Хасинто Бенавенте

Хасинто Бенавенте

Хасинто Мартинес Бенавенте (12 август 1866, Мадрид - 14 јули 1954, Мадрид, Шпанија), бил шпански драмски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1922 година за умешноста со која продолжил да ја развива славната традиција на шпанската драма.

Биографија

Од 1882 бил студент по право на Мадридскиот универзитет. По смртта на татко му во 1885 година го напуштил универзитетот и извесно време работел како актер. Во 1892 година објавил за првпат зборникот на дијалози под наслов „Фантастични пиеси“. Се потврдил како драмски писател уште со својата втора пиеса „Извесно луѓе“ (1896). Бил член на литературната група „Поколение ‘98“ и уредник на нејзиниот орган „Вида литерарира“ (Литературен живот). Неговото рано творештво бил успешен обид за уривање на мелодрамската традиција во шпанската драма. Оваа традиција била заменета со згуснато драмско дејство, психолошки заситени карактери и остроумен дијалог.

Other Languages
Bân-lâm-gú: Jacinto Benavente
беларуская (тарашкевіца)‎: Хасынта Бэнавэнтэ-і-Мартынэс
Bahasa Indonesia: Jacinto Benavente Martínez
Lingua Franca Nova: Jacinto Benavente
Nederlands: Jacinto Benavente
norsk nynorsk: Jacinto Benavente
Piemontèis: Jacinto Benavente
português: Jacinto Benavente
slovenčina: Jacinto Benavente
српски / srpski: Хасинто Бенавенте
srpskohrvatski / српскохрватски: Jacinto Benavente
українська: Хасінто Бенавенте
Tiếng Việt: Jacinto Benavente