Скроб
English: Starch

Шаблон:Chembox SolubilityInWater
Скроб
Скроб од пченка во вода
Назнаки
9005-25-8 Yes check.svgОк
RTECS бројGM5090000
Својства
Хемиска формула
Моларна маса0 g mol−1
Изгледбел прашок
Густина1,5 g/cm3
Точка на топење
Штетност
MSDSICSC 1553
EU индексnot listed
Температура на самозапалување410 °C
 Yes check.svgОк(што е ова?)  (завери)
Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa)
Наводи

Скроб или нишесте — (C6H10O5)n — растителен полисахарид. Претставува основен резервен шеќер кај растенијата, односно депо на глукоза и нејзин полимер. Постојат два основни видови на скроб, кои во скробните зрна се заедно:

Скробни зрна видени со поларизационен филтер, зголемени 800 пати. Тие се оптички активни.
  • Амилоза, која се состои од линеарни и неразгранети ланци од неколку илјади глукозни единици. Овие единици се поврзани со гликозидна врска помеѓу нивните први и четврти јаглеродни атоми.
  • Амилопектин, кој се разликува од амилозата по тоа што има многу разгранета структура. На приближно секоја тринаесетта глукозна единица во ланецот е прикачен краток страничен ланец преку гликозидна врска на 6 С-атом (јаглеродот над прстенот). Вкупниот број на глукозни единици во една молекула на амилопектин изнесува неколку илјади.

Скробот е нерастворлив во вода. Растенијата го претвораат вишокот од глукоза во скроб. Пред скробот да влезе (или да ги напушти) клетките, тој мора да биде дигериран. Хидролизата на скробот се одвива со помош на ензимите амилази. Во присуство на амилаза (како што е панкреасната амилаза), водните молекули навлегуваат во 1 -> 4 врските, цепејќи го ланецот и произведувајќи мешавина од глукоза и малтоза (претходно се добиваат меѓупродукти декстрини). Друг тип на амилаза е потребна за да се раскинат 1 -> 6 врските на амилопектинот.

Историја

Скробно лепило

Скробни зрна од ризомите од растението папур ( Typha) во вид на брашно се идентификувани на мелничките камења од Европа кои датираат од пред 30 000 години.[1]

Чиста пченична скробна паста била користена во Антички Египет најверојатно за лепење на папирус.[2] Екстракцијата на скробот најпрво е опишана во книгата Naturalis Historia од Плиниј Постариот, околу 77-79 година.[3] Римјаните го користеле скробот во козметички кремови. Персијците и Индијците го користеле за изработка на храна, слична на пченичната алва. Скробот од ориз бил користен за површинско премачкување на хартијата во производството на хартија во Кина, од 700 година па наваму.[4]

Other Languages
Alemannisch: Stärke
العربية: نشا
aragonés: Amelón
asturianu: Almidón
azərbaycanca: Nişasta
تۆرکجه: نشاسته
বাংলা: শ্বেতসার
башҡортса: Крахмал
беларуская: Крухмал
беларуская (тарашкевіца)‎: Крухмал
български: Нишесте
bosanski: Škrob
català: Midó
čeština: Škrob
dansk: Stivelse
Deutsch: Stärke
eesti: Tärklis
Ελληνικά: Άμυλο
English: Starch
español: Almidón
Esperanto: Amelo
euskara: Almidoi
فارسی: نشاسته
français: Amidon
Frysk: Stiselmoal
Gaeilge: Stáirse
galego: Amidón
한국어: 녹말
հայերեն: Օսլա
हिन्दी: मंड
hrvatski: Škrob
Ido: Amilo
Bahasa Indonesia: Amilum
íslenska: Sterkja
italiano: Amido
עברית: עמילן
ಕನ್ನಡ: ಪಿಷ್ಟ
ქართული: სახამებელი
қазақша: Крахмал
Kiswahili: Wanga
Latina: Amylum
latviešu: Ciete
lietuvių: Krakmolas
Limburgs: Zètmael
lumbaart: Amed
magyar: Keményítő
മലയാളം: അന്നജം
Bahasa Melayu: Kanji
монгол: Цардуул
Nederlands: Zetmeel
日本語: デンプン
Napulitano: Posema
norsk: Stivelse
norsk nynorsk: Stive
occitan: Amidon
oʻzbekcha/ўзбекча: Kraxmal
ਪੰਜਾਬੀ: ਸਟਾਰਚ
polski: Skrobia
português: Amido
română: Amidon
Runa Simi: Miqu
русский: Крахмал
Scots: Stairch
shqip: Amidoni
Simple English: Starch
slovenčina: Škrob
slovenščina: Škrob
српски / srpski: Скроб
srpskohrvatski / српскохрватски: Škrob
Basa Sunda: Aci
suomi: Tärkkelys
svenska: Stärkelse
Tagalog: Gawgaw
татарча/tatarça: Kraxmal
Türkçe: Nişasta
українська: Крохмаль
اردو: نشاستہ
Tiếng Việt: Tinh bột
吴语: 淀粉
ייִדיש: קראכמל
粵語: 澱粉
中文: 淀粉