Папска држава

CoA Pontifical States 02.svg

Папската држава (итал. Stato della Chiesa) е името на италијанската држава која постоела од 756 до 1870 година. Пипин младиот во средината на 8 век освоил голем дел од северна Италија, и просторот на бившиот Равенски егзарх го поклонил на Папата. Карло Велики во 781 година ја кодифуикувал територијата на која Папата има суверенитет. Територијата ја опфаќала Рим но и околините Равена, Пентаполис, Војводство Бенвенто, Тоскана, Корзика, Ломбардија и уште некои градови. Во првите три векови од постоењето на Папската држава, Папата не имал ефективна контрола на целата држава, а и не е било јасно дали папската држава била независна од Римската империја. Во периодот на Ренесансата, територијата на папската држава се проширила најмногу и тоа под водство на папата Александар VI и Јулиј II. Папата во тој период станал еден од најважните италијански владари во светот. Во периодот од 1796-1800 и 1808-1814, француската револуционарна армија Папската држава ја претворила во Римска република, а покасно и како дел од Франција. Италијанските национални револуционери во 1849 година прогласиле Римска републикаа папата Пиј IX побегнал од Рим. Француските трупи, Наполеон Бонапарт ги поразил револуционерите и го вратиле папата на власт.

Папскиот суверенитет во Рим го штитал француските војски. Но, кога во 1870 година избувнала Француско-пруската војна, трупите се повлекле од Рим, каде Италија објавила војна на Папската држава и го освоила Рим. Папата Пиј IX се повлекол во својата резиденција и се прогласил за заробен. Покасно, 1929 година папата Пиј XI формално се одрекол од поседот на Папската држава и го потпишал Латеранскиот договор на 11 февруари 1929 година со Италија, која формирала град држава, Ватикан, која постои и до ден денешен.

Other Languages
Alemannisch: Kirchenstaat
azərbaycanca: Papa dövləti
تۆرکجه: پاپ دؤولتی
Bân-lâm-gú: Kàu-hông-léng
беларуская: Папская вобласць
беларуская (тарашкевіца)‎: Папская вобласьць
български: Папска държава
brezhoneg: Stadoù ar Pab
čeština: Papežský stát
Deutsch: Kirchenstaat
eesti: Kirikuriik
Ελληνικά: Παπικά Κράτη
emiliàn e rumagnòl: Stèd d'la Cîsa
English: Papal States
Esperanto: Papa Ŝtato
한국어: 교황령
հայերեն: Պապական մարզ
Bahasa Indonesia: Negara-negara Kepausan
íslenska: Páfaríkið
ქართული: პაპის ოლქი
қазақша: Папа облысы
Kiswahili: Dola la Papa
latviešu: Pāvesta valsts
Bahasa Melayu: Negeri-Negeri Paus
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Gáu-huòng-guók
Nederlands: Kerkelijke Staat
日本語: 教皇領
norsk nynorsk: Kyrkjestaten
português: Estados Papais
română: Statele Papale
Simple English: Papal States
slovenčina: Pápežský štát
slovenščina: Papeška država
српски / srpski: Папска држава
srpskohrvatski / српскохрватски: Papinska Država
svenska: Kyrkostaten
українська: Папська держава
粵語: 敎會諸國
中文: 教皇国