Преносен сметач

Acer Aspire 8920.
Космонаутот Џон Крејтон позира со Грид Компас 1100 во вселената во 1985. Ова веројатно бил првиот преносен сметач во 1982., имал монитор со 320х200 пиксели, 340 килобајти РАМ меморија и тежел 5кг. Немал внатрешен диск ниту дискетна единица.

Пренослив сметач (пренослив компјутер, руски: переносник или лаптоп, англ. laptop computer, notebook computer, notebook) е мал пренослив сметач кој вообичаено тежи 1-8кг. Преносливите сметачи содржат компоненти кои се идентични со типичните персонални сметачи, но се минијатуризирани (смалени) за да бидат полесни, да трошат помалку струја и да зафаќаат помалку простор. Преносливиот сметач вообичаено работи на батерии и на надворешно напојување.

Преносливиот сметач еволуирал со развојот на технологијата. Првите преносливи сметачи се појавиле во 1982-1983 и како што се развивала технологијата така и нивната тежина опаѓала, а времето на автономна работа без надворешен извор на енергија растело. И другите перформанси го следеле општиот развој на сметачите.

Поради преносливоста и високата интеграција на компонентите, преносливите сметачи се поподложни на стареење и физички оштетувања од стационарните сметачи. Компонентите како што се батериите, шарките од екранот, конекторите и напојувањето се најчести жртви на секојдневната употреба.

Од друга страна, самиот концепт на преносливост на податоците и работите заедно со нивниот сопственик неизбежно ги прави преносливите сметачи неопходност.

  • Поврзано

Поврзано




Other Languages
Afrikaans: Skootrekenaar
አማርኛ: ላፕቶፕ
العربية: حاسوب محمول
беларуская: Ноўтбук
भोजपुरी: लैपटाप
bosanski: Laptop
Чӑвашла: Ноутбук
čeština: Notebook
Cymraeg: Gliniadur
Deutsch: Notebook
English: Laptop
Esperanto: Tekokomputilo
فارسی: لپ‌تاپ
føroyskt: Fartelda
Gaelg: Glioonag
galego: Portátil
客家語/Hak-kâ-ngî: Sú-thì thien-nó
한국어: 랩톱 컴퓨터
Հայերեն: Նոթբուք
हिन्दी: लैपटॉप
Bahasa Indonesia: Komputer jinjing
isiZulu: Ilaptop
íslenska: Fartölva
עברית: מחשב נייד
Basa Jawa: Laptop
ქართული: ლეპტოპი
қазақша: Ноутбук
latviešu: Klēpjdators
magyar: Laptop
मराठी: लॅपटॉप
მარგალური: ლეპტოპი
مصرى: لاب توب
مازِرونی: لپ‌تاب
Bahasa Melayu: Komputer riba
Nederlands: Laptop
नेपाली: ल्याप्टप
oʻzbekcha/ўзбекча: Laptop
ਪੰਜਾਬੀ: ਲੈਪਟਾਪ
polski: Laptop
português: Laptop
română: Laptop
русский: Ноутбук
shqip: Laptopi
Simple English: Laptop
slovenčina: Laptop
slovenščina: Prenosnik
српски / srpski: Лаптоп
srpskohrvatski / српскохрватски: Laptop
Basa Sunda: Léptop
svenska: Bärbar dator
українська: Ноутбук
اردو: لیپ ٹاپ
Tiếng Việt: Máy tính xách tay
Winaray: Laptop
粵語: 手提電腦