Сончева маса

Големината и масата на мошне големи ѕвезди: најголем пример е ѕвездата Пиштол (150 ). Други се Ро Касиопеја (40 ), Бетелгез (20 ) и VY Големо Куче (30-40 ). (Сонцето (1 ) е ставено за споредба, но не се гледа на оваа минијатура)

Сончевата маса (), 1.98892×1030 kg, е стандардна единица мерка за маса во астрономијата, со која се изразуваат масите на другите ѕвезди и галаксии. Еднаква е на масата на Сонцето, околу 2 нонилиона килограми или околу 332.950 пати повеќе од масата на Земјата (1.048 пати масата на Јупитер).

[1]

Сончевата маса може да се утврди преку должината на годината, растојанието од Земјата до Сонцето (астрономската единица) (ае), и гравитациската константа (G) вака:

.

Вредноста на гравитациската константа е изведена од мерењата на англискиот научник Хенри Кавендиш кој во 1798 ја добил користејќи се со вртежна рамнотежа. Кавендишовата вредност се разликува за само 1% од денешната.[2] Дневната паралакса на Сонцето е прецизно измерена со набљдувањето на премините на Венера во 1761 и 1769 г,[3] кога е востановена вредноста 9″ (денешната е 8,794148″). Кога е позната дневната паралакса, оддалеченоста на Сонцето може да се изведе од геометријата на Земјата.[4]

Првиот што ја проценил масата на Сонцето е англискиот научник Исак Њутн. Во неговото дело „Математички начела на природознанието“ (Philosophiæ Naturalis Principia Mathematica), Њутн проценува дека соодносот на Земјината и Сончевата маса изнесува околу 1/28.700. Подоцна увидел дека овој резултат го добил поради погрешна вредност на сончевата паралакса, со која се утврдува оддалеченоста на Сонцето (1 ае). Откако се навратил на проблемот, во третото издание на „Начела“ Њутн востановува дека соодносот всушност изнесува 1/169,282. Постојната вредност на сончевата паралакса е уште помала, со масен сооднос од 1/332.946.[5]

Како мерна единица, сончевата маса се појавила пред точното утврдување на астрономската единица и гравитациската константа. Причината за ова е тоа што релативната маса на друга планета во Сончев систем или на една двојна ѕвезда изразена во сончеви маси може се утврди сосем независно од овие слабо познати константи, и тоа е причината што тие се дефинираат со неа

Масата на Сонцето се менува бавно во однос на неговиот животен век. Губитокот на масата се должи на два подеднакво важни процеса. Првиот е претворањето на водородот од Сончевото јадро во [хелиум] по пат на нуклеарна фузија (поточно пп-верига). Вака масата се претвора во енергија, согласно на законитоста за еднаквоста на масата и енергијата. По некое време Сонцето ја израчува сета енергија. Вториот процес е сончевиот ветер, што е појава при која Сонцето исфрла (претежно) протони и електрони во подалечната вселена.

Сродни единици

Една Сончева маса M може да се изрази и во следниве единици:

  • 27068510 Месечева маса (ML)
  • 332946 Земјина маса (M)
  • 1 047,56 Јупитерова маса (MJ)

При изучување на општиот релативитет, масата честопати се изразува во единици за должина или време.

Other Languages
Afrikaans: Sonmassa
العربية: كتلة شمسية
asturianu: Masa solar
беларуская: Сонечная маса
беларуская (тарашкевіца)‎: Сонечная маса
български: Слънчева маса
brezhoneg: Tolz Heol
català: Massa solar
Deutsch: Sonnenmasse
Ελληνικά: Ηλιακή μάζα
English: Solar mass
español: Masa solar
Esperanto: Suna maso
euskara: Eguzki masa
français: Masse solaire
한국어: 태양질량
Bahasa Indonesia: Massa matahari
italiano: Massa solare
עברית: מסת שמש
ქართული: მზის მასა
Kiswahili: Masi ya Jua
Lëtzebuergesch: Sonnemass
lietuvių: Saulės masė
magyar: Naptömeg
Malagasy: Lanjamasoandro
മലയാളം: സൗരപിണ്ഡം
Bahasa Melayu: Jisim suria
Nederlands: Zonsmassa
日本語: 太陽質量
norsk: Solmasse
norsk nynorsk: Solmasse
ਪੰਜਾਬੀ: ਸੌਰ ਪੁੰਜ
Plattdüütsch: Sünnmasse
português: Massa solar
română: Masă solară
Scots: Solar mass
sicilianu: Massa sulari
සිංහල: Solar mass
Simple English: Solar mass
slovenčina: Hmotnosť Slnka
slovenščina: Sončeva masa
српски / srpski: Сунчева маса
svenska: Solmassa
українська: Маса Сонця
Volapük: Solamasat
粵語: 太陽質量
中文: 太阳质量