Песна за мраз и оган

Песна за лед и оган
A Game of Thrones Novel Covers.png
Американските корици за првите пет книги од серијалот

Игра на тронови (1996)
Судир на кралеви (1998)
Бура од мечеви (2000)
Гозба за гаврани (2005)
Танц на змејови (2011)
Ветровите на зимата
Сон за пролетта

АвторЏорџ Р. Р. Мартин
Земја на потеклоСАД
Јазиканглиски
Жанрепска фантазија, мрачна фантазија, средновековна фантазија
ИздавачBantam Books (САД и Канада)
Voyager Books (Австралија)
Издаден6 август, 1996 – непознат датум
Медиумски обликпечатена (тврда и мека подвеска)
аудио-формат

Песна за мразот и оганот“ е серијал од епско-фантастични романи од американскиот романописец и сценарист Џорџ Р. Р. Мартин. Мартин започнал со пишување на серијалот во 1991 година, а првиот дел е објавен во 1996 година. Иако отпрвин замислен како трилогија, серијалот сега се состои од пет објавени романи; со следните два во изработка. Паралено со серијалот, Мартин пишува и неколку новели (досега издадени три) чие дејство е сместено пред настаните опишани во романите.

Дејството е составено од три сижејни линии кои се испреплетуваат една во друга: низа настани предизвикани од династиска граѓанска војна за контрола над Вестерос, предводена од неколку влијателни семејства; бавното воздигнување на Другите, одамна исчезнати митски суштества кои живееат зад енормен леден ѕид, кој ја означува северната граница на Вестерос; и настојувањата на Дајнерис Таргериен, прогонета принцеза од поранешната, веќе истребена владеачка династија, да се врати во Вестерос и да го си го поврати тронот, законски нејзин.

Црпејќи испирација од историски настани како англискиот период на Војната на розите, Мартин намерно ги редефинира конвенциите на жанрот на фантастиката.[1][2] Серијалот е карактеристичен по огромната доза на реализам наспроти фантастичниот карактер; магијата е потисната и служи како двигател, додека политичките интриги и борби за моќ предоминираат во структурата на серијалот. Насилството, сексуалноста и моралната парадоксалност се постојано присутни помеѓу илјадниците ликови. Главните ликови се постојано убивани со цел читателите да не се потпираат на одредените херои. Земајќи предвид дека поглавјата се раскажувани од различни ликови, читателот добива повеќе гледни точки на ист предмет, со што класичната поделба на јунаци и негативци е заменета со таа морална неодреденост. Песна за лед и оган покрај претходно споменатите теми е често воздигнувана за начинот на кој ги прикажува жените и религијата.

Книгите се преведени на повеќе од 20 јазици. Четвртиот и петтиот дел се качија на врвот на бестселер листите на Њујорк тајмс во 2005 и 2011. Серијалот има продадено повеќе од седум милиони копии во САД и повеќе од 15 милиони копии ширум светот. До април 2015 година, продадени се повеќе од 60 милиони копии о светот[3] и веќе е преведена на 45 јазици. Една од новелите ја доби престижната Хуго награда за научно-фантастична литература. Базирана на серијалот е снимена телевизиска серија во продукција на ТВ куќата HBO - Игра на тронови, која започна да се прикажува на 17 април 2011 година во САД.

Синопсис

Песна за лед и оган следи три посебни сижејни линии, географски поделени, но и според различните учесници во нив. Настаните се раскажани од гледна точка на различни ликови, присутни во различните паралелни дејствија. Сместено во т.н. Седум кралства на фиктивниот континент Вестерос, главното дејство прикажува многу-страна борба за моќ за освојување на тронот, по смртта на кралот во првата книга. Второто дејство се случува на северната граница на Вестерос, каде огромен ѕид направен од лед и чакал е поставен како штит од митските суштества кои живееат зад ѕидот. Последното дејство е сместено на источен континент наречен Есос и ги следи авантурите на преживеана принцеза, ќерка на поранешен владател на Вестерос, убиен во граѓанска војна пред настаните на првата книга.

Првата сижејна линија, сместена во самите Седум кралства, хронолошки ја следи борбата за престолот од повеќе страни, која започнува по смртта на кралот Роберт Баратион. Тронот го презема неговиот син Џофри, поддржан од моќното семејство на неговата мајка, домот Ланистер. Меѓутоа, лордот Едард Старк, „рака“ (главен советник) на кралот Роберт, дознава дека Џофри е плод на инцест од домот Ланистер, оттаму вистинскиот престолонаследник е најстариот брат од домот Баратион, Станис. Но, харизматичниот најмлад брад, Ренли Баратион, копнеејќи по тронот, отворено се протиставува на редот на наследство, подржан од злокобното и промислено семејство Турел. Додека веќе споменатите се борат за превласт над сите кралства, Роб Старк, наследникот на лорд Едард Старк, е прогласен за Крал на северот. Истовремено, Бејлон Грејџој, владетел на едно од Седумте кралства - Железните острови, објавува независност и желба за отцепување од кралството. Оваа таканаречена Војна на петте кралеви е првичната сижејна линија во првите четири романи; всушност, четвртиот роман во главно се занимава со закрепнувањето на Вестерос од војната.

Втората сижејна линија е сместена зад северната граница на Вестерос. Овде, пред илјадници години, голем ѕид од лед и чакал бил направен делумно од магија, делумно од човечки труд за да го брани Вестерос од Другите, раса на митски суштества кој некогаш живееле најдлабоко на север. Овој ѕид, исто и именуван, долг 480 километри и висок 210 метри е одржуван од братството Ноќна стража, чија должност е да го бранат кралството од Другите. Во времето кога започнуваат романите, Другите се само ликови од приказните, а Ноќната стража е ништо повеќе од казнена колонија: во лоша форма, составена од криминалци и бегалци, со само неколку витези и смели луѓе, кои најголем дел од времето го поминуваат расправајќи се со диви луѓе кои живеаат зад ѕидот. Оваа сижејна линија е раскажувана, во главно преку очите на Џон Сноу, копиле на Едард Старк, додека се издигнува низ хиерархијата на Стражата, ја дознава вистинската природа на заканата од север и се подготвува да го брани кралството, и покрај тоа што луѓето од Вестерос се премногу зафатени за да испратат поддршка. До крајот на третата книга, оваа сижејна линија се испреплетува со граѓанската војна на југ.

Третата сижејна линија е сместена на огромниот источен континент Есос и ги следи авантурите на Дајнерис Таргериен, последниот потомок на куќата Таргериен, која сака да го поврати тронот. Од обичен просјак продаден на поглавар на дивјачко племе таа се издигнува во лукав и моќен владетел. Нејзиното издигнување е засилено кога за свадбен подарок добива три јајца од змеј. На крајот на првиот роман од јајцата се испилуваат три змеја кои стануваат дел од нејзината армија. Грбот на нејзиниот дом е триглав змеј, правејќи ги трите ново-добиени змеја симбол за нејзиното враќање, а нејзе уште еден пион во борбата за тронот.

Other Languages
Bân-lâm-gú: A Song of Ice and Fire
беларуская: Песня Лёду і Агню
беларуская (тарашкевіца)‎: Сьпеў лёду і агню
français: Le Trône de fer
Bahasa Indonesia: A Song of Ice and Fire
Кыргызча: Муз жана от ыры
日本語: 氷と炎の歌
Simple English: A Song of Ice and Fire
slovenščina: Pesem ledu in ognja
српски / srpski: Песма леда и ватре
srpskohrvatski / српскохрватски: A Song of Ice and Fire
Tiếng Việt: A Song of Ice and Fire