Уругвај

За други значења на зборот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.

Источна Република Уругвај
República Oriental del Uruguay  (шпански)
Знаме Грб
Гесло"Libertad o Muerte" (шпански)
(англиски: „Слобода или смрт“)
Химна"Himno Nacional de Uruguay"
(англиски: „Национална химна на Уругвај“)

Местоположбата на  Уругвај  (темнозелено)

во Јужна Америка  (сиво)

Главен град
(и најголем)
Монтевидео
Службен јазик шпански
Народности (2016[1])
  • 88% бели
  • 8% местици
  • 4% црни
Демоним Уругваец
Уредување Унитарна претседателска уставна република
 •  Претседател Табаре Васкез
 •  Потпретседател Лусија Тополански
Законодавство Собрание на Уругвај
 •  Горен дом сенат
 •  Долен дом Комора на претставници
Независност од Бразил 
 •  Објавена независност 25 август 1825 
 •  Призната независност 27 август 1828 
 •  Прв устав 18 јули 1830 
 •  Прием во ООН 18 декември 1945 
Површина
 •  Вкупна 176.215 км2 (89-та)
 •  Вода (%) 1.5
Население
 •  проценка за 2016 г. 3.444.006[2] (99-та)
 •  Попис 2011 3,480,314[3] 
 •  Густина 28.6 жит/км2 (99-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2018 г.
 •  Вкупен $82 милијарди[4] (48-ма)
 •  По жител $23,267[4] (60-та)
БДП (номинален) проценка за 2018 г.
 •  Вкупно $61 милијарди[4] (28-ма)
 •  По жител $17,380[4] (43-та)
Џиниев коеф. (2016)positive decrease 39.7[5]
среден
ИЧР (2017) 0.804[6]
многу висок · 48-ма
Валута уругвајско песо (UYU)
Часовен појас UYT (UTC−3)
Се вози на десно
НДД .uy
Повик. бр. +598

Уругвај (шпански: Uruguay) — службено Источна Република Уругвај (República Oriental del Uruguay) — е независна држава во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај. Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атлантскиот Океан. Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе,[2] од кои 1.8 милиони живеат во главниот град Монтевидео. Со своите 176,000 километри квадратни, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина,[7] веднаш зад Суринам.

Територијата на Уругвај била населена од Чаруанците 4000 години[8] пред да дојдат португалските истражувачи и колонисти и да ја основаат Колонија Сакраменто во 1680 година. Во споредба со останатите околни јужноамерикански држави, Уругвај бил колонизиран релативно подоцна. Монтевидео, денешниот главен град, бил основан како воено упориште на Шпанската Империја во раниот 18 век, односно во период кога денешната територија на Уругвај била цел на колонизаторско-експандициони стремежи на Шпанската Империја преку Аргентина од една страна и Португалската Империја преку Бразил од другата страна. Во периодот од 1811 година до 1828 година Уругвај се изборил за својата независност. Туѓото влијание во Уругавј било доминатно во политичко-надворешната сфера на Уругвај, а војската била една од поважните елементи на домашната политика. Следствено на тоа, во 1973 година се одвил државниот удар, со што се основало граѓанското-воено диктаторство. Воената влада гонела лево ориентирани поединци, социјалисти и полтички противници. Воената власт била соборена во 1985 година, и со тоа се основата современата демократска држава.

Уругвај е рангирана на првото место во однос на демократијата, мирот, низок степен на корпупција,[9] е-влада,[10] и прва во Јужна Америка кога е во прашање слободата на медиумите, големината на средната класа и просперитетот.[9] По глава на жител, Уругвај допринесува кон миротворните мисии на ООН најмногу од сите држави.[9] Покрај тоа, државата е на врвот во однос на отсуство на тероризам, единствена таква положба во Јужна Америка. Во регионот е на второт место во однос на економската слобода, еднаквоста на приходите, приход по глава на жител и директни странски инвестиции.[9] Во однос на Индексот на човековиот развој и растот на БДП, иновација и инфраструктура, Уругвај е на третото место на континентот,[11][9] Според ООН, Уругвај е држава со висок приход на населението.[10] Скоро 95% од електричната енергија на Уругвај доаѓа од обновливи ресурси, воглавно хидроелектрани и ветерници.[12] Уругвај е еден од основачите на ООН, ОАД, Меркосур, СЈАД и Движењето на неврзаните.

