Остров

Остров е копно опколено од сите страни со вода од море, езеро или река. Неговото потекло може да биде вулканско, корално, или, пак, островот може да биде продолжување на некој континент или врвови на подводни планини. Една заедничка карактеристика на сите острови е тоа што климата на нив е во голема мерка условена од близината на морето.

Сите острови на Земјата се класифицирани во неколку групи:

  1. Континентални острови. Вакви се островите кои се наоѓаат во непосредна близина на некој континент, од кој се одделени со не многу длабок проток. Тие, всушност, во геолошка смисла, се продолжение на континентот. Ова го докажуваат некои фосили и видови на карпи. Пример за ваков вид на острови се Британските, кои се наоѓаат на континенталната платформа во Западна Европа, а се одделени од остатокот од континентот со протокот Ла Манш, чијашто максимална длабочина изнесува околу 100 m.
  2. Океански острови. Тоа се островите кои се наоѓаат далеку од континентите и кои имаат различно потекло. Се појавуваат како резултат на некои процеси кои настануваат на и во Земјината кора, како што се издигнувањето до површината на водата на некој дорсал (подводен планински венец), при што високите гребени на подводната планина го образуваат островот, кој најчесто е со доста груб релјеф и големите набирања на првобитните натконтиненти, кои не се споиле со сегашните. Океанските острови се обично со големи димензии. Едни од најголемите океански острови се Мадагаскар и Нов Зеланд.
  3. Вулкански острови. Тие се директен резултат на вулканска активност која се јавува кај дорсалите или во други центри од овој вид распрснати во океаните. Овие острови најчесто се јавуваат како собрани во огромни појаси, притоа создавајќи вулкански појаси. Ваков вид на острови се создаваат и денес, како што е случај со островот Суртси, близу Исланд, кој се оформил во 1963 година, во текот на една ерупција. Ваквите острови се многубројни во Тихиот Океан, многу од нив се со интензивна еруптивно-вулканска активност. Друг пример се Канарските Острови, кои се оформиле во текот на последните етапи од набирањето на Атлантскиот Дорсал.
  4. Корални острови. Овие острови имаат биолошко потекло. Се нарекуваат и атоли. Тие се последица на големата активност на коралите. По изумирањето, нивните скелети создаваат една структура која служи како основа за развој на нови корали. На ваков начин може да се постигне голема дебелина. Најдлабоките делови потонуваат и овозможуваат структурата да расте во горниот дел каде има повеќе светлина. Колебањето на нивото на морето овозможува гребенот да излезе на површина, а потоа ерозијата создава почва погодна за растенијата. Тоа се ниски острови, многу малку над нивото на морето. Се создаваат и кога средишната лагуна на некој атол ќе се исуши. Таков пример се островите Голема Барера од австралиските гребени.

Единствен остров во Македонија е Голем Град во Преспанското Езеро.

Мал остров во Јадранско Море

Листа на десетте најголеми острови во светот:

Име на островотОкеанЗемјаПовршина (km2)
ГренландАтлантскиДанска2 175 600
Нова ГвинејаТихиПапуа Нова Гвинеја791 439
Борнео (Калимантан)ТихиИндонезија, Малезија, Брунеи725 472
МадагаскарИндискиМалгазија587 037
Бафинова ЗемјаСеверен ЛеденКанада507 451
СуматраТихиИндонезија473 604
ХоншуТихиЈапонија227 411
Велика БританијаАтлантскиОбединето Кралство218 040
ВикторијаСеверен ЛеденКанада212 197
ЕлзмирСеверен ЛеденКанада196 236

Островот како тема во уметноста и во популарната култура

Островот како тема во книжевноста

Островот како тема во музиката

  • „Островот на мртвите“ - симфониска поема на рускиот композитор Рахманинов.[7]
  • „Дама од островот“ (Lady Of The Island) - песна на американската фолк-рок група „ Крозби, Стилс и Неш“ (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[8]
  • „Острови во струјата“ (Islands in the stream) - песна на Доли Партон и Кени Роџерс од 1983 година.[9]

