Северен пол

Карта на Арктикот со северниот поларен круг (сино).
Северниот пол.

Северен пол, познат и како географски северен пол или Земјин северен пол или Арктикгеографски пол дефиниран како местото во северната полутопка каде Земјината оска на вртење се состанува со Земјината површина.

Северниот пол е најсеверната точка на Земјата, лежејќи дијаметрички спротивно од јужниот пол. Ограничен е од од 90° СГШ (Φ= +π/2), и како правецот на т.н. географски север. Бидејќи на Северниот пол сите правци покажуваат север, таквата географска ширина може да се дефинира како секој вредносен степен (-π ≤ λ ≤ +π).

Додека јужниот пол лежи на континентална земјина маса, северниот пол се наоѓа во средината на Северниот Леден (Арктички) Океан чии води речиси постојано се покриени со огромни ледени водни маси. Поради ова не е сигурно да се изгради станица на северниот пол (за разлика од јужниот пол). Како и да е, Советскиот Сојуз и подоцна Русија, имаат изградено голем број на станици преку кој го проучуваат северниот пол. Денеска, научниците предвидуваат дека до 2050 ќе дојде до топење на сантите мраз. [1] Повеќе песимистички, беше тврдено од некои научници дека сантите мраз ќе исчезнат некаде во средината на 2008, предвидување кое очигледно не се исполни. [2] [3] На 15 декември 2008, некои Канаѓани изјавија дека некои научници тврдат дека топењето на сантите мраз ќе почне некаде во 2014. [4]

Морската длабочина на северниот пол е измерена и изнасува околу 4261 метри. [5] Најчесто се вели дека најблиското копно е островот Кафеклубен, одалечен околу 700 км од северниот брег на Гренланд.

Прецизна дефиниција

Астрономите го дефинираат северниот географски пол на планета или друг објект во Сончевиот систем со планетарниот пол кој е во истата елиптична полутопка како и Земјиниот северен пол. Попрецизно, „Северниот пол е полот на вртење кој лежи на северната страна на постојана [2]. Ако се користи првата дефиниција (според Меѓународниот астрономски сојуз), осниот агол секогаш ќе биде 90° или помалку, но периодот на вртење може да биде негативен ( повратно вртење); кога се користи втората дефиниција, осниот агол може да биде поголем од 90° но периодот на вртење е секогаш позитивен..

Имињата на магнетните полови се добиваат во зависност од насоката на силовите линии (кон или од земјината кора). Ако тие имаат иста насока како кај Земјата во северниот пол, го нарекуваме северен магнетен пол за планетата.

Некои тела во сончевиот систем како Сатурновиот природен сателит Хиперион и астероидот 4179 Toutatis, немаат географски северен пол. Тие ротираат хаотично заради неправилната форма и гравитациските влијанија од околните планети и месечини.

Проекцијата на Северниот Географски пол на една планета на небесната сфера го дава небесниот пол.

Во случај на синхрони сателити, можеме да дефинираме четири или повеќе пола. Тие се близок, далечен, водечки и краен пол. На пример, месечината на Јупитер Ија ротира синхроно, па нејзината ориентација во однос на Јупитер е секогаш константна.

Other Languages
Afrikaans: Noordpool
Alemannisch: Nordpol
አማርኛ: ስሜን ዋልታ
aragonés: Polo Norte
asturianu: Polu Norte
azərbaycanca: Şimal qütbü
تۆرکجه: قوزئی قوطبو
Bân-lâm-gú: Pak-ke̍k
башҡортса: Төньяҡ полюс
беларуская: Паўночны полюс
беларуская (тарашкевіца)‎: Паўночны полюс
български: Северен полюс
Boarisch: Noadpoi
bosanski: Sjeverni pol
буряад: Хойто туйл
català: Pol nord
čeština: Severní pól
dansk: Nordpolen
davvisámegiella: Davvipola
Deutsch: Nordpol
Ελληνικά: Βόρειος Πόλος
English: North Pole
español: Polo norte
Esperanto: Norda poluso
euskara: Iparburua
فارسی: قطب شمال
Fiji Hindi: North Pole
français: Pôle Nord
Frysk: Noardpoal
galego: Polo Norte
贛語: 北極點
한국어: 북극점
hornjoserbsce: Sewjerny čop
Bahasa Indonesia: Kutub Utara
interlingua: Polo Nord
italiano: Polo nord
Basa Jawa: Kutub Lor
къарачай-малкъар: Шимал полюс
Кыргызча: Түндүк уюл
latviešu: Ziemeļpols
Limburgs: Naordpoeal
magyar: Északi-sark
Bahasa Melayu: Kutub Utara
монгол: Умард туйл
Nederlands: Noordpool
日本語: 北極点
norsk: Nordpolen
norsk nynorsk: Nordpolen
occitan: Pòl Nòrd
oʻzbekcha/ўзбекча: Shimoliy qutb
ਪੰਜਾਬੀ: ਉੱਤਰੀ ਧਰੁਵ
پنجابی: اتلا قطب
Piemontèis: Pòl Nòrd
português: Polo Norte
Qaraqalpaqsha: Arqa polyus
română: Polul Nord
Runa Simi: Chinchay qhipa
русиньскый: Северный пол
саха тыла: Хоту полюс
Scots: North Pole
sicilianu: Polu Nord
Simple English: North Pole
slovenčina: Severný pól
slovenščina: Severni tečaj
Soomaaliga: Cirifka waqooyi
српски / srpski: Сјеверни пол
srpskohrvatski / српскохрватски: Sjeverni pol
svenska: Nordpolen
Tagalog: Hilagang Polo
tarandíne: Pole nord
татарча/tatarça: Төньяк котып
Türkçe: Kuzey Kutbu
Türkmençe: Demirgazyk polýus
українська: Північний полюс
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: شىمالى قۇتۇپ
vepsän kel’: Pohjoižnaba
Tiếng Việt: Bắc Cực
Võro: Põh'anaba
文言: 北極
吴语: 北極
ייִדיש: צפון פאלוס
粵語: 北極
žemaitėška: Šiaurės puolios
中文: 北极点