Пулицерова награда

Пулицеровиот медал.

Пулицерова награда — американска награда која се смета за највисоко признание во областа на новинарство во печатените медиуми, литературни достигања и музичка композиција. Администрирана е од Колумбија универзитетот во градот Њујорк.

Наградите се доделуваат секоја година во дваесет и една категорија. Наградените добиваат по 10,000 УСД парична награда, а победникот во категоријата за новинарство во јавниот сервис добива златен медал. Медалот се доделува на весникот, а индивидуалниот добитник може да е именуван при доделувањето на наградата.

Пулицеровата награда ја воспоставил Џозеф Пулицер (англ. Joseph Pulitzer) - унгарско-американски новинар и издавач кој оставил парично наследство на Универзитетот Колумбија по смртта во 1911. Дел од средствата биле искористени за да се основа универзитетско училиште за новинарство во 1912. Првите Пулицерови награди биле доделени на 4 јуни 1917., а во наше време се доделуваат во април секоја година. Добитниците ги избира независен одбор.

Некои од најпознатите добитници на наградата се Ернест Хемингвеј, Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Јуџин Онил, Вилијам Фокнер, Џон Апдајк и други.

Other Languages
Afrikaans: Pulitzerprys
Alemannisch: Pulitzer-Preis
asturianu: Premiu Pulitzer
azərbaycanca: Pulitser mükafatı
Bân-lâm-gú: Pulitzer Chióng
български: Пулицър
brezhoneg: Priz Pulitzer
čeština: Pulitzerova cena
español: Premio Pulitzer
Esperanto: Premio Pulitzer
français: Prix Pulitzer
한국어: 퓰리처상
Bahasa Indonesia: Penghargaan Pulitzer
italiano: Premio Pulitzer
Kiswahili: Tuzo ya Pulitzer
latviešu: Pulicera balva
Lëtzebuergesch: Pulitzer-Präis
Bahasa Melayu: Hadiah Pulitzer
မြန်မာဘာသာ: ပူလစ်ဇာဆု
Nederlands: Pulitzerprijs
norsk nynorsk: Pulitzerprisen
پنجابی: پلتزر انعام
português: Prémio Pulitzer
Simple English: Pulitzer Prize
slovenčina: Pulitzerova cena
slovenščina: Pulitzerjeva nagrada
srpskohrvatski / српскохрватски: Pulitzerova nagrada
Tiếng Việt: Giải Pulitzer
粵語: 普立茲獎
中文: 普利策奖