Хавиер Солана

Франциско Хавиер Солана де Мадариага е шпански физичар и Социалист. Бил член на владата на Шпанија предводена од Фелипе Гонзалез (1982-1985) и Генерален Секретар на НАТО (1995-1999), тој бил именуван за Висок претставник за заедничка надворешна политика и безбедност, Генерален секретар на Советот на Европска Унија и Генерален секретар на Западната Европска Унија и ги вршел овие функции од октомври 1999 до декември 2009.

Хавиер Солана во 2007 година

Биографија и кариерата како физичар

Солана е роден во Мадрид, Шпанија. Доаѓа од една позната шпанска фамилија, и е големиот внук на Шпанскиот шеф на Друштвото на Народи за Разоружување, дипомат, писател и Европски интегрионист Салвадор де Мадариага (дедото на Хавиер Рогелио де Мадариага и Цастро и Салвадор де Мариага биле братучеди)Неговиот татко бил професор по хемија Луис Солана Сан Мартин, кој умрел кога Хавиер немал полни 20 години. Неговата мајка Обдулиа Мадариага Перез умрела во 2005. Јавиер е третиот по ред од петте деца. Неговиот поголем брат Луис бил затворен поради неговите политички активности спротивставувајќи се на диктатурата на Франциско Франко, подоцна станал истакнат лидер во шпанската телекомуникациска индустрија и бил еден од првите социјалистички членови на Трилатералната Комисија. Солана студирал во Нуестра Сењора дел Пилар, кадешто го завршил средното образование, пред да отиде во Комплутенсе Универзити. Таму како студент во 1963 добил санкција за организирање на опозициски форум наречен Недела на Универзитетска Реновација. Во 1964 скришно им се приклучува на Шпанската социалистичка работничка партија, која била илегална во времето на Франко од завршетокот на Шпанската граѓанска војна во 1939. Во истата година тој дипломирал и продолжил уште една година со образување во Шпанскиот висок ломитет за научно истражување и во Велика Британија.

Во 1965 тој отиде за САД каде што поминал 6 години студирајќи на неколку универзитети под стипендијата од Фулбригхт. Тој ги посетувал универзитетите на Чикаго, Калифорнија, Сан Диего и потоа се зачленил во постдипломските студии на уметноста и науките при универзитетот на Вирџиниа во Чарлотесвил. Таму предавал физика како асистент и продолжил со самостојно истражување, истотака им се придружил и на протестите против војната во Виетнам и станал претседател на Асоцијацијата на Странски Студенти. Тој ја одбранил докторатурата по физика со тема: Теорија на основниот возбуден спектар на Суперфлуид Хелиум: вечноста на Ротон продолжувајќи го престојот во САД на уште една година со цел да продолжи со истражувањето. Кога се вратил во Шпанија реботел како лектор за цврстата состојба во физиката во Аутономоус Универзитетот на Мадрид и во 1975 станал професор на Универзитетот Цомплутенсе. Во текот на овие години издал повеке од 30 артикли. Одредено време работел и како асистент на Николас Кабрера кого го запозна кога Кабрера бил професор на универзитетот на Вирџинија.

Other Languages
беларуская: Хаўер Салана
беларуская (тарашкевіца)‎: Хавіер Саляна
български: Хавиер Солана
čeština: Javier Solana
Deutsch: Javier Solana
English: Javier Solana
español: Javier Solana
Esperanto: Javier Solana
euskara: Javier Solana
français: Javier Solana
hrvatski: Javier Solana
italiano: Javier Solana
Lëtzebuergesch: Javier Solana
lietuvių: Javier Solana
Mirandés: Javier Solana
Nederlands: Javier Solana
português: Javier Solana
română: Javier Solana
Simple English: Javier Solana
slovenčina: Javier Solana
slovenščina: Javier Solana
српски / srpski: Хавијер Солана
srpskohrvatski / српскохрватски: Javier Solana
svenska: Javier Solana
Türkçe: Javier Solana
українська: Хав'єр Солана