Политика

Серијал за Политика:
Подсерии од Политика
За политичкото списание, види Политика (списание).

Политика (од старогрчки πολιτικος, [politikós]: граѓанин, граѓански), е процес во кој група луѓе донесува заеднички одлуки. Терминот главно се однесува на однесувањето во рамките на граѓанското владеење, но се користи и за други групни односи, вклучувајќи ги корпоративните, академските, и религиските институции. Се состои од„општествени односи кои вклучуваат власт или моќ“ и се однесува на регулацијата на јавните случувања во рамки на политичка единица и на методите и тактиките кои се користат за формулирање и употреба на политиката. [1]

Етимологија

Зборот „политика“ потекнува од грчкиот "Πολιτικά" моделиран врз основа на книгата за владеење и влади „работи поврзани со полисот“, напишана од Аристотел, која била преведена на англиски во 15 век со латинизиран наслов "Polettiques"..Поради тоа во текот на 1520-те станал "politics" во средноанглискиот јазик. (види „Концизен оксфордски речник“). Во 1430 година зборот "politic" се појавил во англискиот, од среднофранцускиот "politique", кој потекнува од латинскиот "politicus", кој претставува романизација на грчкиот "πολιτικός" (политикос), кој меѓу другите значења, значи „од, за или поврзано со граѓани“, „граѓански“, „на државата“ од "πολίτης" (политис), „граѓанин“, кој доаѓа од "πόλις" (полис) „град“.

Различните видови на политичко искуство

Положување на свечена заклетва на ратификацијата на Договорот од Минстер во 1648 година. (1648) by Жерард тер Борх.

Според Аристотел, државите се поделени на монархии, аристократии, тимократии, демократии, олигархии и тирании. Поради проширувањето на познавањето на историјата на политиката, поделбата била изоставена. Општо гледано, не може да се рече дека некоја форма на владеење е најдобра, ако за таква се сметаа таа што е најприкладна во околностите. Сите држави припаѓаат на типот на единична држава - суверената држава. Сите денешни велесили владеат на принципот на суверенитет. Суверенитетот може да биде носен од индивидуа како во автократијата или од група како во уставното владеење. Устав е пишан документ кој ја одредува и ограничува моќта на различните гранки од владата. Иако Уставот е пишан документ, постои и непишан Устав. Непишаниот устав постојано се надополнува од законодавната гранка на владата. Ова е случај кога околните случувања одредуваат која форма на владеење е најсоодветна. Сепак, пишаниот устав е најважен. Англија ја воведе навиката на пишување на устави за време на граѓанската војна, но после Реставрацијата се откажа. Навиката беше продолжена од американските колонии по нивната еманципација, Франција по револуцијата и остатокот од Европа вклучувајќи ги европските колонии.

Постојат две форми на владеење, едното е со силна централна влада како во Франција, другото е локално владеење, слично на старите поделби во Англија, слабо но без многу бирократија. Овие две форми овозможија оформување на федералното владеење, најпрвин во Швајцарија, потоа во САД во 1776 година, во Канада во 1867 година, во Германија 1870 година и во Австралија во 20 век. Федералните држави го вовеле новиот начин на договарање преку договор. Споредена со федерација, конфедерацијата се разликува по тоа што нема судска власт.За време на американската граѓанска војна, тврдењето на државите од конфедерацијата дека некоја држава може да се оддели од Унијата било неосновано поради извршната, законодавната и судската моќ на федералната влада.

Според професорот А.В.Дајси во Вовед во науката за правото во Уставот, основни одлики на федералниот устав се: Пишан устав наменет за спречување на спорови помеѓу овластувањата на федералните и државните власти. Распределување на моќта помеѓу федералната и државните влади и Врховен суд наменет за толкување на уставот и спроведување на правото, кој не е зависен од извршната и законодавната власт..

Политичка партија

Политичка партија е политичка организација која настојува да стекне и одржи политичка моќ во владата, обично преку учествување во изборни кампањи, агитација или протесни дејствија. Партиите често застапуваат веќе изразена идеологија или визија опфатена со напишана програма со одредени цели, и стапуваат во коалиција за различни интереси.

Како академска дисциплина

Политиката како наука, го испитува стекнувањето и применувањето на моќ.

Првата катедра за политички науки во САД била основана при катедрата за историја и политички науки во Универзитетот Колумбија и била водена од прускиот емигрант Франсис Либер во 1857 година.

