Филмски жанр

Во филмската теорија, жанр се однесува на методот на филмско категоризирање на сличностите на раскажувачките елементи од кои филмовите се направени. Повеќето од теориите за филмскиот жанр се позајмени од критицизмот на литературните жанрови. Жанрот во литературен контекст, има голема расправа за тоа како да се дефинира или категоризира. Покрај основната разлика кај жанрот помеѓу фиктивност и документарност, филмскиот жанр може да се категоризира на повеќе начини.

Фиктивните филмови најчесто се категоризирани според нивниот простор, тема, начин и формат[се бара извор]. Просторот е средината или околината каде приказната и дејството се случуваат. Темата се однесува на проблемите и настаните околу кои филмот се врти. Начинот е емоционалниот тон на филмот. Форматот се однесува на начинот на кој е снимен филмот (пр., анаморфски екран) или на видот на презентацијата (пр.: 35 мм, 16 мм или 8 мм). Друг начин на категоризирање на филмовите е самата публика. Некои филмски теоричари се караат околу тоа дека ниту форматот ниту публиката на се филмскиот жанр.

Филмските жанрови често се поделени на повеќе поджанрови, на пример најголемиот дел од филмот се случува во судница и дејството се врти околу нечие судење тогаш велиме дека филмот е правна драма. Исто така, жанровите можат да бидат така комбинирани за да се добијат таканаречени хирбидни жанрови како мешавината на научнофантастичност и хорор во филмскиот серијал Вонземјанин и Шин Годзила.

Other Languages
български: Филмов жанр
čeština: Filmový žánr
dansk: Filmgenre
Deutsch: Filmgenre
English: Film genre
euskara: Zinema genero
فارسی: سبک فیلم
한국어: 영화 장르
Bahasa Indonesia: Genre film
lietuvių: Filmo žanras
മലയാളം: ഫിലിം ജൻറേ
Nederlands: Filmgenre
Scots: Film genre
српски / srpski: Филмски жанрови
srpskohrvatski / српскохрватски: Filmski žanr
svenska: Filmgenre
татарча/tatarça: Кино жанрлары
Türkçe: Film türleri
українська: Кіножанр
اردو: صنف فلم
Tiếng Việt: Thể loại phim
粵語: 片種
中文: 电影类型