Уругвај денес се смета за една од социјално најнапредните држави, со што се издвојува на регионален план, и високо се рангира на светско ниво во однос на човековите права, толеранцијата и прашањата поврзани со интеграцијата на маргинални групи.[13] Списанието „Економист“ (The Economist) го именувал Уругвај за „држава на годината“ за 2013 година.[14]

Other Languages
Acèh: Uruguay
Afrikaans: Uruguay
Alemannisch: Uruguay
አማርኛ: ኡሩጓይ
Ænglisc: Uruquaria
العربية: الأوروغواي
aragonés: Uruguai
arpetan: Urugoayi
asturianu: Uruguái
Avañe'ẽ: Uruguái
Aymar aru: Uruwayi
azərbaycanca: Uruqvay
تۆرکجه: اوروقوئه
বাংলা: উরুগুয়ে
Bân-lâm-gú: Uruguay
башҡортса: Уругвай
беларуская: Уругвай
беларуская (тарашкевіца)‎: Уругвай
भोजपुरी: उरुग्वे
Bikol Central: Uruguay
Bislama: Uruguay
български: Уругвай
Boarisch: Uruguay
bosanski: Urugvaj
brezhoneg: Uruguay
буряад: Уругвай
català: Uruguai
Чӑвашла: Уругвай
Cebuano: Uruguay
čeština: Uruguay
Chavacano de Zamboanga: Uruguay
chiShona: Uruguay
corsu: Uruguai
Cymraeg: Wrwgwái
dansk: Uruguay
davvisámegiella: Uruguay
Deitsch: Uruguay
Deutsch: Uruguay
ދިވެހިބަސް: އުރުގުއޭ
dolnoserbski: Uruguay
डोटेली: उरुग्वे
eesti: Uruguay
Ελληνικά: Ουρουγουάη
English: Uruguay
español: Uruguay
Esperanto: Urugvajo
estremeñu: Uruguai
euskara: Uruguai
eʋegbe: Uruguay
فارسی: اروگوئه
Fiji Hindi: Uruguay
føroyskt: Uruguai
français: Uruguay
Frysk: Oerûguay
Gaeilge: Uragua
Gagauz: Urugvay
Gàidhlig: Uruguaidh
galego: Uruguai
ગુજરાતી: ઉરુગ્વે
गोंयची कोंकणी / Gõychi Konknni: उरुग्वे
客家語/Hak-kâ-ngî: Uruguay
한국어: 우루과이
հայերեն: Ուրուգվայ
हिन्दी: उरुग्वे
hornjoserbsce: Uruguay
hrvatski: Urugvaj
Ido: Uruguay
Igbo: Uruguay
Ilokano: Uruguay
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: উরুগুয়ে
Bahasa Indonesia: Uruguay
interlingua: Uruguay
Interlingue: Uruguay
Ирон: Уругвай
íslenska: Úrúgvæ
italiano: Uruguay
עברית: אורוגוואי
Basa Jawa: Uruguay
Kabɩyɛ: Uruguwe
kalaallisut: Uruguay
ಕನ್ನಡ: ಉರುಗ್ವೆ
Kapampangan: Uruguay
ქართული: ურუგვაი
қазақша: Уругвай
kernowek: Urugway
Kinyarwanda: Irigwe
Kirundi: Uruguay
Kiswahili: Uruguay
Kongo: Urugway
Kreyòl ayisyen: Irigwe
kurdî: Ûrûguay
Кыргызча: Уругвай
кырык мары: Уругвай
Ladino: Uruguay
لۊری شومالی: اوروگۊاٛ
