ФК Сампдорија

Сампдорија
Целосно имеUnione Calcio Sampdoria, SpA
Прекар(и)Самп
Основан1 август 1946
ТеренСтадион Луиџи Ферарис
Џенова, Италија
(Капацитет: 36,536)
ПретседателИталија Рикардо Гароне
ТренерИталија Чиро Ферара
ЛигаСерија А
2011–12Серија Б, 6-ти (промоција)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Унион Калчо Сампдорија или ФК Сампдорија е италијански фудбалски клуб од градот Џенова. Клубот бил основан на 1 август 1946 година со спојување на два други клуба, Сампиердаренсе и Андреа Дорија. Моментално клубот се натпреварува во првата лига или Серија А. Боите на клубот се сина, бела, црвена и црна. Својте домашни натпревари Сампдорија ги игра на стадионот Луиџи Ферарис, кој е со капацитет од 36,536 гледачи. Стадионот го делат со нивниот градски ривал, екипата на Џенова 1893.

Историја

Сампдорија го освои скудетото во сезоната 1990-91, и тоа до денес останува нивниот единствен наслов шампион на Италија. Клубот има четири наслови во италијанскиот куп освоени во 1985, 1988, 1989, и 1995 година. Истотака Сампдорија има една титула и во Купот на победниците на куповите освоена во 1990 година и има играно во финалето на Лигата на шампионите во 1992, каде биле поразени од Барселона со 1-0 по продолженијата откако натпреварот завршил нерешено во регуларниот тек.

Од последниов настан наваму, Сампдорија немала значејни успеси во следната деценија, дотолку повеќе што клубот во дури го загубил елитниот статус и испаднал во Серија Б во 1999 година.

Најголемите успеси на Сампдорија по враќањето во Серија А беа во сезоните 2004-05 и 2009-10. Во сезоната 2004-05 тие го освоија 5-тото место во Серија А и изборија настап во Купот на УЕФА. Истата таа сезона "за влакно" им побегна 4-тото место и настап во Лигата на шампионите по подолго време, но во последното коло неуспеаа да ја победат Болоња и ја загубија трката за четвртото место од Удинезе.

Но сепак, тоа што не им успеа тогаш им успеа 5 години подоцна кога Сампдорија го освои 4-тото место во Серија А во сезоната 2009-10. Тоа значеше настап во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, каде тие се сретнаа со германскиот Бундеслигаш Вердер Бремен. Во првиот натпревар во Германија, Вердер победи со 3-1, но во реваншот Сампдорија возврати со ист резултат по што се играа продолженија. Во нив одлучувачки беше голот на Клаудио Пизаро во 100-тата минута со кој Сампдорија беше елиминирана и неуспеа да стигне до групната фаза. Ова беше само најава за лошата сезона која следуваше, па по крајот на сезоната 2010-11 Сампдорија повторно испадна во Серија Б.

Во мај 2012 тимот се враќа во Серија А со победа во плеј-оф финалето против Варезе со 4-2 вкупен резултат.

Other Languages
azərbaycanca: Sampdoriya FK
беларуская: ФК Сампдорыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Сампдорыя Генуя
български: УК Сампдория
bosanski: UC Sampdoria
čeština: UC Sampdoria
Ελληνικά: ΟΚ Σαμπντόρια
Esperanto: Sampdoria Genova
euskara: UC Sampdoria
hrvatski: U.C. Sampdoria
Bahasa Indonesia: U.C. Sampdoria
עברית: סמפדוריה
Basa Jawa: U.C. Sampdoria
Latina: UC Sampdoria
lietuvių: UC Sampdoria
Ligure: Sampdoria
lumbaart: Sampdoria
magyar: UC Sampdoria
Bahasa Melayu: U.C. Sampdoria
Baso Minangkabau: U.C. Sampdoria
Nederlands: UC Sampdoria
norsk nynorsk: Sampdoria
polski: UC Sampdoria
română: UC Sampdoria
русский: Сампдория
Simple English: U.C. Sampdoria
slovenčina: UC Sampdoria
slovenščina: U.C. Sampdoria
српски / srpski: FK Sampdorija
svenska: UC Sampdoria
Türkçe: UC Sampdoria
українська: Сампдорія
Tiếng Việt: U.C. Sampdoria