Расеани Острови

Расеани Острови
во Индискиот Океан

Îles Éparses de l'océan Indien
Знаме
Гесло„Слобода, еднаквост, братство“
ХимнаМарсељеза
Карта на Расеаните Острови
Карта на Расеаните Острови
Басас да Индија
Глорјез
Европа
Тромлен
Хуан да Нова

Расеани Острови (француски: Îles Éparses) или Расеани Острови во Индискиот Океан (Îles Éparses de l'océan Indien) — група од четири мали корални острови, еден атол и еден гребен во Индискиот Океан кои сочинуваат управна целина како V округ на Француските Јужни и Антарктички Земји почнувајќи од февруари 2007 г.[1] Островите никогаш не биле трајно населени. Два од нив (Хуан де Нова и Европа), како и атолот Басас да Индија се наоѓаат во Мозамбичкиот Проток западно од Мадагаскар; Тромлен лежи на 450 км источно од него, а групата Глорјез е на 200 км северозападно од истиот. Во протокот е сместен и гребенот Гејзер, кој е во француско владение, но оспорен од Мадагаскар од 1976 г. Франција и Коморите го сметаат Гејзер за дел од групата Глорјез.

Островите се прогласени за природни резервати. Сите освен Басас да Индија имаат метеоролошки станици, од кои оние на Глорјез, Хуан де Нова и Европа се автоматски. Станицата на Тромлен прогнозира и предупредува од циклони кои му им закануваат на Мадагаскар, Реинион и Маврициус. Секој остров освен Басас да Индија и гребенот Гејзер, леталиште со писта подолга од 1000 м.

Маврициус, Коморите и Мадагаскар ја оспоруваат сувереноста на Франција врз овие острови. Маврициус го смета Томлен за свој, повикувајќи се на фактот што островот не е меѓу отстапените во Париски мировен договор од 1814 г., иако е првично откриен од Французите 1722 г. Мадагаскар полага сувереност врз Глорјез (со гребенот Гејзер), и покрај тоа што никогаш не бил дел од Малгашкиот Протекторат, туку колонија на Мајот и зависните територии, а потоа во состав на Француските Комори, и стекнале статус на посебна колонија дури во 1946 г. Коморите исто така полагаат право на Глорјез (со гребенот Гејзер) како дел од оспорениот регион Мајот. Мадагаскар се повикува на Хуан де Нова, Европа и Басас да Индија почнувајќи од 1972 г.[2] Сејшелите во минатото исто така полагале право на дел од Расеаните Острови, но овој спор е решен со Француско-сејшелската спогодба за морските граници.

Other Languages
Alemannisch: Îles Éparses
azərbaycanca: Eparse adaları
беларуская: Астравы Эпарсэ
brezhoneg: Inizi Strewet
فارسی: ایل-اپارس
Kiswahili: Îles Éparses
Nordfriisk: Îles Éparses
português: Ilhas Esparsas
română: Îles Éparses
slovenčina: Îles Éparses
srpskohrvatski / српскохрватски: Raspršeni otoci