Протекционизам

Протекционизам (лат. protegere = заштита) означува економски мерки, со кои една држава се обидува да ограничи пласирање на странски производ на домашниот пазар. Тие мерки се наоѓаат во доменот на стратегиските трговски политики и нивната цел е по правило, подобрување на пласманот на домашните продукти, унапредување и подобрување на развојот на поедините стопански гранки како и стопанството во целина. Такви мерки на стратегиска трговинска политика помагаат во развојот на поедини земји во развој во толкава мерка, па некои од нив веќе прераснале во индустриски сили (нпр. Кина).

Противниците на протекционизмот аргументираат со тоа што секој протекционизам предизвикува и реципрочни мерки на потенцијалните трговски партнери и дека на крајот сепак домашното стопанство е најмногу загрозено со таквите мерки. Тие бараат глобална и слободна трговија и заговараат препуштање на употреба на сите економски инструменти на самиот пазар.

Посебна форма на протекционизам претставува културниот протекционизам како и протекционизмот во спортот. Со таквите мери се штитат поединечни држави или региони од културни влијанија во странство, односно се штити домашниот пазар на спортисти. Во тој контекст се познати поранешните ограничувања на странските играчи во клубови на некои западноевропски земји.

Other Languages
العربية: حمائية
asturianu: Proteccionismu
azərbaycanca: Proteksionizm
башҡортса: Протекционизм
беларуская: Пратэкцыянізм
беларуская (тарашкевіца)‎: Пратэкцыянізм
български: Протекционизъм
bosanski: Protekcionizam
čeština: Protekcionismus
English: Protectionism
español: Proteccionismo
Esperanto: Protektismo
français: Protectionnisme
한국어: 보호무역
हिन्दी: संरक्षणवाद
hrvatski: Protekcionizam
Bahasa Indonesia: Proteksionisme
italiano: Protezionismo
latviešu: Protekcionisms
lietuvių: Protekcionizmas
Bahasa Melayu: Fahaman perlindungan
Nederlands: Protectionisme
日本語: 保護貿易
norsk nynorsk: Proteksjonisme
oʻzbekcha/ўзбекча: Proteksionizm siyosati
português: Protecionismo
română: Protecționism
Simple English: Protectionism
српски / srpski: Протекционизам
srpskohrvatski / српскохрватски: Protekcionizam
svenska: Protektionism
татарча/tatarça: Ximäyäçelek
Türkçe: Korumacılık
українська: Протекціонізм
Tiếng Việt: Bảo hộ mậu dịch