Природен сателит

Макета на метеролошкиот сателит „ Електро-Л“ - пример за вештачки сателит
Месечината е природен сателит на Земјата

Природен сателит или месечина е објект кој кружи околу планета или некое поголемо тело од него, а не е направено од човекот. Ваквиот објект најчесто се нарекува месечина. Технички, поимот природен сателит исто така може да се однесува и на планета која орбитира околу некоја ѕвезда, или уште повеќе ѕвезда која орбитира околу својот галактички центар. Но вообичаено поимот природен сателит се однесува на сателитите на планетите, џуџестите планети или малите планети.

Има околу 240 познати месечини во Сончевиот систем, вклучително оние 162 кои орбитираат околу планетите, 4 кои орбитираат околу џуџестите планети, и многу други кои орбитираат околу помали објекти во сончевиот систем. Другите ѕвезди и нивните планети исто така имаат природни сателити.

Сите објекти кои припаѓаат на нашиот Сончев систем, вклучително и Земјата и Сонцето, се сателити или на некоја планета, или на Сонцето, или на галактичкиот центар на Млечниот Пат.

Понекогаш не е едноставно да се определи за едно множество на објекти кој на кого му е сателит. Бидејќи сите тела кои имаат маса се под влијание на гравитациони сили, движењето на примарниот објект исто така е под влијание на сателитот. Ако два објекта се со приближно иста маса, се вели дека се работи за двоен систем а не за систем примарен објект - сателит; екстремен случај на двоен систем 'двојниот астероид'. Како општ критериум за оценка дали еден објект е сателит или не на друг објект се зема нивното тежиште. Објектот до во чија внатрешност се наоѓа центарот на маса велиме дека е примарен објект а за другиот објект велиме дека е сателит. Еден друг пример, далеку попознат, е примерот на џуџестата планета Плутон и нејзиниот придружник Хирон. Многумина веруваат дека Хирон е сателит на Плутон, но тоа е дискутабилно, бидејќи нивните маси се приближно еднакви а нивниот барицентар не се наоѓа во внатрешноста на ниту еден од нив, па според тоа некои велат дека Плутон и Хирон се членови на еден двоен систем од планети.


Other Languages
العربية: قمر طبيعي
Avañe'ẽ: Mbyja'e
azərbaycanca: Peyk
Bân-lâm-gú: Ōe-chheⁿ
беларуская (тарашкевіца)‎: Спадарожнік
brezhoneg: Loarenn
dansk: Måne
Esperanto: Natura satelito
فارسی: قمر
贛語: 天然衛星
한국어: 위성
Bahasa Indonesia: Satelit alami
interlingua: Satellite
íslenska: Fylgihnöttur
עברית: ירח
Basa Jawa: Satelit alami
Kreyòl ayisyen: Satelit
Kurdî: Peyk
Latina: Satelles
Lëtzebuergesch: Mound
lietuvių: Palydovas
മലയാളം: ഉപഗ്രഹം
Bahasa Melayu: Satelit semula jadi
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Ôi-sĭng
Nederlands: Natuurlijke maan
日本語: 衛星
norsk nynorsk: Naturleg satellitt
oʻzbekcha/ўзбекча: Tabiiy yoʻldosh
Plattdüütsch: Maand (Astronomie)
português: Satélite natural
Ripoarisch: Moond (Astronomie)
română: Satelit natural
Runa Simi: Killa Satiliti
Seeltersk: Satellit
sicilianu: Satèlliti
Simple English: Natural satellite
سنڌي: اپگرھ
slovenčina: Mesiac (družica)
slovenščina: Naravni satelit
Soomaaliga: Dayax
српски / srpski: Природни сателит
srpskohrvatski / српскохрватски: Prirodni sateliti
svenska: Måne
татарча/tatarça: Иярчен
తెలుగు: ఉపగ్రహం
Türkçe: Uydu
українська: Супутник
Tiếng Việt: Vệ tinh tự nhiên
文言: 衛星
粵語: 衞星
中文: 衛星