Политичка идеологија

Политичка идеологија е идеологија која се фокусира на алоцирањето на моќта во општеството и за каква цели таа моќ треба да се искористи. Политичките идеологии имаат две димензии:

1. Цели: Како општеството треба да функционира или како да биде организирано.

2. Средства: Најсоодветниот начин за како да се постигнат тие цели.

Идеологија е збир на идеи. Вообичаено, секоја идеологија содржи одредени идеи за тоа која би била најдобрата форма за организирање на општеството (на пример, демократија, теократија, итн.), како и најдобриот економски ситем (на пример, капитализам, комунизам, мутуализам, итн.). Понекогаш зборот идеологија се користи како синоним за политичкиот и економскиот систем на општеството.

Идеологиите исто така се идентификуваат според нивната позиција во политичкиот спектар. Политичките идеологии се разликуват од политичките стратегии (на пример, популизам) и од поединечните политички прашања (на пример, За Европската интеграција, Против Економската глобализација, Легализација на марихуана, итн.)

Следната листа е обид да се поделат идеологиите пронајдени во практичниот политички живот во голем број на групи; секоја група содржи идеологии кои се поврзани меѓусебно. Насловите се однесуваат на најпознатите идеологии од секоја група. Имињата на насловите не имплицираат хиерархиски ред или дека една идеологија произлегла од друга. Тие само го означуваат фактот дека тие идеологии се поврзани практично, историски, и идеолошки. Исто така имајте на ум дека една идеологија може да припаѓа на повеќе групи. Значењето на политичката етикета може да се разликува од земја во земја.

Оваа листа е сортирана по азбучен редослед. Оттаму, сместувањето на една идеологија пред друга не имплицира дека првата идеологија е со поголема важност од втората.

Содржина

Other Languages