Химера

Химери
Период: девон–денес
Chmon u0.png
Chimaera monstrosa
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордати
Класа:‘Рскавични риби
Поткласа:Целоглави риби
Ред:Chimaeriformes
Фамилии

Видете во текстот.

Химерите (ред Chimaerae, класа Bradyodonti) е многу невообичаена група на риби кои живеат на морското дно, на длабочини од 300 до 500 m. Колективно овие видови формираат мала, кохезивна група од околу 25 видови. Тие се сите исклучиво морски организми. Роднини се со ајкулите и раите; од ова се заклучува дека химерите се карактеризираат со ‘рскавичен скелет. Една особина која ги разликува од раите е фактот што горната вилица е цврсто прикачена за черепот. Тие исто така поседуваат зарамнети заби (два на горната вилица и еден на долната) кои се модифицирани за здробување и мелење на нивната храна. Постои еден жабрен отвор на секоја страна од главата и секој од нив е прекриен со месеста покривка.

Физички опис

Химерите генерално имаат големи глави, заострено тело и долга (слична на стаорец) опашка. Тие се релативно крупни риби. Долги се околу 0,61 до 2 метри. За разлика од поголемите роднини - ајкулите на пример, химерите се слаби пливачи. Перките се високо модифицирани: една забележителна карактеристика е присуството на силна и остра боцка на почетокот на првата грбна перка. Кај некои видови последнава може да е отровна. Кога перката е опуштена, боцката се прибира во посебна комора во грбот на животното, но може брзо да се извади. Химерите поседуваат многу редуцирана и издолжена опашна перка. Големите пекторални перки, за разлика од тие на ајкулите, играат главна улога при пливањето.

Химерите имаат мазна кожа и еден жабрен отвор на секоја страна - морфолошка промена која лежи помеѓу онаа на ајкула и коскена риба. Серии на мукусно-секретирачки канали постојат на главата. Машките единки од некои видови како Callorhinchus имаат подвижен, палковиден израсток, чија функција не е позната.

Other Languages
Afrikaans: Chimaeriformes
العربية: خرافيات (سمك)
azərbaycanca: Ximerkimilər
беларуская: Хімерападобныя
беларуская (тарашкевіца)‎: Хімэрападобныя
bosanski: Himere
dansk: Chimaera
Deutsch: Seekatzen
English: Chimaera
español: Chimaeriformes
Esperanto: Ĥimero (fiŝo)
فارسی: موش‌ماهی
français: Chimaeriformes
한국어: 은상어목
hrvatski: Himere (ribe)
italiano: Holocephali
עברית: כימראים
қазақша: Химерліктер
lietuvių: Chimeržuvės
Nederlands: Zeekatten (vissen)
日本語: ギンザメ目
occitan: Holocephali
پښتو: خيميران
português: Chimaeriformes
română: Chimaeriformes
Simple English: Chimaera
српски / srpski: Химере
srpskohrvatski / српскохрватски: Himere (ribe)
українська: Химероподібні
中文: 银鲛目