Риби

Риби
Фосилен опсег: Ордовик - денес
Разни морски риби
Разни морски риби
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордати
(нерангирано)Черепни
Вклучени групи
Безвилични риби
Оклопни риби
‘Рскавични риби
Зракоперки
Резноперки
Исклучени група
Четириношци

Рибите (лат. Pisces) се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.

Постојат околу 20 000 видови на риби. Тие се разликуваат во големина, и тоа од 7,9 mm долгиот педоциприс (Paedocypris) кој живее во тропските мочуришта на Суматра, па сѐ до 14 m долгата китовска ајкула. Повеќето се светло обоени и многу имаат форми приспособени за камуфлажа. Можат да се најдат во сите морски, слатководни и соленкасти води низ светот, на било која длабочина. Членовите на различните видови на риби толерираат температури на водата од замрзнување до преку 38 °C. Повеќето се или соленоводни или слатководни жители, но некои се физиолошки адаптирани за движење од една во друга водна средина. Поголем број од рибите родени во слатките води го минуваат животот како возрасни единки во океанот, враќајќи се во слатките води за да се мрестат; обратната миграција се случува кај некои риби од океанот. Многу риби остануваат во тесно организирани групи, а други се сами и се здружуваат само за време на мрестење и хранење. Рибите може да се месојади, тревојади или сештојади. Некои риби се чистачи на езерските или океанските дна. Рибите се главен извор за човечка храна, рибино масло, храна за домашните животни итн.

Постојат членови на копнените вертебратни класи, како китовите и морските змии, кои се имаат адаптирано на водниот начин на живот, но не се риби. Тие дишат воздух, а не растворен кислород и нивните анатомски карактеристики ја разоткриваат врската со копнените животни.

Рајата е врста на отровна и опасна риба која што е застапена во деловите на Тихиот и Атланскиот Океан . Можат да достигнат должина од 100 до 400 сантиметри . Се застапени на дното од океаните и се скриени во песокта . Овие риби се 'рскавични риби и се составени од долга опашка на која се наоѓаат остри боцки и содржат големо количество на отров и се составени од долг округлен дел . Опашките им служат како одбрана од различни видови на големи морски животни . Пример : ако ја нападне некоја ајкула таа ја дига опашката во висина и ја прободуба ајкулата . Овие риби се случува да нападнат луѓе , но често исеконите или некој мали прободи не се опасни , но ако прободе со поголема длабочина може да доведе до смртни случаи .

Арапаима е врста на риба која што е застапена во матните води во Реката Амазон . Долга е 3 метри и тежи околу 500 килограми . Оваа риба нема заби и не диши со помош на жабри .

,, Надуената '' риба се смета за еден од најпознатите отровни ‘рбетници во светот. Интересно е што оваа риба е деликатес во Јапонија. Сепак, доколку не успеете да ја зготвите правилно, нејзиниот отров ќе ја парализира вашата дијафрагма и ќе го сопре дишењето.

Рибата камен е најотровната риба во светот и е застапена во деловите на Тихиот и Атланскиот Океан . Е наречена риба камен поради тоа што личи на бојата на каменот , има многу силна камуфлажа . Се наоѓа на дното од океанот . Таа има многу добри рефлекси во ловењето . Може да улови во период од 0,015 секунди . Пример : некој риби коишто поминуваат мислат дека е храна и дека можат да ја уловат , а на тој начин рибата камен ќе ја улови .

Рибата хирург е врста на риба која што е застапена во деловите на Индо - Пацификот . Е наречена риба - хирург поради тоа што двата краја на опашката се многу тенки и остри се како хируршки скалпел и на тој начин го ловат пленот .

Пираните се врста на вилични риби . Имаат многу големи и остри заби за да можат да го уловат пленот . Долги се околу 60 сантиметри . Се застапени во матните води во Реката Амазон .

Рибата паку е врста на вилична риба . Имаат многу голема уста . Се слични со пираните поради тоа што имаат заби , а забите се остри и се слични како кај човекот .

Електричната јагула е врста на риба која што е застапена во дното на матните води во Реката Амазон . Е застапена во матните води поради тоа што има слаб вид . Електричната јагула е долга 2,5 метри и тежи 25 килограми . Електричната јагула е тенка со црна боја и создава електрицитет од 600 вати . Е наречена ,, електрична јагула '' поради тоа што создава многу голем електрицитет за да го улови пленот и е тенка поради тоа што личи на јагулата , а всушност е риба . Електичната јагула и арапаимата не дишат со помош на жабри . Пример : кога некоја риба ќе пројде покрај нејзе , електричната јагула пред да ја нападне создава силен електицитет и кога ќе ја улови рибата таа ја шокира и на тој начин електричната јагула се храни .

