Тревовидни

Тревовидни
Wheat field.jpg
Мека пченица (Triticum aestivum)
Научна класификација
Царство:Растенија
Нерангирано:Скриеносеменици
Нерангирано:Монокотиледони
Нерангирано:Комелиниди
Ред:Тревовидни
Small
Фамилии

во текстот.

Пирамидална билбергија Billbergia pyramidalis од фамилијата Бромелиеви
Процулена мухарка (Setaria verticillata) од фамилијата Треви

Тревовидните (науч. Poales) е голем ред на цветни растенија од групата монокотиледони. Тука спаѓаат растителните семејства како тревите, бромелиевите и остриките. Денес ботаничарите признаваат 16 семејства во склоп на тревовидните.

Според неодамнешните проучувања[1] тревовидните растенија водат потекло од Јужна Америка, и тоа пред речиси 115 милиони години. Најстарите пронајдени фосили се полен и плодови што датираат од доцната креда. Цветовите им се мали, затворени во брактеи и распоредени во соцветие (освен кај родот Mayaca, каде има по еден цвет на крајот од растението). Кај многу видови опрашувањето го врши ветерот. Семето обично содржи скроб.

Системот APG III (2009) го прифаќа редот и го сместува во кладот комелиниди, во рамките на монокотиледоните. Ги опфаќа следниве фамилии:

  • ред Poales
    фамилија Anarthriaceae
    фамилија Bromeliaceae
    фамилија Centrolepidaceae
    фамилија Cyperaceae
    фамилија Ecdeiocoleaceae
    фамилија Eriocaulaceae
    фамилија Flagellariaceae
    фамилија Joinvilleaceae
    фамилија Juncaceae
    фамилија Mayacaceae
    фамилија Poaceae
    фамилија Rapateaceae
    фамилија Restionaceae
    фамилија Thurniaceae
    фамилија Typhaceae
    фамилија Xyridaceae

Стопанска важност

Тревовидните се стопански најзначаен ред на растенија. Во рамките на редот, во голема мера најзначајна е фамилијата на треви ( Poaceae), каде спаѓа јачменот, пченката, просото, оризот и пченицата. Таа е воедно и најголемата фамилија во редот, со многу повеќе видови од останатите:

  • Треви (Poaceae): 12.070 видови
  • Острики (Cyperaceae): 5.500 видови
  • Бромелиеви (Bromeliaceae): 3.170 видови
  • Руностеблести (Eriocaulaceae): 1.150 видови
Other Languages
العربية: قبئيات
asturianu: Poales
azərbaycanca: Qırtıcçiçəklilər
башҡортса: Ҡыяҡлылар
беларуская: Метлюжкакветныя
български: Poales
català: Poals
čeština: Lipnicotvaré
corsu: Poales
English: Poales
español: Poales
Esperanto: Poales
euskara: Poales
français: Poales
galego: Poales
한국어: 벼목
hrvatski: Travolike
Bahasa Indonesia: Poales
íslenska: Grasbálkur
italiano: Poales
עברית: דגנאים
Basa Jawa: Poales
Latina: Poales
lietuvių: Migliečiai
lumbaart: Poales
Bahasa Melayu: Poales
Nederlands: Poales
日本語: イネ目
Nordfriisk: Poales
polski: Wiechlinowce
português: Poales
română: Poales
русский: Злакоцветные
Scots: Poales
Simple English: Poales
српски / srpski: Poales
Basa Sunda: Poales
suomi: Poales
Türkçe: Poales
українська: Тонконогоцвіті
Tiếng Việt: Bộ Hòa thảo
West-Vlams: Poales
Winaray: Poales
中文: 禾本目