latgaļu: Urugvajs
Latina: Uraquaria
latviešu: Urugvaja
Lëtzebuergesch: Uruguay
лезги: Уругвай
lietuvių: Urugvajus
Ligure: Uruguay
Limburgs: Uruguay
lingála: Ulugwai
Lingua Franca Nova: Uruguai
Livvinkarjala: Urugvai
la .lojban.: uruguais
lumbaart: Uruguay
magyar: Uruguay
मैथिली: उरुग्वे
Malagasy: Uruguay
മലയാളം: ഉറുഗ്വേ
Malti: Urugwaj
मराठी: उरुग्वे
მარგალური: ურუგვაი
مازِرونی: اروگوئه
Bahasa Melayu: Uruguay
Baso Minangkabau: Uruguay
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Uruguay
монгол: Уругвай
မြန်မာဘာသာ: ဥရုဂွေးနိုင်ငံ
Na Vosa Vakaviti: Uruguay
Nederlands: Uruguay
नेपाली: उरुग्वे
नेपाल भाषा: उरुग्वे
日本語: ウルグアイ
Napulitano: Uruguay
нохчийн: Уругвай
Nordfriisk: Uruguay
Norfuk / Pitkern: Uruguay
norsk: Uruguay
norsk nynorsk: Uruguay
Novial: Uruguay
occitan: Uruguai
олык марий: Уругвай
ଓଡ଼ିଆ: ଉରୁଗୁଏ
Oromoo: Uraaguwaay
oʻzbekcha/ўзбекча: Urugvay
ਪੰਜਾਬੀ: ਉਰੂਗੁਏ
Pangasinan: Uruguay
پنجابی: یوراگوۓ
Papiamentu: Uruguai
Patois: Yurugwai
Piemontèis: Uruguay
Tok Pisin: Yuruguwai
Plattdüütsch: Uruguay
polski: Urugwaj
português: Uruguai
Qaraqalpaqsha: Urugvay
qırımtatarca: Urugvay
română: Uruguay
Romani: Uruguay
rumantsch: Uruguay
Runa Simi: Uruwayi
русский: Уругвай
саха тыла: Уругуай
Gagana Samoa: Iurukuei
संस्कृतम्: उरुग्वाय
sardu: Uruguay
Scots: Uruguay
Seeltersk: Uruguay
shqip: Uruguaji
sicilianu: Uruguai
Simple English: Uruguay
slovenčina: Uruguaj
slovenščina: Urugvaj
словѣньскъ / ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ: Оуроугваи
ślůnski: Urugwaj
Soomaaliga: Uruguay
کوردی: ئوروگوای
српски / srpski: Уругвај
srpskohrvatski / српскохрватски: Urugvaj
Basa Sunda: Uruguay
suomi: Uruguay
svenska: Uruguay
Tagalog: Uruguay
தமிழ்: உருகுவை
Taqbaylit: Urugway
татарча/tatarça: Уругвай
తెలుగు: ఉరుగ్వే
tetun: Uruguai
тоҷикӣ: Уругуай
Türkçe: Uruguay
Türkmençe: Urugwaý
українська: Уругвай
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: ئۇرۇگۋاي
Vahcuengh: Uruguay
vèneto: Uruguay
vepsän kel’: Urugvai
Tiếng Việt: Uruguay
Volapük: Luruguyän
Võro: Uruguay
文言: 烏拉圭
West-Vlams: Uruguay
Winaray: Uruguay
Wolof: Uruguwaay
吴语: 乌拉圭
ייִדיש: אורוגוויי
Yorùbá: Uruguay
粵語: 烏拉圭
Zazaki: Uruguay
Zeêuws: Uruguay
žemaitėška: Urugvajos
中文: 乌拉圭