Факторинг

Факторинг (англиски: Factoring) претставува финансиска активност со која една фирма ги продава своите побарувања од купувачите на финансиски посредник - фактор (банка, финансиско друштво итн.) по намалена (дисконтирана) вредност, а потоа факторот ги наплатува побарувањата од должниците.

Содржина

Поим

Договорот за факторинг[1] се дефинира како договорен однос помеѓу една страна — добавувач (клиент) и друга страна — финансиски посредник (фактор) според кој:

  • клиентот со попуст (дисконт) му ги пренесува на факторот своите недостасани парични побарувања, а кои произлегуваат врз основа на договори за продажба на стока или услуги помеѓу него — клиентот и неговиот купувач (должник),
  • а факторот се обврзува за соодветен надомест да прифати да ги наплати тие побарувања, доколку смета дека платежната способност на должниците на клиентот е добра, со известување на должниците за таквиот пренос, без оглед дали клиентот или факторот го сносат ризикот за наплата на тие побарувања.

Битен услов за постоење на договорот за факторинг е известувањето на должникот за преносот на побарувањата. Имено, продавачот на побарувањата (клиентот) треба да го извести својот должник дека побарувањата му ги пренесол на факторот, иако известувањето може да го изврши и самиот фактор. Инаку, договорот за факторинг има потраен карактер, бидејќи тој може да се однесува не само постоечките недостасани побарувања, туку и за пренос на идните побарувања. Сепак, најчесто договорот за факторинг се склучува за одреден временски период и тој ги вклучува сите парични побарувања што ги има клиентот, а не само одредени поединечни побарувања или трансакции.[2] [3]

Историски развој

Првобитно, факторингот настанал во меѓународната трговија, но подоцна стекнал широка примена и во внатрешниот промет. Инаку, договорот за факторинг ги влече корените во англосаксонското право, но потоа се проширил и бил прифатен и во земјите од континентална Европа. Тоа се должело на практичноста на овој инструмент, кој овозможува финансирање без потреба да се склучуваат кредитни аранжмани.[4] Имено, со факторингот, продавачот не мора да го чека денот на достасување на своите побарувања од купувачите, туку може да ги наплати побарувањата однапред, така што предвереме ќе ги продаде на некоја финансиска институција која се занимава со откуп на побарувања. Во праксата, факторингот се појавил во САД како комисиона работа – агенти (фактори) кои истапувале во свое име, а за сметка на своите клиенти. Услугите на американските фактори најмногу ги користеле европските извозници, затоа што домашните фактори гарантирале дека купувачите во САД ќе ја платат увезената стока.

На меѓународен план, до донесувањето на Конвенцијата на УНДРОИТ за меѓународен факторинг, во Отава, во 1988 година, факторингот бил уреден само со обичајното право и со трговските узанси. Меѓутоа, и со стапувањето во сила на оваа конвенција во 1995 година, како и со донесувањето на Конвенцијата на УНЦИТРАЛ за пренос на побарувањата во меѓународната трговија, во 2001 година, дошло до унифицирање на сите релевантни прашања од областа на факторингот.[5]

Договорни страни

Клиент

Клиент е лицето, најчесто регистрирано правно лице кое работи на профитна основа, кое со попуст ги пренесува на факторот своите договорни краткорочни парични побарувања.

Фактор

Фактор е лице кое со попуст купува долг (парично побарување), со цел да се заработи преку наплатата на тој долг. Во улогата на фактор најчесто се јавуваат банки или специјализирани факторинг куќи.[7] Факторот е договорната страна која ја врши карактеристичната чинидба кај овој договор, па според тоа, во случај на спор кај меѓународен факторинг, меродавно би било правото на земјата на факторот и доколку договорните страни не договориле друго меродавно материјално право.[6]

Факторот се обврзува за клиентот да изврши најмалку две од наведените функции:

  • да обезбеди финансиски средствa за клиентот по пат на авансни уплати;
  • да води евиденција (книги) за побарувањата;
  • да изврши наплата на побарувањата;
  • да преземе соодветни мерки при доцнење со уплатите од должниците на клиентот.

По правило, факторот нема право на регрес[7] од клиентот во поглед на ненаплатливоста на побарувањата.

Должник на клиентот

Тоа е лицето кое треба да ја изврши исплатата на паричните побарувања врз основната правна работа т.е договорите за продажбата на стоки и услуги со клиентот.

Other Languages
العربية: تخصيم
azərbaycanca: Faktorinq
беларуская: Фактарынг
беларуская (тарашкевіца)‎: Фактарынг
български: Факторинг
català: Facturatge
čeština: Faktoring
Deutsch: Factoring
eesti: Faktooring
español: Factoraje
فارسی: فکتورینگ
français: Affacturage
한국어: 채권매입업
հայերեն: Ֆակտորինգ
Bahasa Indonesia: Anjak piutang
italiano: Factoring
қазақша: Факторинг
lietuvių: Faktoringas
magyar: Faktoring
Nederlands: Factoring
norsk: Factoring
norsk nynorsk: Factoring
polski: Faktoring
português: Fomento mercantil
română: Factoring
русский: Факторинг
Simple English: Factoring (finance)
slovenčina: Faktoring
svenska: Factoring
Türkçe: Faktoring
українська: Факторинг
Tiếng Việt: Bao thanh toán