Псевдоним

Псевдоним е фиктивно име што се користи од страна на лице, а понекогаш и група.

Псевдонимите често се користат да се сокрие вистински идентитет на поединецот, како што е случај со имињата на доста од писателите , графити-уметниците, борците на отпорот или терористите (воено име) и компјутерски хакери. Актерите, музичарите, и другите изведувачи понекогаш користат поинакви сценски имиња, честопати да го скријат своето етничко потекло или за поголема популарност. Честопати псевдонимот е најдобрата слика на поединецот и истиот го опишува.

Терминот потекнува од грчкиот збор ψευδώνυμον (pseudṓnymon), буквално "лажно име", од ψεῦδος (pseûdos), "лага" и ὄνομα (ónoma), "име". Псевдонимот е различен од алонимот, кое е име на друга вистинска личност.

Криење на идентитетот

Псевдоними во книжевноста

Еден познат пример за ова е Семјуел Клеменс чиј псевдоним е Марк Твен. Псевдоним се користел и кога вистинското име на авторот може да биде помешано со некој друг автор со истото име или со некоја друга позната личност. Автори кои пишуваат во различни жанрови, може да користат псевдоними за да се избегне конфузија кај нивните читатели, како во случајот на математичарот Чарлс Догстон, кој го напишал романите под псевдонимот Луис Керол. Некои автори, како што е Харолд Робинс, користат неколку псевдоними. [1]

Сестрите Бронте за своите првични дела користеле псевдоними затоа што ги користеле своите соседи како инспирација за ликовите во нивните книги. Ен Бронте својата романи Станарката на замокот Вајлдфел ја објавила под псевдонимот Ектон Бел. Шарлот Бронте ги објавила Вилет и Џејн Ер под псевдонимот Карер Бел. Емили Бронте за Оркански висови го користела псевдонимот Елис Бел.

Некои женски автори користеле машки имиња, особено во 19-тиот век, кога пишувањето било доминантно машка професија. Обратниот пример е кога некои машки автори користат женски имиња. Добро познат пример за тоа е Мери Ен Еванс, која пишувала како Џорџ Елиот. Друг пример е Амандин Орор Лисил Дипен, позната како Жорж Санд. Џејн Остин го користела псевдонимот "Лејди" итн.

Еден познат случај во француската литература е Ромен Гари. Веќе добро познат и високо реномиран писател, почнал да објавува книги под името Емил Ажар. Сакал да види дали неговите нови книги ќе бидат добро прифатени, и без помошта на неговата репутација (И биле).

Воени имиња

Noms de guerre (француска фраза која значи "воени имиња" ) биле чести во Француската легија на странците како дел од раскрстување со нивните претходни животи. Вакви имиња имале и членовите на Францускиот отпор во тек на Втората светска војна поради безбедносни причини. Овие имиња се честа појава и во герилата и меѓу терористите. Во тек на борбата против Британците во Палестина, командантот на организацијата Јицак Шамир (подоцна Премиер на Израел) го зел военото име "Мајкл", во чест на Ирецот Мајкл Колинс.

Other Languages
Afrikaans: Skuilnaam
Alemannisch: Pseudonym
العربية: اسم مستعار
aragonés: Pseudonimo
বাংলা: ছদ্মনাম
български: Псевдоним
བོད་ཡིག: འགྱུར་མིང་།
bosanski: Pseudonim
català: Pseudònim
Чӑвашла: Хушма ят
čeština: Pseudonym
dansk: Pseudonym
Deutsch: Pseudonym
Ελληνικά: Ψευδώνυμο
emiliàn e rumagnòl: Scutmâj
English: Pseudonym
español: Alias
Esperanto: Pseŭdonimo
euskara: Izengoiti
français: Pseudonyme
Frysk: Skûlnamme
furlan: Pseudonim
galego: Pseudónimo
한국어: 가명
Հայերեն: Գրական անուն
hrvatski: Pseudonim
Bahasa Indonesia: Nama samaran
íslenska: Dulnefni
italiano: Pseudonimo
עברית: שם עט
ქართული: ფსევდონიმი
қазақша: Бүркеншік ат
Latina: Pseudonymum
latviešu: Pseidonīms
Lëtzebuergesch: Pseudonym
lietuvių: Slapyvardis
lumbaart: Pseudonòm
Bahasa Melayu: Nama samaran
Nederlands: Pseudoniem
नेपाली: छद्मनाम
日本語: 偽名
Nordfriisk: Pseudonym
norsk: Pseudonym
norsk nynorsk: Pseudonym
occitan: Pseudonim
олык марий: Алмашлӱм
Piemontèis: Stranòm
polski: Pseudonim
português: Pseudónimo
română: Pseudonim
русский: Псевдоним
Scots: Pseudonym
shqip: Pseudonimi
sicilianu: Pseudònimu
සිංහල: ආරූඪ නාමය
Simple English: Pseudonym
slovenčina: Pseudonym
српски / srpski: Pseudonim
srpskohrvatski / српскохрватски: Pseudonim
suomi: Salanimi
svenska: Pseudonym
Tagalog: Alyas
татарча/tatarça: Тәхәллүс
українська: Псевдонім
vèneto: Pseudonimo
walon: Fås no
粵語: 化名
中文: 化名