Пентекостализам

Пентекосталците се една од харизматските верски групи во христијанството. Кај нив посебно се нагласува значењето на крштевањето во Светиот дух. Името го добиле по празникот на духовите, Духовден ( грчки: πεντηκοστή, Пентекост) кога Светиот дух, според Библијата се спуштил врз апостолите. Слични верски движења постоеле уште во 18 век во Европа и Америка, но денешниот облик на религијата настанал на почетокот на 20 век. За основач се смета Чарлс Фокс Парам, во 1901 во Топика, Канзас, САД. Се проценува дека во светот оваа религија брои од 200 - 600 милиони верници. Најголем број од нив ги има во:

Пентекосталците припаѓаат на евангелистичкото движење кое нагласува непогрешливост на Библијата и потребата за транформација на животот на поединецот низ верата во Исус Христос. Покрај почитување на класичното библиско учење, овие верници посебно значење даваат на влијанието и присуството на Светиот дух. Поголемиот број на заедници ја прифаќа догмата на Светото тројство, додека некои сметаат дека Бог е единствен. Пентекосталците веруваат дека за чудата и мистериите во Новиот завет е одговорен токму Светиот дух. Верниците во духовен занес можат да изговараат непрепознатливи фрази. Современите теолози тврдат дека тоа е пронаоѓање личен јазик за комуникација со Бог. Порано се сметало дека станува збор за мистериозна моќ на говор на странски, непознати јазици. Крштевање на новороденчиња не се практикува. Се крштеваат возрасни луѓе, способни да ги осознаат разботите околу себе.


Other Languages
العربية: خمسينية
arpetan: Pentecoutismo
azərbaycanca: Əllincilər
беларуская: Пяцідзясятніцтва
español: Pentecostalismo
français: Pentecôtisme
Gaeilge: Cincíseachas
Gàidhlig: Caingeiseachd
客家語/Hak-kâ-ngî: Ńg-sùn-chiet Yun-thung
한국어: 오순절주의
Bahasa Indonesia: Gereja Pentakosta
italiano: Pentecostalismo
қазақша: Елуліктер
Kiswahili: Wapentekoste
لۊری شومالی: پنتاکوستالیسم
latviešu: Pentakosti
lietuvių: Sekmininkai
lingála: Nzámbe-Malámu
Mirandés: Pentecostalismo
Nederlands: Pinksterbeweging
norsk nynorsk: Pinserørsla
oʻzbekcha/ўзбекча: Pentecostallar
português: Pentecostalismo
română: Penticostalism
sicilianu: Pinticustalisimu
Simple English: Pentecostalism
slovenčina: Letničné hnutie
slovenščina: Binkoštništvo
српски / srpski: Пентекостализам
srpskohrvatski / српскохрватски: Pentekostalizam
Türkçe: Pentikostalizm
українська: П'ятдесятництво
Tiếng Việt: Phong trào Ngũ Tuần