Род (граматика)

Граматичкиот род е една од граматичките категории на именките. Тоа е систем кој е присутен кај повеќето јазици во светот. Честа поделба на именките според родот е на именки од машки, женски и среден род. Покрај таа поделба, застапена е и поделбата само на именки од машки и женски род, како и поделбата меѓу живи и неживи именки. Кај неколку јазика, граматичкиот род се определува според значењата или атрибутите на именките, како што е полот на пример. Сепак, кај повеќето јазици семантичката поделба е само делумно валидна, бидејќи постојат голем број примери каде граматичкиот род и нивното значење не се совпаѓаат (на пример во македонскиот именката 'судија' е од женски род, а значењето е од машки род). Во ваквите случаеви определувањето на родот е врз база на морфолошките и фонолошките карактеристики на именката.

Една карактеристика за родот на именките е тоа што тој мора да одговара со родот на придавката или заменката која е во непосредна близина. Покрај тоа што именките и останатите зборовни групи одговараат по род, тие одговараат и по број и падеж. Кај јазиците што имаат падежи, падежот се одредува според родот на именките.

Граматичкиот род е присутен кај најголем број индоевропски јазици (освен некои, као на пример персискиот), но и кај најголем број од семитските, афроазиските, дравидските, североистичните кавкаски, нигер-конгоанските и австралиските јазици. Граматичкиот род е најчесто отсутен кај алтајските јазици, австронезиските, синотибетските, уралските и староседелските американски јазици.[1]

Родовиот систем

Именките во јазиците се класифицираат според различни критериуми во поглед на родот. Најчести системи на класификација на именките во јазиците се:

  • именки од машки и женки род: кај овие јазици има поделба само на именки од машки и женски род. Именките кои природно не се дел од машкиот или женскиот род (познат како среден род) се поделени меѓу овие два рода, по некои навидум природни карактеристики.[2][3] Такви јазици се на пример романските јазици, келтските јазици, хиндустанскиот јазик, афроазиските јазици и албанскиот јазик, меѓу другите.
  • именки од машки, женски и среден род: кај овие јазици има поделба меѓу именки од машки, женски и среден род. Такви јазици се словенските јазици, латинскиот, германскиот, старогрчкиот и други.
  • живи и неживи именки: кај овие јазици именките се поделени меѓу именки кои се живи (луѓе и животни) и именки кои се неживи (предмети). Такви јазици се на пример анадолиските јазици, како и баскискиот јазик.
  • заеднички и среден род: кај овие јазици, машкиот и женскиот род претходно постоел, но биле споени во еден, наречен „заеднички род“. Именките поврзано со луѓе се често класифицирани како заеднички. Такви јазици се на пример се данскиот и шведскиот, а во добар дел и холандскиот јазик.
Other Languages
Alemannisch: Genus
Ænglisc: Grammatisc cyn
العربية: جنس اسم
беларуская: Граматычны род
български: Род (граматика)
Boarisch: Genus
čeština: Jmenný rod
Cymraeg: Cenedl enwau
Deutsch: Genus
føroyskt: Kyn (mállæra)
한국어: 성 (문법)
hrvatski: Gramatički rod
Ido: Gendro
kurdî: Cotzeyandî
日本語: 性 (文法)
norsk nynorsk: Genus
português: Gênero gramatical
română: Gen gramatical
slovenščina: Slovnični spol
српски / srpski: Rod (gramatika)
srpskohrvatski / српскохрватски: Rod (gramatika)
українська: Рід (мовознавство)
中文: 性 (语法)