Тимар

Тимар претставува имот со приход до 19.999 акчиња (османлиски сребрени пари). Турските паши на своите офицери со царски берати им давале на управување тимари на определени места. Управителите на тимарите, спахиите, имале право да ги собираат сите даноци од доделеното земјиште задржувајќи за себе одреден дел. Со приходите од тимарите, спахиите заработувале за својата издршка, вклучително и трошоците за своето вооружување. Спахијата бил должен да учествува во воените походи на турската армија со вооружени коњаници, по еден на секои 3.000 акчиња приход на својот тимар. За посебни заслуги, процентот кој го земал спахијата од вкупните приходи можел и да се зголеми. Тимарот најчесто се доделувал во замена за извршување на воена должост, односно како воено лено со ограничено наследно право, колку биле поголеми приходите толку биле поголеми и обврските кон државата. Понекогаш некои тимари се доделувале на невоени лица, кој влегувале во владеачката османлиска класа, понекогаш кадиите, преставници на османлискиот судски систем добивале тимари за извршување на своите должности.

Other Languages
العربية: تيمار
български: Тимар
bosanski: Timar
čeština: Timar
Deutsch: Tımar
Ελληνικά: Τιμάριο
English: Timar
français: Timar
italiano: Timar
עברית: טימאר
polski: Timar
русский: Тимар
shqip: Timari
српски / srpski: Timar (feud)
srpskohrvatski / српскохрватски: Timar
Türkçe: Tımar (arazi)
українська: Тімар