Франки

Статуета најдена во Манс која прикажува Франк. Dumbarton Oaks, Вашингтон.

Франките ( латински: Franci или gens Francorum) се група на германски племиња, кои дошле од Фризија и се населиле во доцната Римска империја како федерати. Првите населувања за франките се околу 3 век. Тие создале држава на територијата на дел од современа Франција и Германија (Франконија).

Во текот на 358 година веќе постоеле два франкиски сојуза: рипуарски и салиски. Во текот на триесеттите години на 4 век Салиските Франки искористувајќи ја влошената состојба во Империјата ја зголемиле својата територија сè до реката Сома. Со Клодовик I (481 - 511 година) Франките ја разбиле римската армија на Галија, Сијагриј во битката кај Соасон во 486 година. Во 496 година Хлодвиг и неговото семејство се покрстило и христијанството станало официјална религија помеѓу Франките. Тој наредил да биде направен запис на обичното право. Неговите наследници исто така се трудиле да се придржуваат до римските институции, се со цел да си ја легитимират својата власт, а Карло Велики бил прогласен и за император од страна на римскиот папа. Франкиското царство е единственото варварско царство, кое „преживеало“ и дало почеток на едно современо европско кралство.

Франкиската држава претрпела мноштво поделби. Бидејќи на франките им недостасувал моделот на res publica, тие во државата гледале дел од својата сопственост и согласно нивните обичаи ја разделувале на своите потомци, односно на синовите. Оваа практика до некаде ја објаснува тешкотијата при точниот опис на датите и физичките граници на франкиските кралства и владетелите на одделните делови на кралството.

Теории и легенди за потеклото на Франките

Постојат повеќе теории врзани за потеклото на Франките:

  • Околу 580, хроничарот Грегориј Турски зборува за народ од Панонија кој тргнал по горното течение на реката Дунав за да се насели на бреговите на реката Рона, и кој потоа ја освоил Галија [1] · [2].
  • Околу 660, Хрониката на Фредегер, а потоа и Liber Historiae Francorum околу 725, тврдат дека Франките биле бегалци од градот Троја, по освојување на истиот од страна на Грците [2].
    Оваа теорија била оспорувана уште во 17 век а денес и целосно отфрлена.
  • Во 1714, историчарот Никола Фрере прв ја изложил тезата според која Франките потекнуваат од германските народи, но сметана за напад на достоинството на монархијата, оваа теза на авторот му донела шест месеци затвор во затворот во Бастија [3].
  • Потпирајчи се на морнарските вештини на првите Франки и економските и воени практики различни од нивните германски соседи, историчарот Роџер Гранд во 1965 предлага теза дека Франките впрочем биле скандинавски имигранти кои дошле да се населат на бреговите на Рона во тек на 3 век. Оваа теза исто така е предмет на големи критики и е неприфатена [4]
Other Languages
Afrikaans: Franke
Alemannisch: Franken (Volk)
Ænglisc: Francan
العربية: فرنجة
aragonés: Francos
asturianu: Pueblu francu
azərbaycanca: Franklar
Bân-lâm-gú: Frank lâng
беларуская: Франкі
български: Франки
bosanski: Franci
brezhoneg: Franked
català: Francs
Чӑвашла: Франксем
čeština: Frankové
Cymraeg: Ffranciaid
dansk: Frankere
eesti: Frangid
Ελληνικά: Φράγκοι
English: Franks
español: Pueblo franco
Esperanto: Frankoj
euskara: Frankoak
فارسی: فرانک‌ها
føroyskt: Frankar
français: Francs
Frysk: Franken
Gaeilge: Na Frainc
galego: Francos
한국어: 프랑크인
hrvatski: Franci
Bahasa Indonesia: Suku Franka
íslenska: Frankar
italiano: Franchi
עברית: פרנקים
ქართული: ფრანკები
қазақша: Франктер
Kiswahili: Wafaranki
Kurdî: Frank
Latina: Franci
latviešu: Franki
lietuvių: Frankai
lumbaart: Franch (pòpol)
magyar: Frankok
مصرى: فرانكس
Bahasa Melayu: Orang Frank
монгол: Франк
Nederlands: Franken (volk)
Nedersaksies: Franken
日本語: フランク人
Nordfriisk: Franken (fulk)
norsk: Frankere
norsk nynorsk: Frankarar
occitan: Francs
oʻzbekcha/ўзбекча: Franklar
polski: Frankowie
português: Francos
română: Franci
русский: Франки
Scots: Franks
sicilianu: Franchi
Simple English: Franks
slovenčina: Frankovia
slovenščina: Franki
српски / srpski: Франци
srpskohrvatski / српскохрватски: Franci
suomi: Frankit
svenska: Franker
Türkçe: Franklar
українська: Франки
Tiếng Việt: Người Frank
West-Vlams: Frankn
粵語: 法蘭克人
中文: 法蘭克人