Театар со сенки

Игра на сенки или познато како куклен театар со сенки е древна форма на раскажување и забава која користи рамни артикулирани фигури (сенка кукли) за да се создаде впечаток на движењето на луѓето и другите три-димензионални објекти.Сенка куклите се склопка на личности кои се одржуваат помеѓу изворот на светлина и проѕирен екран или вид на завеса. Склопката форми на кукли понекогаш вклучуваат проѕирена боја или други видови на детали. Различни ефекти може да се постигнат со поместување на двете кукли и изворот на светлината. А талентираните куклари можат да направат фигурите да се појавуваат да одат, танцуваат, борат, поздравуваат и да се смеат.Играта на сенки е многу популарна во различни култури. Во моментов постојат повеќе од 20 земји каде што постојат ансамбл настапи со сенки. Сенка куклите се стара традиција и имаат долга историја во Југоисточна Азија, особено во Индонезија, Малезија, Тајланд и Камбоџа. Исто така се сметаат како древна уметност во други делови на Азија како на пример во Кина, Индија и Непал. Тие се исто така познати на Запад во Турција, Грција и Франција. Тие се популарна форма на забава за деца и за возрасни во многу земји низ целиот свет.

Other Languages
العربية: خيال الظل
Deutsch: Schattenspiel
Ελληνικά: Θέατρο σκιών
English: Shadow play
Esperanto: Ombroludo
한국어: 그림자극
italiano: Teatro d'ombre
Nederlands: Schimmenspel
日本語: 影絵
polski: Teatr cieni
português: Teatro de sombras
русский: Театр теней
svenska: Skuggspel
Türkçe: Gölge oyunu
українська: Театр тіней
粵語: 皮影戲
中文: 皮影戲