Фридрих Енгелс

Фридрих Енгелс

Фридрих Енгелс (германски: Friedrich Engels) (28 ноември 18205 август 1895) бил германски политички филозоф и крупна фигура во европското социјалистичко движење во втората половина на 19 век. Беше близок соработник на Карл Маркс, со кого соработуваше долги години. Заедно со Маркс го напиша Комунистичкиот манифест, а по смртта на Маркс ги редактира и издаде вториот и третиот том на Марксовиот „Капитал“.

Живот

Фридрих Енгелс е роден во Бармен, Германија, во трговско и изразито религиозно семејство. Во 1841 година заминува на отслужување на воениот рок во Берлин, каде што се запознава со младохегелијанците и станува нивни приврзаник. Во 1842 година неговиот татко го испраќа во Манчестер да ги води работите во неговата фабрика. Ужаснат од работните и животните услови на работниците, почнува да пишува книга за нивната лоша положба, која ја објавува во 1845 година како „Положбата на работничката класа во Англија.“ Со Маркс се запознава во септември 1844 и оттогаш тие ќе развијат плодна и блиска соработка која ќе трае во текот на целиот нивни живот. Во 1847 година Маркс и Енгелс се приклучуваат кон Сојузот на комунистите и се овластени да го напишат неговиот манифест, денес познат како „Комунистички манифест“. Следната година Енгелс зема активно учество во Револуцијата од 1848, борејќи се на страна на бунтовниците во Елберфелд, јужна Германија. По неуспешниот крај на Револуцијата и тој и Маркс се принудени да побегнат во Англија. Со цел финансиски да му помогне на Маркс и на неговото семејство, Енгелс се враќа во фабриката на својот татко во Манчестер. По смртта на Маркс во 1883 година работи врз Марксовата оставштина и ги редактира и издава вториот и третиот том на Марксовиот „Капитал“. Умира во Лондон во 1895 година.

Other Languages
Afrikaans: Friedrich Engels
aragonés: Friedrich Engels
asturianu: Friedrich Engels
azərbaycanca: Fridrix Engels
Bân-lâm-gú: Friedrich Engels
башҡортса: Фридрих Энгельс
беларуская: Фрыдрых Энгельс
беларуская (тарашкевіца)‎: Фрыдрых Энгельс
български: Фридрих Енгелс
brezhoneg: Friedrich Engels
čeština: Friedrich Engels
Esperanto: Friedrich Engels
français: Friedrich Engels
Gàidhlig: Friedrich Engels
客家語/Hak-kâ-ngî: Friedrich Engels
hornjoserbsce: Friedrich Engels
Bahasa Indonesia: Friedrich Engels
íslenska: Friedrich Engels
Basa Jawa: Friedrich Engels
Lëtzebuergesch: Friedrich Engels
lietuvių: Friedrich Engels
მარგალური: ფრიდრიხ ენგელსი
Bahasa Melayu: Friedrich Engels
မြန်မာဘာသာ: ဖရစ်ဒရစ် အန်းဂဲ
Nederlands: Friedrich Engels
norsk nynorsk: Friedrich Engels
oʻzbekcha/ўзбекча: Engels Fridrix
Piemontèis: Friedrich Engels
português: Friedrich Engels
rumantsch: Friedrich Engels
Runa Simi: Friedrich Engels
sicilianu: Friedrich Engels
Simple English: Friedrich Engels
slovenčina: Friedrich Engels
slovenščina: Friedrich Engels
српски / srpski: Фридрих Енгелс
srpskohrvatski / српскохрватски: Friedrich Engels
татарча/tatarça: Фридрих Энгельс
українська: Фрідріх Енгельс
Tiếng Việt: Friedrich Engels
粵語: 恩格斯