Унгарска револуција (1848)

Уметничка слика која ја претставува унгарската револуција од 1848.

Унгарска револуција од 1848 ( унгарски: 1848–49-es forradalom és szabadságharc) — револуција на унгарскиот народ која покрај општите обележја која ги делела со останатите европски востанија против феудализмот, ослободувањето на кметовите и борбите за другите човекови права, таа првенствено имала карактер на унгарска војна која се залагала за независна и самостојна држава.

Почеток на револуцијата

Водачот и најистакнатиот поединец во ова револуција бил Лајош Кошут. Револуцијата започнала во Пешта, на 15 Март, предводена од група студенти на чело со Петефи Шандор. Групата тргнала од кафеаната "Пилвакс", да бара ослободување на политичките затвореници.Тоа ги потикна масовните протести на улиците во Пешта.

Other Languages
Bahasa Indonesia: Revolusi Hongaria 1848
slovenčina: Uhorská revolúcia
srpskohrvatski / српскохрватски: Mađarska revolucija 1848.