Теофил Готје

Теофил Готје
Théophile Gautier
Théophile Gautier vers 1855 par Nadar.jpg
Теофил Готје фотографиран од Надар (1855)
Роден/а30 август 1811(1811-08-30)
Тарб, Франција
Починат/а23 октомври 1872(1872-10-23) (воз. 61 г.)
Неји-сир-Сен, Франција
Занимањепоет, романописец и критичар
Националностфранцуска
ПериодXIX век
Книжевно движењеромантизам, парнасизам
ДецаЖидит Готје (ќерка)

Теофил Готје (француски: Théophile Gautier), (Тарб, 30 август 1811[1] – Неји-сир-Сен, 23 октомври 1872) – француски поет, романописец и ликовен и литературен критичар.

Роден во Тарб, Теофил Готје живее во Париз од најраното детство. Се запознал со Жерар Лабрини (идниот Жерар де Нервал) на Колеж Шарлемањ и уште многу млад се интересира за поезијата. Во 1829 година го сретнува Виктор Иго кого го признава за свој учител и активно учествува во движењето на романтизмот како и во прочуената „битка на Ернани“, на 25 февруари 1830 година. Во 1833 година со хумор ќе го евоцира овој период во „Младите-Франција“ (Les Jeunes-France).

Во 1831 – 1832 година ги издава своите први песни кои поминуваат незабележано, но тој се разликува од своите пријатели од движењето за романтизам по своите формалистички преокупации критикувајќи ги моралистичките или утилитаристички визии на литературата во прочуениот вовед на неговиот епистоларен роман „Госпоѓицата де Мопен“ (Mademoiselle de Maupin, 1835). Исто така ги пишува своите први новели, меѓу кои „Кафематот“ (1831), со фантастична нишка која ќе ја продлабочи во други негови дела („Роман за мумијата“ (Le Roman de la momie), 1858).

Во 1836 година, на барање на Балзак, тој објавува новели и уметнички критики во весникот „Ла кроник де Пари“ (La Chronique de Paris – Париска хроника). Потоа интензивно соработува со други весници, особено со „Ла прес“ (La Presse – Печат) на Емил Жирарден. Некои од овие текстови подоцна ќе бидат издадени во книги („Гротески“ (Les Grotesques), „Книжевни спомени“ (Souvenirs littéraires)...). Исто така издава песни („Комедијата на смртта“ (La Comédie de la Mort), 1838) и се обидува во театарот со пишување на драми („Ѓаволска солза“ (Une larme du diable), 1839). Во мај 1845 година, оди на големо патување зад Пиринеите од кое произлегува еден бележник на впечатоци („Патување во Шпанија“ (Voyage en Espagne) и нови песни („Еспања“ (España), 1845). Патува и во други земји, во Алжир, Италија, Грција, Египет, од кои исто така произлегуваат разни публикации.

Во 1852 година, излегува од печат „Глазури и камеи“ (Émaux et Camées) која ја надополнува (неколкупати до 1872 година) и со која нејзиниот автор станува водач на школата. Бодлер својата „Цвеќињата на злото“ (Les Fleurs du mal) му ја посветува на „беспрекорниот поет“»[2] и Теодор де Банвил го поздравува бранителот на „ларпурлартизмот“, претходник на парнасовците во потрага по убавото, против лирските изливи на романтичарите и вреднувајќи ја работата врз основа на формата на делото („Вајај, стружи, делкај“ (« Sculpte, lime, cisèle ») пишува Готје во својата песна „Уметноста“ (L’Art), последната од збирката „Глазури и камеи“, издание од 1872 година).

Во 1855 година, Готје ја напушта редакцијата на весникот „Ла прес“ и почнува соработка со „Монитер универсел“ (Moniteur Universel). Како ликовен и театарски критичар, авторот секој месец обезбедува бројни статии за сликарството и културниот живот, како и свои дела пред објавување[3]. Египтологијата е во мода откако Шамполион ги открил тајните на хиероглифското писмо. Од 11 март 1857 година, Теофил Готје ги пасионира своите читатели со „Романот на мумијата“, љубовна приказна која се одвива во времето на фараоните. Во 1848 година, во „Ла прес“, под наслов „Двете ѕвезди“ (Les Deux Étoiles), излегува роман во кој двајца англиски авантуристи се обидуваат да го ослободат Наполеон I од островот Света Елена. Истиот е издаден во „Л’универ илистре“ (L’Univers Illustré- Илустриран свет) од 24 јуни 1865 година под наслов „Убавата Жени“ (La Belle Jenny). [4]

Тој продолжува да издава статии и песни, но пишува и биографија на Оноре де Балзак и авантуристички дела како неговиот роман на наметка и меч „Капетанот Фракас“ (Le Capitaine Fracasse) (1863). Назначен е за библиотекар на принцезата Матилда Бонапарт и ги посетува книжевните салони на Второто Царство, но исто така и уметничкото милје, интересирајќи се за музичарите (пишува за Хектор Берлиоз, Шарл Гуно, Рихард Вагнер, ... и го пишува либретото за балетотЖизел“ на Адолф Адам) како и за сликарите (Ежен Делакроа, Едуар Мане, Гистав Доре, Теодор Шасерио[5]).

Починал во 1872 година оставајќи слика на сведок на книжевниот и уметнички живот на своето време, чии уметнички концепти биле ценети и чие разновидно дело сè уште е признато.

Other Languages
العربية: تيوفيل غوتيه
azərbaycanca: Teofil Qotye
беларуская (тарашкевіца)‎: Тэафіль Гат’е
български: Теофил Готие
հայերեն: Թեոֆիլ Գոթիե
Bahasa Indonesia: Théophile Gautier
ქართული: თეოფილ გოტიე
latviešu: Teofils Gotjē
مازِرونی: تئوفیل گوتیه
Nederlands: Théophile Gautier
português: Théophile Gautier
Simple English: Théophile Gautier
slovenčina: Théophile Gautier
slovenščina: Théophile Gautier
српски / srpski: Теофил Готје
srpskohrvatski / српскохрватски: Théophile Gautier
українська: Теофіль Готьє
Tiếng Việt: Théophile Gautier