Островот како тема во филмот

  • „Острови во струјата“ (Islands in the stream) - филм на американскиот режисер Френклин Шафнер од 1977 година.[10]
Other Languages
Acèh: Pulo
Afrikaans: Eiland
Alemannisch: Insel
አማርኛ: ደሴት
العربية: جزيرة
aragonés: Isla
ܐܪܡܝܐ: ܓܙܪܬܐ
armãneashti: Nisii
asturianu: Islla
Avañe'ẽ: Ypa'ũ
azərbaycanca: Ada
تۆرکجه: آدا
বাংলা: দ্বীপ
Bân-lâm-gú: Tó-sū
башҡортса: Утрау
беларуская: Востраў
беларуская (тарашкевіца)‎: Востраў
भोजपुरी: दीप
Bikol Central: Isla
български: Остров
Boarisch: Insl
bosanski: Ostrvo
brezhoneg: Enezenn
català: Illa
Чӑвашла: Утрав
Cebuano: Pulo
čeština: Ostrov
chiShona: Chitsuwa
Cymraeg: Ynys
dansk: Ø
Deutsch: Insel
eesti: Saar
Ελληνικά: Νησί
emiliàn e rumagnòl: Îsla
English: Island
español: Isla
Esperanto: Insulo
euskara: Uharte
فارسی: جزیره
Fiji Hindi: Island
føroyskt: Oyggj
français: Île
Frysk: Eilân
Gaeilge: Oileán
Gaelg: Ellan
Gàidhlig: Eilean
galego: Illa
贛語:
한국어:
Hawaiʻi: Mokupuni
Հայերեն: Կղզի
हिन्दी: द्वीप
hornjoserbsce: Kupa
hrvatski: Otok
Ido: Insulo
Ilokano: Isla
Bahasa Indonesia: Pulau
interlingua: Insula
íslenska: Eyja
italiano: Isola
עברית: אי
Basa Jawa: Pulo
ಕನ್ನಡ: ದ್ವೀಪ
къарачай-малкъар: Айрымкан
ქართული: კუნძული
қазақша: Арал
Kiswahili: Kisiwa
коми: Ді
Kreyòl ayisyen: Il
kurdî: Girav
Кыргызча: Арал
кырык мары: Ошмаоты
Ladino: Izla
Latina: Insula
latviešu: Sala
Lëtzebuergesch: Insel
lietuvių: Sala
Limburgs: Eilandj
lingála: Esanga
la .lojban.: daplu
lumbaart: Isula
magyar: Sziget
Malagasy: Nosy
മലയാളം: ദ്വീപ്
मराठी: बेट
მარგალური: კოკი (გეოგრაფია)
مصرى: جزيره
مازِرونی: جزیره
Bahasa Melayu: Pulau
Baso Minangkabau: Pulau
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Dō̤
Mirandés: Ilha
монгол: Арал
မြန်မာဘာသာ: ကျွန်း (ကုန်းမြေ)
Nāhuatl: Tlalhuactli
Nederlands: Eiland
Nedersaksies: Eilaand
日本語:
Napulitano: Isula
нохчийн: ГӀайре
Nordfriisk: Eilun
Norfuk / Pitkern: Ailen
norsk: Øy
norsk nynorsk: Øy
Nouormand: Île
occitan: Illa
олык марий: Отро
oʻzbekcha/ўзбекча: Orol
ਪੰਜਾਬੀ: ਟਾਪੂ
پنجابی: جزیرہ
Papiamentu: Isla
پښتو: ټاپو
ភាសាខ្មែរ: កោះ
Tok Pisin: Ailan
Plattdüütsch: Insel
polski: Wyspa
português: Ilha
română: Insulă
Romani: Dvip
Runa Simi: Wat'a
русиньскый: Остров
русский: Остров
Sängö: Zûa
Scots: Island
Seeltersk: Ailound
Sesotho sa Leboa: Sehlakehlake
shqip: Ishulli
sicilianu: Ìsula
සිංහල: දූපත්
Simple English: Island
سنڌي: ٻيٽ
slovenčina: Ostrov
slovenščina: Otok
ślůnski: Wyspa
Soomaaliga: Jasiirad
کوردی: دوورگە
српски / srpski: Острво
srpskohrvatski / српскохрватски: Ostrvo
Basa Sunda: Pulo
suomi: Saari
Tagalog: Pulo
தமிழ்: தீவு
татарча/tatarça: Утрау
తెలుగు: ద్వీపం
ไทย: เกาะ
Türkçe: Ada
Türkmençe: Ada
українська: Острів
اردو: جزیرہ
vèneto: Ixoła
Tiếng Việt: Đảo
Võro: Saar
walon: Iye
West-Vlams: Eiland
Winaray: Purô
Wolof: Dun
吴语: 岛屿
ייִדיש: אינזל
Yorùbá: Erékùṣù
粵語:
Zazaki: Ade
žemaitėška: Sala
中文: 島嶼
ГӀалгӀай: ГIайре
Lingua Franca Nova: Isola