Рибата лав е застапена во Индо - Пацификот . Долги се од 30 до 35 сантиметри . Се размножуваат на секои 4 дена , во последните години се зголемува бројот на риби во деловите на Суецкиот Канал и Средоземното Море . Годишно се создаваат над 2 милиони јајца . При мрестрењето , јајцата се наоѓаат површинско на водата . Рибата лав е опасна поради тоа што се составени од голем број на остри перки коишто се отровни и опасни за останатите животни , но не толку и за луѓето .

Морфолошки и анатомски особености

Морфологија на Lampanyctodes hectoris
(1) - оперкулум (жабрена покривка), (2) - странична линија, (3) - грбна перка, (4) - дебела перка, (5) - опашна педункула, (6) - опашна перка, (7) - анална перка, (8) - фотофори, (9) - пелвични перки (парни), (10) - пекторални перки (парни)

Типичната риба е со форма на торпедо, со глава која содржи мозок и сетилни органи, труп со мускулен ѕид кој е опкружен со празнина во која се наоѓаат внатрешните органи, и мускулна постанална опашка.

Многу риби се движат низ водата со брановидни движења на нивните тела и ја контролираат насоката на движењето со помош на перките. Сите имаат кожа прекриена со лигава жлездеста секреција која го намалува триењето со водата, како и крлушки, кои заедно со мукозната секреција формираат речиси непропустлива за вода обвивка. Сите риби имаат страничен систем на сензорни органи за детекција на промени на притисокот во водата. Поседуваат и жабри за дишење лоцирани во канали кои водат од голтникот до надворешноста; неколку риби исто така имаат бели дробови како додатни структури за респирација. Освен во примитивните класи, во сите други жабрените канали се поддржани со скелетни структури наречени жабрени лаци. Рибите кои се хранат со планктон имаат мрежовидни структури на жабрите кои ги собираат малите организми. Рибите дишат со земање на вода во устата, која потоа се продолжува низ жабрите надвор; како што водата минува низ тенкоѕидните жабри, растворениот кислород дифундира низ жабрените капилари, а јаглерод диоксидот дифундира во надворешната средина. Циркулаторниот систем е од затворен тип, така што постои двокоморно срце. Крвта е црвена. Со неколку исклучоци, рибите се ладнокрвни (поикилотермни организми), односно тие не можат да ја регулираат нивната телесна температура, која е иста како таа на околината.

Телото на рибите е покриено со многуслојна кожа. Во кожата има жлездести клетки кои лачат лигава материја што им овозможува полесно движење во водата. Површината на рибите е покриена со варовикови стргунки различни по форма и големина, кои имаат заштитна улога.

