Рудолф Штајнер

Рудолф Штајнер
'
Изворно име'
Периодфилозофи на 20 век
ПодрачјеЗападна филозофија
Школафеноменологија, холизам, монизам
Претежна дејност
метафизика, епистемологија, филозофија на науките, езотерија, христијанство, теозофија, масони
Значајни идеи
антропозофија, антропозофска медицина, ниодинамичко земјоделство, спиритуализам

Рудолф Штајнер (германски: Rudolf Steiner; 25 февруари 186130 март 1925) — австриски филозоф, книжевен научник, просветен деец, уметник, драмски писател, и езотеричар.[1][2][3] Тој е основач на антропозофијата, валдорфското образование, биодинамичкото земјоделство, како и на антропозофската медицина.[4]

Штајнерзастапувал една форма на етички индивидуализам, а својата епистемологија ја извлекол од погледот на свет на Гете: „Размислувањето… не е ништо помалку ни повеќе од орган за перцепција. Како што окото ги забележува боите, а увото звуците, така размислувањето ги забележува идеите.“[5]

Биографија

Од 1879 до 1883 година, Штајнер се школувал во Виена, на Институтот за технологија (Technische Hochschule), каде и дипломирал математика, физика, и филозофија.[6]

Во својата автобиографија, Штајнер наведува дека кога имал 21 година, во воз на патот од неговото село до Виена, се сретнал со некој собирач на билки, Феликс Когутски, кој зборувал за духовниот свет „како некој што има лично искуство во врска со тоа.“ Овој собирач на билки го запознал Штајнер со човек кого Штајнер едноставно го нарекува „учител“, а кој извршил големо влијание во развојот на Штајнер, посебно со тоа што го навел да ја изучува фолозофијата на Јохан Готлиб Фихте.[7]

Во 1891 година, Штајнер се стекнал со титулата доктор на филозофија на Универзитетот Росток, во Германија, со тезата базирана врз концептот на егото на Фихте, подоцна печатена во проширена форма како Вистина и знаење.

Other Languages
Afrikaans: Rudolf Steiner
العربية: رودلف شتاينر
български: Рудолф Щайнер
bosanski: Rudolf Steiner
čeština: Rudolf Steiner
español: Rudolf Steiner
Esperanto: Rudolf Steiner
français: Rudolf Steiner
hrvatski: Rudolf Steiner
italiano: Rudolf Steiner
Nederlands: Rudolf Steiner
norsk nynorsk: Rudolf Steiner
português: Rudolf Steiner
română: Rudolf Steiner
slovenčina: Rudolf Steiner
slovenščina: Rudolf Steiner
српски / srpski: Рудолф Штајнер
srpskohrvatski / српскохрватски: Rudolf Steiner
Türkçe: Rudolf Steiner
українська: Рудольф Штайнер
Tiếng Việt: Rudolf Steiner