Other Languages
Afrikaans: Politiek
Alemannisch: Politik
አማርኛ: ፖለቲካ
العربية: سياسة
aragonés: Politica
armãneashti: Politicâ
asturianu: Política
Avañe'ẽ: Jokuaikuaa
azərbaycanca: Siyasət
تۆرکجه: سیاست
bamanankan: Politiki
বাংলা: রাজনীতি
Bân-lâm-gú: Chèng-tī
башҡортса: Сәйәсәт
беларуская: Палітыка
беларуская (тарашкевіца)‎: Палітыка
भोजपुरी: राजनीति
български: Политика
Boarisch: Politik
བོད་ཡིག: ཆབ་སྲིད་
bosanski: Politika
brezhoneg: Politikerezh
català: Política
Cebuano: Politika
čeština: Politika
Chamoru: Politika
corsu: Pulitica
dansk: Politik
Deutsch: Politik
eesti: Poliitika
Ελληνικά: Πολιτική
English: Politics
español: Política
Esperanto: Politiko
estremeñu: Política
euskara: Politika
فارسی: سیاست
Fiji Hindi: Rajniti
føroyskt: Politikkur
français: Politique
Frysk: Polityk
furlan: Politiche
Gaeilge: Polaitíocht
Gàidhlig: Poilitigs
galego: Política
客家語/Hak-kâ-ngî: Chṳn-chhṳ
한국어: 정치
Hawaiʻi: Kālaiʻāina
हिन्दी: राजनीति
hrvatski: Politika
Ilokano: Politika
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: রাজনীতি
Bahasa Indonesia: Politik
interlingua: Politica
Interlingue: Politica
íslenska: Stjórnmál
italiano: Politica
עברית: פוליטיקה
Basa Jawa: Pulitik
kalaallisut: Politikki
ಕನ್ನಡ: ರಾಜನೀತಿ
къарачай-малкъар: Политика
ქართული: პოლიტიკა
कॉशुर / کٲشُر: سِیاسَت
қазақша: Саясат
Kiswahili: Siasa
Kreyòl ayisyen: Politik (non)
Кыргызча: Саясат
Ladino: Politika
Latina: Civilitas
latviešu: Politika
Lëtzebuergesch: Politik
lietuvių: Politika
Ligure: Politica
Limburgs: Polletiek
lingála: Politíki
Livvinkarjala: Politiekku
la .lojban.: plajva
lumbaart: Pulitica
magyar: Politika
मैथिली: राजनीति
Malagasy: Politika
മലയാളം: രാഷ്ട്രീയം
मराठी: राजकारण
მარგალური: პოლიტიკა
مصرى: سياسه
مازِرونی: سیاست
Bahasa Melayu: Politik
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Céng-dê
Mirandés: Política
монгол: Улс төр
မြန်မာဘာသာ: နိုင်ငံရေး
Nederlands: Politiek
Nedersaksies: Politiek
नेपाली: राजनीति
नेपाल भाषा: राजनीति
日本語: 政治
Nordfriisk: Politiik
norsk: Politikk
norsk nynorsk: Politikk
Nouormand: Politique
occitan: Politica
oʻzbekcha/ўзбекча: Siyosat
ਪੰਜਾਬੀ: ਸਿਆਸਤ
پنجابی: سیاست
Papiamentu: Polítika
پښتو: واگ
Patois: Palitix
ភាសាខ្មែរ: នយោបាយ
Picard: Politike
Piemontèis: Polìtica
Tok Pisin: Politikis
Plattdüütsch: Politik
polski: Polityka
português: Política
română: Politică
rumantsch: Politica
Runa Simi: Llaqta pusay
русиньскый: Політіка
русский: Политика
саха тыла: Бэлиитикэ
संस्कृतम्: राजनीतिः
sardu: Polìtiga
Scots: Politics
Seeltersk: Politik
shqip: Politika
sicilianu: Pulìtica
Simple English: Politics
slovenčina: Politika
slovenščina: Politika
Soomaaliga: Siyaasad
کوردی: سیاسەت
српски / srpski: Политика
srpskohrvatski / српскохрватски: Politika
Basa Sunda: Pulitik
suomi: Politiikka
svenska: Politik
Tagalog: Politika
தமிழ்: அரசியல்
Taqbaylit: Tasertit
татарча/tatarça: Сәясәт
తెలుగు: రాజకీయాలు
тоҷикӣ: Сиёсат
Türkçe: Siyaset
тыва дыл: Политика
українська: Політика
اردو: سیاست
vèneto: Pułìtega
Tiếng Việt: Chính trị
Volapük: Bolit
Võro: Poliitiga
walon: Politike
Winaray: Politika
Wolof: Politig
吴语: 政治
ייִדיש: פאליטיק
Yorùbá: Ìṣèlú
粵語: 政治
Zazaki: Politika
Zeêuws: Politiek
žemaitėška: Puolitėka
中文: 政治