Other Languages
Acèh: Eungkôt
Afrikaans: Vis
Alemannisch: Fische
አማርኛ: ዓሣ
Ænglisc: Fisc
Аҧсшәа: Аҧсыӡ
العربية: سمك
aragonés: Pisces
armãneashti: Pescu
অসমীয়া: মাছ
asturianu: Pexe
Atikamekw: Names
Avañe'ẽ: Pira
Aymar aru: Challwa
azərbaycanca: Balıqlar
تۆرکجه: بالیقلار
বাংলা: মাছ
Bahasa Banjar: Iwak
Bân-lâm-gú:
башҡортса: Балыҡтар
беларуская: Рыбы
беларуская (тарашкевіца)‎: Рыбы
Bislama: Fis
български: Риба
Boarisch: Fiisch
བོད་ཡིག: ཉ།
bosanski: Ribe
brezhoneg: Pesk
буряад: Загаһан
català: Peix
Чӑвашла: Пулă
Cebuano: Isda
chiShona: Hove
Cymraeg: Pysgodyn
dansk: Fisk
Deutsch: Fische
dolnoserbski: Ryby
eesti: Kalad
Ελληνικά: Ψάρι
English: Fish
эрзянь: Калт
español: Pez
Esperanto: Fiŝoj
euskara: Arrain
فارسی: ماهی
Fiji Hindi: Machhri
føroyskt: Fiskur
français: Poisson
Frysk: Fisken
Gaeilge: Iasc
Gaelg: Eeast
Gàidhlig: Iasg
galego: Peixes
贛語:
ગુજરાતી: માછલી
客家語/Hak-kâ-ngî: Ǹg-è
хальмг: Заһсн
한국어: 물고기
Hausa: Kifi
Հայերեն: Ձկներ
हिन्दी: मछली
hornjoserbsce: Ryby
hrvatski: Ribe
Ido: Fisho
Ilokano: Ikan
Bahasa Indonesia: Ikan
interlingua: Pisce
ᐃᓄᒃᑎᑐᑦ/inuktitut: ᐃᖃᓗᒃ
Iñupiak: Iqaluk
Ирон: Кæсæгтæ
isiXhosa: Intlanzi
íslenska: Fiskur
italiano: Pesce
עברית: דג
Basa Jawa: Iwak
ಕನ್ನಡ: ಮೀನು
Kapampangan: Asan
ქართული: თევზები
kaszëbsczi: Rëbë
қазақша: Балықтар
kernowek: Pysk
Kiswahili: Samaki
коми: Чери
Kreyòl ayisyen: Pwason
kurdî: Masî
Кыргызча: Балыктар
кырык мары: Кол
Ladino: Pishkados
лакку: Чавахъ
Latina: Piscis
latviešu: Zivis
Lëtzebuergesch: Fësch
lietuvių: Žuvys
Limburgs: Vèsse
lingála: Mbísi
la .lojban.: finpe
lumbaart: Pès
magyar: Halak
Malagasy: Hazandrano
മലയാളം: മത്സ്യം
मराठी: मासा
მარგალური: ჩხომი
مصرى: سمك
Bahasa Melayu: Ikan
Baso Minangkabau: Ikan
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Ngṳ̀
монгол: Загас
မြန်မာဘာသာ: ငါး (တိရစ္ဆာန်)
Nāhuatl: Michin
Dorerin Naoero: Iy
Na Vosa Vakaviti: Ika
Nederlands: Vissen (dieren)
Nedersaksies: Visk
Nēhiyawēwin / ᓀᐦᐃᔭᐍᐏᐣ: ᓇᒣᔅ
नेपाली: माछा
नेपाल भाषा: न्या
日本語: 魚類
Napulitano: Pisce
Nordfriisk: Fasker
norsk: Fisk
norsk nynorsk: Fisk
Nouormand: Paîsson
occitan: Peis
олык марий: Кол
ଓଡ଼ିଆ: ମାଛ
oʻzbekcha/ўзбекча: Baliqlar
ਪੰਜਾਬੀ: ਮੱਛੀ
پنجابی: مچھی
Patois: Fish
Picard: Pichon
Plattdüütsch: Fisch
polski: Ryby
português: Peixe
Qaraqalpaqsha: Balıq
qırımtatarca: Balıq
Ripoarisch: Fesch
română: Pește
Runa Simi: Challwa
русиньскый: Рыбы
русский: Рыбы
саха тыла: Балык
संस्कृतम्: मत्स्याः
Scots: Fish
shqip: Peshqit
sicilianu: Pisci
සිංහල: මාළු
Simple English: Fish
سنڌي: مڇي
slovenščina: Ribe
ślůnski: Ryby
Soomaaliga: Malaay
کوردی: ماسی
Sranantongo: Fisi
српски / srpski: Рибе
srpskohrvatski / српскохрватски: Riba
Basa Sunda: Lauk
suomi: Kala
svenska: Fiskar
Tagalog: Isda
தமிழ்: மீன்
татарча/tatarça: Балыклар
తెలుగు: చేప
ไทย: ปลา
тоҷикӣ: Моҳӣ
ᏣᎳᎩ: ᎠᏣᏗ
ತುಳು: ಮೀನ್
Türkçe: Balık
удмурт: Чорыг
українська: Риби
اردو: مچھلی
Vahcuengh: Duzbya
vèneto: Pesi
vepsän kel’: Kalad
Tiếng Việt:
Võro: Kala
walon: Pexhon
文言:
West-Vlams: Visschn
Winaray: Isda
吴语:
ייִדיש: פיש
粵語:
Zazaki: Mase
žemaitėška: Žovis
中文:
Bahasa Hulontalo: Uponula
ГӀалгӀай: Чкъаьрий
Kabɩyɛ: Kpakpayaɣ
Lingua Franca Nova: Pex