Подвижниот замок на Хоул

„Подвижниот замок на Хоул“
РежисерХајао Мијазаки
ПродуцентХајао Мијазаки
НастапуваатЧиеко Баишо
Такуја Кимура
Акихиро Мива
МузикаЏо Хисаиши
МонтажаТакеши Сејама
СтудиоСтудио Џибли
Премиераноември 20 2004 (2004-11-20)
Времетраење119 минути
ДржаваЈапонија
ЈазикЈапонски
Буџет¥2.4 billion
USD$24 милијони
Бруто заработка¥23.2 billion
$231,711,096 (worldwide)

Подвижниот замок на Хоул (ハウルの動く城 Hauru no Ugoku Shiro?) е јапонски, фантазиски, анимиран филм од 2004 гонида, напишан и режиран од Хајао Мијазаки на Студио Џибли. Филмот е базиран на истоименуваниот роман од Дијана Вејн Џонс. Првично за режисер на филмот беше избран Мамору Хосода, но оддеднаш го напушти пројектот оставајќи ја режисерската работа на тогаш-пензионираниот Хајао Мијазаки.

Филмот ја имаше својата светска премиере на Венецискиот Филмски Фестивал на 5 септември 2004 година, а во јапонските кина беше премиеран на 20 ноември истата година. Филмот заработи 231.7 милијони долари со што стана еден од финансиски најуспешните филмови во јапонска историја. Филмот беше номиниран за Оскар за најдобар анимиран филм на 78-то доделување на Оскарите во 2006.

Романот на Вејн Џонс му овозможува на Мијазаки да ги комбинира карактерот на една млада и смела жена со фигурата на мајка во еден ист лик, хероината Софи. Својата улога ја започнува како 18-годишна шијачка на капи, но потоа е претфорена во 90-годишна белоглава старка од страна на вештерка. Софи ја прифаќа оваа маѓија како ослободување од сите нејзини грижи, страв и несамодоверба. Оваа промена можеби е благослов за авантура.

Кратка содржина

Во една измислена земја живее срамежлива и повлечена млада девојка по име Софи. Софи работи во продавницата за капи на мајка си. Иако е млада не ужива во својот живот, нема желби нити амбиции, и заради некоја причина нема никакви соништа ни страсти за ништо. Еден ден младиот волшебник Хоул ја спасува од гњавењето на двајца војници, но потоа одеднаш исчезне без трага. Софи е превземана од неговата привлечност, шарм и љубезност. Таа вечер во својата продавница Софи ја среќава покварената вештерка која без никаква посебна причина ги вреѓа шиширите на Софи и ја претвора во старка. Утрдента будејќи се Софи открива дека не е сон и навистина е стара. Не и останува ништо друго освен да го напушти својот дом и да бара помош во ненаселените ридови каде живеат вештерки и волшебници.

Таму наидува на подвижен замок каде се решава да ја помине ноќта. Внатре го запознава огненото суштество Калцифер и малиот помошник Маркл. И двајцата работат за Хоул, првиот го движи замокот а другиот е ученик на Хоул. Волшебникот не ја препознава Софи, а и таа не може да му каже за своето проклетство. Сепак и дозволува да остане како домаќинка. Во меѓувреме во земјата владее војна и Хоул како сите други волшебници е повикан да помогне на својата татковина.

Војувањето влијае лошо на Хоул, постепено почнува да ја губи својата човечка форма и се претвора во чудовиште. Софи се обидува на секој начин да му помогне и заедно да ја убедат г-ѓа Сулиман во безсиселноста на војната. Софи открива како постепено се подмладува заради посветеноста и љубовта кон Хоул.

Other Languages
Bahasa Indonesia: Howl's Moving Castle (film)
norsk nynorsk: Det levende slottet
српски / srpski: Покретни дворац
srpskohrvatski / српскохрватски: Howl's Moving Castle (film)
Türkçe: Yürüyen Şato
vepsän kel’: Haulan kävui zamk