Субраманијан Чандрасекар

Субраманијан Чандрасекар
சுப்பிரமணியன் சந்திரசேகர்
ChandraNobel.png
Субраманијан Чандрасекар
Роден19 октомври 1910(1910-10-19)
Лахор, Британска Индија
Починал21 август 1995(1995-08-21) (воз. 84 г.)
Чикаго, Илиноис, САД
ЖивеалиштеСАД
ДржавјанствоБритански Индиец (1910-1947), Индиец (1947-53), Американец (1953-1995)
Полињаастрофизика
УстановиЧикашки универзитет
Кембрички универзитет
ОбразованиеПретседателски колеџ
колеџ „Тринити“
Докторски менторРолф Х. Фовлер, Артур Стенли Едингтон
ДокторандиДоналд Едвард Остерброк, Роланд Винстон, Џереми П. Острикер, Џером Кристиан, Јусеф Собути
Познат поЧандрасекарова граница
Поважни наградиАдамова Награда (1948)
Нобелова награда за физика (1983)
Коплиев медал (1984)
Национален медал за наука (1966)
Кралски медал (1962)
Падма Вибхушан (1968)
Хајнеманова награда (1974)

Субраманијан Чандрасекар (тамилски: சுப்பிரமணியன் சந்திரசேகர்; 19 октомври 191021 август 1995),[1]индиски астрофизичар роден во Лахор кој, заедно со Вилијам Фаулер, во 1983 бил награден со Нобелова награда за физика поради неговата математичка теорија за црните дупки, која а клучно откритие што довело до моментално прифатената теорија на подоцнежните развојни фази на масивните ѕвезди.[2][3] Чандрасекаровата граница е именувана во негова чест.

Чандрасекар во различни периоди работел во различни области, вклучувајќи ѕвездената структура, теоријата за белите џуџиња, ѕвездената динамика, теоријата за пренос на зрачењето, квантната теорија на водородниот анјон, хидродинамичка и хидромагнетна стабилност, рамнотежа и стабилност на елипсовидни фигури при рамнотежа, општа релативност, математичка теорија за црни дупки и теоријата на судир на гравитациони бранови.[4] На Кембричкиот универзитет, тој развил теориски модел за објаснување на структурата на белите џуџиња, кај кои се земала во предвид релативистичката промена на масата со брзините на електроните кои ја сочинуваат дегенеративната материја. Тој покажал дека масата на белото џуџе неможе да има маса поголема од 1,44 маси на Сонцето, или т.н. Чандрасекарова граница. Чандрасекар ги прегледал моделите за ѕвездената динамика чиј автори бииле Јан Орт и други, при што ги земал во предвид ефектите на променливите гравитациони полиња во рамките на Млечниот Пат на ѕвезди кои се во вртежен танц околу галактичкиот центар. Неговото решение за овој сложен динамички проблем кој се состои од дваесет парцијални диференцијални равенки, кои опишувале ново својство кое го нарекол „динамичко триење“, кое го има двојното дејство за намалување на брзинта на движење на ѕвездите и помага при стабилизација на ѕвездените јата. Чандрасекар ја проширил оваа анализа и на меѓуѕвездената средина, покажувајќи дека облаците од галактичкиот гас и прашина се распределуваат многу нерамномерно.

Чандрасекар студирал на Претседателскиот колеџ и Кембричкиот универзитет. Тој го поминал поголемиот дел од својата кариера на Чикашкиот универзитет, поминувајќи го времето во Јеркската опсерваторија, и бил уредник на The Astrophysical Journal од 1952 до 1971. Тој работел на Чикашкиот универзитет од 1937 се до неговата смрт во 1995 година на возраст од 84 години.

Чандресакар стапил во брак со Лалита Дорисвеми во септември 1936 година. Тој ја запознал на Претседателскиот колеџ.

Чандрасекар бил внук на Сер Чандрасекара Венката Раман, кој е добитник на Нобеловата награда по физка во 1930 година.

Тој станал натурализиран граѓанин на САД во 1953 година.

Other Languages
Bahasa Indonesia: Subrahmanyan Chandrasekhar
oʻzbekcha/ўзбекча: Subrahmanyan Chandrasekhar
srpskohrvatski / српскохрватски: Subramanijan Čandrasekar