Романтизам

„Слобода на барикадите“ (1830) од Ежен Делакроа

Романтизам — сложено уметничко, книжевно и интелектуално движење кое се појавува во втората половина на XVIII. век во Европа, а својата полна афирмација ја доживува со реакција на Индустриската револуција.[1] Делумно, тоа претставува бунт против аристократските општествени и политички норми на просветителството и рекација против научната рационализација на природата,[2] а во најголема мера се овоплотува во ликовните уметности, музиката и книжевноста, но има големо влијание и на историографијата,[3] образованието[4] и природознанието.[5] Влијанието врз политиката било значително и сложено, и бил поврзан со либерализмот и радикализмот.

Раѓањето на романтизмот е условено од општествено-историските случувања. Романтизмот се јавува во време на големи општествени потреси и национални движења, во периодот на дотрајувањето и распаѓањето на феудалните општествени односи и зајакнувањето на граѓанството. Показатели на таа општествено-историска вознемиреност се значајните историски настани: Француската револуција во 1789, воздигнувањето на Наполеон и неговите освојувања, победата на реакцијата, како и востанието на декабристите во Русија во 1825.

Овие општествени потреси влијаеле и на животниот идеал. Оформувањето на новиот животен идеал се остварувало низ неколку фази: сентиментализмот и меланхолијата одговарале на расположението на буржоазијата во предреволуционерното време, песимизмот и малаксаноста ја зафаќа аристократијата по завршетокот на буржоаската револуција, а со падот на Наполеон, малаксаноста и разочарувањето добиваат општи размери.

Причинителите на разочарувањето и малаксаноста треба да се бараат во неусогласената граѓанска идеологија и граѓанската стварност. Имено, револуцијата не ги остварила прокламираните идеи - братство, еднаквост и слобода. Генерацијата на романтичарите не верува во усогласеноста на животот како што го предочил рационалистичкиот XVIII век. Тие се откажуваат од идеалот за главната власт на разумот и бараат утеха во емоциите и силниот индивидуализам.

Носител на романтичарското движење била граѓанската класа, па затоа во редовите на романтичарските создатели има голем број на племеници: Јозеф фон Ајхендорф (1788-1857), Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824), Алфонс де Ламартин (1790-1869), Михаил Јурјевич Лермонтов (1814-1841), Алфред де Мисе (1810-1857), Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837), Перси Биш Шели (1792-1822), Алфред де Вињи (1797-1863) и други.

Романтизмот во уметноста (книжевноста, сликарството, музиката и театарот) се јавува како реакција на идеологијата и уметноста на претходниот период - класицизмот, односно рационализмот. Наспроти класицистичката поетика, често шаблонизирана и стегната во спрегите на рационалистичките правила и прописи за создавање, романтизмот ја истакнува потполната слобода на мечтите, изумите и тематиките, спротивставувајќи се на сите облици на нормирано создавање.

Other Languages
Afrikaans: Romantiek
Alemannisch: Romantik
العربية: رومانسية (فن)
aragonés: Romanticismo
asturianu: Romanticismu
azərbaycanca: Romantizm
تۆرکجه: رومانتیزم
Bân-lâm-gú: Lô-bān-chú-gī
башҡортса: Романтизм
беларуская: Рамантызм
беларуская (тарашкевіца)‎: Рамантызм
български: Романтизъм
bosanski: Romantizam
català: Romanticisme
Чӑвашла: Романтизм
Cebuano: Romantisismo
čeština: Romantismus
Cymraeg: Rhamantiaeth
Deutsch: Romantik
eesti: Romantism
Ελληνικά: Ρομαντισμός
English: Romanticism
español: Romanticismo
Esperanto: Romantikismo
فارسی: رمانتیسم
français: Romantisme
Frysk: Romantyk
Gaeilge: Rómánsachas
galego: Romanticismo
贛語: 浪漫主義
한국어: 낭만주의
հայերեն: Ռոմանտիզմ
hrvatski: Romantizam
Bahasa Indonesia: Romantisisme
interlingua: Romanticismo
íslenska: Rómantíkin
italiano: Romanticismo
עברית: רומנטיקה
Basa Jawa: Romantisisme
ქართული: რომანტიზმი
kurdî: Romantîzm
Кыргызча: Романтизм
latviešu: Romantisms
lietuvių: Romantizmas
Limburgs: Romantiek
Lingua Franca Nova: Romanticisme
magyar: Romantika
മലയാളം: കാല്പനികത
монгол: Романтизм
Nedersaksies: Romantiek
日本語: ロマン主義
norsk nynorsk: Romantikken
occitan: Romantisme
oʻzbekcha/ўзбекча: Romantizm
ਪੰਜਾਬੀ: ਰੋਮਾਂਸਵਾਦ
پنجابی: رومانیت
Papiamentu: Romanticismo
polski: Romantyzm
português: Romantismo
română: Romantism
rumantsch: Romantica
русиньскый: Романтізм
русский: Романтизм
Seeltersk: Romantik
sicilianu: Rumanticismu
Simple English: Romanticism
سنڌي: رومانيت
slovenčina: Romantizmus
slovenščina: Romantika
کوردی: ڕۆمانتیزم
српски / srpski: Романтизам
srpskohrvatski / српскохрватски: Romantizam
svenska: Romantiken
Tagalog: Romantisismo
тоҷикӣ: Романтизм
Türkçe: Romantizm
українська: Романтизм
اردو: رومانیت
vèneto: Romanticismo
Tiếng Việt: Chủ nghĩa lãng mạn
walon: Romantisse
West-Vlams: Romantiek
Winaray: Romantisismo
粵語: 浪漫主義
中文: 浪漫主义