Теренциј

Теренциј

Публиј Теренциј Афер (Африканец) (лат. Publius Terentius Afer), повеќе познат само како Теренциј, е комедиограф (комичен драматург) од времето на Римската Република. Годината на неговото раѓање е спорна; Елиј Донат, во неговото нецелосно дело Commentum Terenti, смета дека Теренциј се родил во 185 п.н.е. [1]; Фенестела, од друга страна, вели дека е роден десет години порано, во 195 п.н.е..[2] Роден е во Картагина, но не бил картагинец како што вели неговото име; римјаните го користеле етнонимот Афер за луѓе родени во Африка, но за картагинците го употребувале исклучуво зборот Пуникус[3]. Теренциј бил веројатно од либиско потекло[4]. За прв пат неговите комедии почнале да се изведуваат во ~170-160 п.н.е., а умрел млад, веројатно во 159 п.н.е. во Грција или по пат, враќајќи се во Рим. Напишал шест пиеси, од кои сите се зачувани (за споредба, неговиот претходник Плаут напишал 21 пиеса, од кои сите се зачувани).

Позната негова реченица е: „Homo sum, humani nihil a me alienum puto“ („Човек сум и ништо човечко не ми е туѓо“). Оваа реченица е од пиесата Себеизмачувач.

Биографија

Теренциј се родил во богато семејство во Картагина кое банкротирало и било продадено на Теренциј, римски сенатор, кој подоцна го образувал младиот Теренциј, и воодушевен од неговите способности, го ослободил.

На возраст од 25 години Теренциј го напуштил Рим и никогфап не се вратил, по изведувањето на сите шест комедии кои и денес се изведуваат. Некои антички автори велат дека умрел на море.

Other Languages
العربية: ترنتيوس
aragonés: Terencio
беларуская: Тэрэнцый
български: Теренций
brezhoneg: Terentius
català: Terenci
dansk: Terents
Deutsch: Terenz
eesti: Terentius
Ελληνικά: Τερέντιος
English: Terence
español: Terencio
Esperanto: Terentio
euskara: Terentzio
français: Térence
Frysk: Terentius
galego: Terencio
Հայերեն: Տերենտիուս
hrvatski: Terencije
íslenska: Terentius
қазақша: Теренций
latviešu: Terencijs
മലയാളം: ടെറൻസ്
norsk: Terents
polski: Terencjusz
português: Terêncio
română: Terențiu
Scots: Terence
slovenčina: Terentius
slovenščina: Terencij
srpskohrvatski / српскохрватски: Publije Terencije Afer
suomi: Terentius
svenska: Terentius
Türkçe: Terentius
українська: Теренцій