Филаделфија Севентисиксерс

Филаделфија Севентисиксерс
Филаделфија Севентисиксерс лого
КонференцијаИсточна Конференција
ДивизијаАтлантска дивизија
Основан1946
ИсторијаСиракуза Нешенелс
(1946-1963)
Филаделфија Севентисиксерс
(1963–сегашност)
АренаВелс Фарго Центар
ГрадФиладелфија, Пенсилванија
Тимски бои              
Сопственик/циЏошуа Харис
Генерален менаџерТони Дилео
ТренерДаг Колинс
Шампиони3 (1955, 1967, 1983)
Конференциски титули9 (1950, 1954, 1955, 1967, 1977, 1980, 1982, 1983, 2001)
Дивизиски титули5 (1977, 1978, 1983, 1990, 2001)
Пензионирани броеви8 (2, 6, 10, 13, 15, 24, 32, 34)
Официјална веб-страницаsixers.com
Kit body basketball.png
Дома jersey
Team colours
Дома
Kit body basketball.png
Гости jersey
Team colours
Гости


Филаделфија Севентисиксерс (англиски: Philadelphia 76ers) е професионален кошаркарски клуб од градот Филаделфија во сојузната американска држава Пенсилванија. Се натпреваруваат во Атлантската дивизија (Источна Конференција) од НБА лигата. Претходница на сегашната франшиза била екипата Сиракуза Нешелс, основани во 1946 година (една од најстарите НБА организации).[1] По преминот во Филаделфија тимот добил ново име, во чест на 1776, годината кога е донесена Декларацијата за независност на САД.

Оваа екипа има долга кошаркарска традиција, бидејќи во нивните редови настапувале играчи од калибарот на Вил Чембрлен, Мозес Мелоун, Џулиус Ирвинг, Чарлс Баркли и Ален Ајверсон. Имаат освоено три шампионски прстени, првиот додека тимот бил сместен во Сиракуза (1955).[2] Вториот пат бил во сезоната 67′ под водство на Чембрлен,[3] а третиот во 83′ кога во екипата играле Мелоун и Ирвинг.[4] Последниот позначаен успех на тимот бил големото финале од 2001, кога „седумдесет и шестките“ на Ајверсон загубиле од ЛА Лејкерс со 4-1 во серијата најдобар од седум.

Екипата во периодот 1967-1996 година своите натпревари на домашен терен ги играла во легендарната Спектрум Арена, а од 96′ па наваму нејзин дом е спортскиот центар Велс Фарго.

Состав

Име Години Држава Височина Позиција
Ален Лавој 24  САД 206 cm крилен центар
Квејми Браун 31  САД 211 cm центар
Ендру Бајном 25  САД 213 cm центар
Спенсер Хоус 25  САД 216 cm центар
Џастин Холидеј 24  САД 198 cm бек/крило
Џру Холидеј (капитен) 22  САД 193 cm плејмејкер
Ројал Ајви 31  САД 193 cm плејмејкер
Чарлс Џенкинс 24  САД 191 cm бек
Арнет Мултри 22  САД 208 cm крило
Џејсон Ричардсон 32  САД 198 cm бек
Еван Тарнер 24  САД 201 cm крило
Демјен Вилкинс 33  САД 198 cm бек/крило
Дорел Рајт 27  САД 206 cm крило
Ник Јанг (капитен) 27  САД 201 cm бек/крило
Тадеус Јанг 24  САД 203 cm крило
Other Languages
Bân-lâm-gú: Philadelphia 76ers
беларуская (тарашкевіца)‎: Філадэлфія Сэвэнці Сыксэрз
客家語/Hak-kâ-ngî: Philadelphia 76ers
Bahasa Indonesia: Philadelphia 76ers
Nederlands: Philadelphia 76ers
português: Philadelphia 76ers
Simple English: Philadelphia 76ers
srpskohrvatski / српскохрватски: Philadelphia 76ers
中文: 费城76人