Последниот самурај

Последниот самурај ( англиски: The Last Samurai) e американски филм од 2003 година, во режија на Едвард Цвик. Главните улоги ги толкуваат: Том Круз, Кен Ватанабе, Шин Којамада, Масато Харада и Сеизо Фукумото. Филмот бил номиниран за наградата „ Оскар“ во четири категории и за наградата „ Златен глобус“ во три категории. [1]

Содржина

Дејството на филмот се одвива во Јапонија, во 1870 година. Американскиот воен капетан Нејтан Алгрен е изнајмен од јапонскиот цар за да ја обучи јапонската армија во духот на западните армии. Императорот сака да воведе реформи во земјата и да ја приближи до Западот при што сака да ги искорени самураите. Алгрен е воодушевен од самураите и се наоѓа растргнат меѓу два света, воден само од чувството за чест. Набргу и тој започнува да ги изучува самурајските вештини. [2]

Other Languages
Deutsch: Last Samurai
Bahasa Indonesia: The Last Samurai
Кыргызча: Акыркы самурай
მარგალური: ეკონია სამურაი
Bahasa Melayu: Filem The Last Samurai
Nederlands: The Last Samurai
português: O Último Samurai
slovenčina: Posledný samuraj
српски / srpski: Последњи самурај
srpskohrvatski / српскохрватски: The Last Samurai
Türkçe: Son Samuray
vepsän kel’: Jäl'gmäine samurai
中文: 最後武士