прогресија“ и „хипноанализа“.

Емил Куе

Емил Куе работел како асистент на Аброаз Лиебо во неговата хипнотичка група во Нанси. Сепак, по пракса од неколку години како хипнотерапевт применувајќи ги методите на Училиштето Нанси на Лиебо и Бернхајм, Куе започнал да развива нов правец наречен „свесна автосугестија“. Неколку години по смртта на Лиебо, во 1904 год., Куе го основал Новото Училиште Нанси, неврзана соработка на практичари кои ги предавале и промовирале неговите ставови. Методот на Куе не го нагласува „спиењето“ или задлабоченото релаксирање, туку наместо тоа ги учи групите на клиенти како да ја користат автосугестијата при истрагата или учење на грешки што вклучува одредена низа на тест-сугестии. Иако Куе расправал дека повеќе не користи хипноза, некои од неговите следбеници како Чарлс Бодуин сметале дека неговиот пристап е блага форма на автохипноза. Методот на Куе станал меѓународно позната техника на само-помош и психотерапија, која е спротивставена на методите на Фројд за психоанализа и ги најавила техниките на автохипноза и до некој степен развојот на когнитивната терапија.

Хал

Следниот главен настан во историјата на хипнотизмот се случил како резултат на напредокот на бихевиористичката психологија во американските универзитетски истражувања. Кларк Xал, еминентен американски психолог, ја издал првата голема компилација на лабораториски проучувања на хипнозата, Хипноза и Сугестивност (1933 год.), во која убедливо докажува дека состојбите спиење и хипноза немаат ништо заедничко. Xал издал многу квантитативни емпириски наоди кои произлегуваат од експериментите со примена на хипноза и сугестија, а со тоа поттикнал понатамошни истражувања во областа на хипнозата и тоа главно од универзитетски психолози. Бихевиористичкото психолошко толкување на хипнозата на Xал, во поглед на условни рефлекси, му конкурирало на психо-динамичното толкување на Фројд во поглед на несвесниот пренос.

Милтон Ериксон

Милтон Х. Ериксон, доктор по медицина, бил еден од највлијателните хипнотерапевти по војната. Напишал неколку книги и статии во весници на оваа тема. За време на 60-тите години на 20-ти век, Ериксон бил одговорен за популаризирањето на нова гранка во хипнотерапијата, позната како Ериксонова хипнотерапија, која меѓу другото се карактеризирала со отсуство на формална хипнотичка индукција и со примената на индиректна сугестија, „метафора“ (всушност тоа биле повеќе аналогии отколку „метафори“), техники на збунување и двојни врски. Сепак, недостатокот на сличност меѓу методите на Ериксон и оние на традиционалниот хипнотизам довеле до тоа неговите современици, како Андре Вајценхофер, сериозно да се запрашаат дали тој воопшто применува „хипноза“, а статусот на неговиот пристап во врска со традиционалниот хипнотизам останал под знак прашалник.

Ериксон воопшто не се двоумел да претстави каков било ефект дека е резултат на „хипноза“ без оглед на тоа дали субјектот бил во хипнотичка состојба или не. Всушност, тој воопшто не се двоумел лажно да претстави некое однесување дека е хипнотичко, иако постои само сомнеж дека е тоа хипнотичко. [11]

Когнитивно-бихевиористички пристап

Во втората половина на 20-тиот век, два фактора придонеле во развојот на она што подоцна било наречено когнитивно-бихевиористички пристап кон хипнозата.

  • Когнитивните и бихевиористичките теории за природата на хипнозата (кои биле под влијание на аналогиските теории на Сарбин [12] и Барвер [13]) станале значително моќни.
  • Терапевтските практики на хипнотерапијата и различните форми на бихевиористичка терапија почнале да се вкрстуваат и да си влијаат една со друга. [14] Иако когнитивно-бихевиористичките теории за хипнозата мора да се разликуваат од когнитивно-бихевиористичките пристапи кон хипнотерапијата, тие имаат сличен концепт, терминологија и претпоставки и ги присоединиле многу влијателни истражувачи и лекари на клиники како Ирвинг Кирш, Стивен Џеј Лин и други [15].

Хипнозата се користела за време на 1950-тите, како почеток на когнитивно-бихевиористичката терапија, од страна на раните бихевиористички терапевти како Џозеф Волпи [16].

Other Languages
Afrikaans: Hipnose
Ænglisc: Oferswefn
العربية: تنويم إيحائي
azərbaycanca: Hipnoz
বাংলা: সম্মোহন
беларуская: Гіпноз
беларуская (тарашкевіца)‎: Гіпноз
български: Хипноза
bosanski: Hipnoza
català: Hipnosi
čeština: Hypnóza
Cymraeg: Hypnosis
dansk: Hypnose
Deutsch: Hypnose
eesti: Hüpnoos
English: Hypnosis
español: Hipnosis
Esperanto: Hipnoto
euskara: Hipnosi
فارسی: هیپنوتیزم
français: Hypnose
Frysk: Hypnoaze
Gaeilge: Hiopnóis
galego: Hipnose
한국어: 최면
Հայերեն: Հիպնոս
हिन्दी: सम्मोहन
hrvatski: Hipnoza
Bahasa Indonesia: Hipnosis
italiano: Ipnosi
עברית: היפנוזה
ქართული: ჰიპნოზი
қазақша: Гипноз
Кыргызча: Гипноз
Latina: Hypnosis
latviešu: Hipnoze
lietuvių: Hipnozė
magyar: Hipnózis
မြန်မာဘာသာ: စိတ်ညှို့ပညာ
Nederlands: Hypnose
日本語: 催眠
norsk: Hypnose
occitan: Ipnòsi
oʻzbekcha/ўзбекча: Gipnoz
polski: Hipnoza
português: Hipnose
română: Hipnoză
русский: Гипноз
shqip: Hipnoza
සිංහල: මෝහනය
Simple English: Hypnosis
slovenčina: Hypnóza
slovenščina: Hipnoza
српски / srpski: Хипноза
srpskohrvatski / српскохрватски: Hipnoza
suomi: Hypnoosi
svenska: Hypnos
Tagalog: Hipnosis
తెలుగు: హిప్నాటిజం
Türkçe: Hipnoz
українська: Гіпноз
Tiếng Việt: Thôi miên
ייִדיש: היפנאזיע
中文: 催眠